• Latest

Цурај: Заштитата на дигиталните права е всушност основната база на дигиталната демократија

August 9, 2021

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Цурај: Заштитата на дигиталните права е всушност основната база на дигиталната демократија

August 9, 2021 11:27
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Г -дин Ерјон Цурај е експерт за дигитална трансформација/основач и управен партнер во Tech 360 Smart Solutions/координатор на модули Жан Моне/деловен развој. Во обраќањето на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“ во Скопје, тој потенцираше дека за намалување на опасноста од хибридните напади, треба фокус на  дигиталните права и дигиталната писменост.

„Верувам дека за да не бидеме толку ранливи во нашиот регион против ваквите напади, вклучувајќи ја и владата и демократијата, треба да посочиме и да се фокусираме на дигиталните права и дигиталната писменост, што дефинитивно не беше споменато порано, а ова ги опфаќа и медиумите. Ова е начинот на кој сакаме да се справиме со тоа, но за да го сториме тоа треба  дефинитивно да бидеме инклузивни.“, изјави Цурај на почетокот од своето обраќање на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, одржана на 28 јули 2021, во Скопје.

„Тие можат да го поддржат развојот на капацитетот за подигнување на свеста за граѓаните да имаат пристап до различни дигитални услуги, особено за оние социјални групи кои не можат да ги имаат потребните вештини, знаења или да ја имаат потребната инфраструктура за да го направат тоа. На пример: маргинализирани заедници, ранливи групи, младинци од села, постари лица како што беше споменато претходно. Имам многу случаи овде, тие ги гледаат медиумите и велат дека  никогаш порано не биле кажувани лаги и сите веруваат во тоа, бидејќи научиле дека традиционалните медиуми имаат проверени информации и така веруваат и во она што се наоѓа и во дигиталните медиуми.“, посочи Цурај во однос на улогата и влијанието на медиумите кај населението.

Цурај вели дека граѓанските организации треба да го следат квалитетот на јавните дигитални услуги и да ја повикаат владата на одговорност и да притискаат за поголема транспарентност.

“Ова е нешто на што треба да работиме всушност од многу мали години, и за ова е зборувано и порано, но во помала мера. Од овие причини, треба да се работи од раната младост, но и во текот на целиот живот и да биде добра животна едукација кај сите возрасти во нашиот регион. Оваа точка, дигиталните права, заштитата на истите е всушност основниот камен на дигиталната демократија“, истакна Цурај.

Според него, граѓанските организации можат да го следат квалитетот на јавните дигитални услуги и да ја повикаат владата на одговорност и да притискаат за поголема транспарентност. „Бидејќи претходно ги споменавме трите партии од Кина и Русија, но всушност, го имаме истиот проблем што може да произлезе од самата влада,  пред автократијата да стане еден од проблемите во нашиот регион. Мораме да бараме од оние кои ќе го водат ова, исто како и од владата, да бидат поодговорни и потранспарентни. Ова може да се постигне преку коалицирање на граѓанските организации и медиумите.“, вели Цурај.

„Граѓанските организации всушност треба да се залагаат за политички дијалог со сите засегнати страни за подобрување на стратешката и правната рамка. Во врска со визуелизацијата и заштитата на податоците, во нашиот регион ова е сосема на зачеток, и тоа е проблемот што го имаме. Во  минатогодишниот случајот, значи пред неколку месеци, околу еден милион податоци дадени од владиниот систем беа искористени, да речеме за изборни цели, и ова всушност не е проблем. Проблемот е што на самите граѓани не им беше грижа, не мислеа дека ова е некое поголемо кршење на нивната заштита и токму тоа е она што ме загрижува. Затоа треба да имаат повеќе знаење, повеќе култура за тоа какви се овие податоци или нивните права за дигиталните податоци, приватните податоци, итн“, смета Цурај.

Како што вели тој, овој процес треба да е дополнително олеснест и тие треба да соработуваат со академијата, да ги поддржуваат училиштата во развојот на проекти или дигитални компетенции преку мобилност и размена на искуства, градење капацитети за наставници и професори, така што граѓанските организации треба да соработуваат и со деловни центри за дигитални вештини и преквалификација за работната сила.

„Овде се сите во еден кош. Гледаме академија, го гледаме образовниот сектор, го гледаме приватниот сектор, исто така и владата. Сите тие заедно треба да ја одиграат клучната улога. Како што споменавме порано, она што е многу важно е да се биде фокусиран. Граѓанските организации можат да ја играат оваа витална улога во нашите демократии со цел да почнат да се справуваат со дигиталните права, на писменоста да се работи преку академијата, преку приватниот сектор и да се подигне свеста за дигиталните права и демократијата.’’, порача Цурај.

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Огнен Бошњаковски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ