• Latest

Бројот на заболени со КОВИД-19 во пораст, нема разрешување на Ангелов, пожарите сè уште активни, Петровска разрешена од ДИЖС

August 4, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Бројот на заболени со КОВИД-19 во пораст, нема разрешување на Ангелов, пожарите сè уште активни, Петровска разрешена од ДИЖС

August 4, 2021 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 164 новозаболени со КОВИД -19, три лица починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи со КОВИД-19 и три починати лица.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројот на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а на активни случаи изнесува 770.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Груби: Со пожарите се соочивме одговорно, немало разговор за разрешувања во ЦУК

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска истакна дека не е разговарано за разрешување на првите луѓе на ЦУК, затоа што сметаат дека со сите околности околу пожарите се соочиле одговорно. Сепак, како што рече, Владата ќе одржи седница, на која ќе се дебатира и за ова прашање.

„Секако дека секогаш може многу подобро. Не сме зборувале за разрешување, но не сакам да прејудицирам, затоа што имаме сега седница на Влада и секако дека ќе се дебатира во однос на ова прашање“, изјави Груби.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РАЗРЕШУВАЊЕ Ана Петровска е разрешена од функцијата в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Одлуката е донесена на денешната владина седница.

Како што информираат од Владата за МИА, на местото на Петровска доаѓа Сретен Стојковски.

ПОЖАРИ Во земјава денеска се активни девет пожари, а состојбата е најсериозна во општината Старо Нагоричани, околу селото Дренак. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека состојбата се менува од час во час, но дека се ангажирани сите расположливи ресурси, и доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе се воспостави целосна контрола врз сите пожари.

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

Во пожарите во Турција има осум починати, пожарите кај Атина под контрола над 173 активни пожари во областа на Сибирската република Саха – Јакутск во Русија.

ИНСПЕКЦИИ Во периодот јануари-јуни 2021 година, реализирани се 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 инспекциски надзори, или остварено е 30% повеќе од планираното. Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе од 2020, односно забележан е раст од 20%, се наведува во полугодишниот извештај на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

ПОШТЕНСКА МАРКА АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ја промовира поштенската марка посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор. Тиражот на издената поштенска марка е 6.000 примероци, а вредноста 72 денари.

КОВИД СЕРТИФИКАТ Министерството за здравство соопшти дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство.

CommonPass е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин.

ШТРАЈК Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

СУБВЕНЦИИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.

ЗЕЛЕНИ На 92-рата седница на Владата, се донесе одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина. Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк.

ЦИВИЛ

#НаправиРазлика #ПочитуваГиРазличностите

#BëjeDallimin #RespektojiDallimet

Слободанка Момчилова од Општина Штип со видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ “Направи разлика, почитувај ги различностите“.

 

Лулзим Хазири од АДИ со видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.

Ненад Шебек: Сѐ додека медиумската писменост е на сегашното ниско ниво, не треба да нѐ чуди што луѓето ги следат лажните вести

„Сѐ додека немаме медиумска писменост, на пример, очигледно денес се фокусираме на Балканот, сѐ додека медиумската писменост се наоѓа на сегашното ниско ниво, не треба да нѐ чуди што луѓето ги следат лажните вести“, изјави Шебек на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“.

Активистката за човекови права Амина Шемсовиќ: „Кога активистите зборуваат за хибридни напади, тие не се сметаат за сериозни“

„Би сакала да додадам пример како пред две години имавме случај со локален новинар кој ја истражуваше локалната корупција и беше нападнат. Беше жртва на неколку напади, но секако не беше сфатен сериозно и сѐ заврши со навистина огромен инцидент кога неговата куќа беше запалена. Се разбира, лицето што го стори делото никогаш не беше фатено, па дури и сѐ што заврши до политичката сфера заврши, но, се разбира, во судот е штама, две години подоцна ништо не се реши. Се разбира, кога зборуваме за особено новинари, новинарската професија повеќе не се смета за безбедна професија во Србија.“, додава Шемсовиќ на крајот од своето обраќање на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, што се одржа на 28 јули, 2021 во Скопје.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ