• Latest
Џабир Дерала

Јасно и гласно

August 30, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Јасно и гласно

Важно е овие позиции на дејствувањето на ЦИВИЛ да се прочитаат и разберат, за секој да знае на што е, што да очекува и за што да дискутира - јасно и гласно, отворено и искрено. Нема отстапување, ниту компромис за овие позиции!

August 30, 2021 12:30
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ИЗБОРИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во пресрет на изборите, важно е да се разграничат областите на дејствување на сите што на било кој начин имаат влијание во јавноста. Нека биде јасно:

ИЗБОРНИОТ МОНИТОРИНГ Е САМО ДЕЛ ОД РАБОТАТА НА ЦИВИЛ

Како голема и влијателна организација, ЦИВИЛ посветува само еден дел од своите ресурси  на изборниот мониторинг. Изборниот мониторинг ни оддалеку не е единствената, а уште помалку основната дејност на организацијата која има близу илјада членови и поддржувачи и широк спектар на активности и проекти, теми и области на дејствување.

И на самата тема ИЗБОРИ, активностите и темите на ЦИВИЛ се различни: учество во изборните реформи и граѓанска едукација за правото на глас, од една страна, а изборниот мониторинг, од друга страна. Анализите и медиумското известување за изборите се нешто сосема различно од мониторингот и известувањето за изборните теми. Медиумските содржини често произлегуваат од работата на мониторинг тимот, но во суштина се различни процеси и активности.

СТРОГА ПОДЕЛБА НА ТИМОВИТЕ И ОБЛАСТИТЕ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Во ЦИВИЛ има прецизна поделба на тимовите и областите во кои тие се инволвирани. Од тие позиции и произлегува овој текст.

Самиот мониторинг, како операција е сложена и целосно независна од работата на другите тимови и областите на дејствување.

ПРИНЦИПИ НА НЕЗАВИСНОСТ И НЕПРИСТРАСНОСТ

И во пресрет на Локалните избори 2021, ЦИВИЛ ќе спроведе изборен мониторинг, сеопфатен, независен и непристрасен. Без оглед на личните убедувања и определби, секој член на тимот на ЦИВИЛ кој работи на изборниот мониторинг има строга обврска да ги следи принципите на независност и непристрасност во својата работа.

Се разбира, тие принципи во целост важат и за сите други аспекти на работата и областите на дејствување на секој поединец или тим што работи во состав на ЦИВИЛ.

Личните ставови се почитуваат и се објавуваат во рубриката СЛОБОДНА ЗОНА. Во таа „зона“ има најразлични ставови од авторки и автори со најразлични убедувања, ставови и определби, од левичарски до десничарски. Сечиј став се почитува и се објавува. Единственото ограничување е во тоа што не е дозволено ширење на омраза по било која основа.

ПРОГРЕСИВНА И АНТИНАЦИОНАЛИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Треба да биде јасно и тоа: ЦИВИЛ е прогресивна антинационалистичка граѓанска организација која се залага за европски и зелени вредности, чиј основен мандат е промоција, застапување и одбрана на човековите права и слободи.

Веќе 22 години, ЦИВИЛ се залага за слобода, еднаквост, мултикултурализам и недискриминација.

Оттаму, ЦИВИЛ има јасни ставови и определби, а уредувачката политика на нејзината медиумска платформа е јасна и отворена, со тоа што ги одразува заложбите и позициите на Организацијата.

СЕ БОРИМЕ ЗА ВРЕДНОСТИ

Ние не поддржуваме политичари, политички партии или други центри на моќта. Ние практикуваме, поддржуваме и застапуваме, се бориме за вредности. Секој поединец, група или структура што ги застапува тие вредности е наш сојузник сѐ додека ги поддржува и практикува тие вредности.

Ние работиме во служба на јавниот интерес, во заштита на европските и зелените вредности, како и определбите за заштита на човековите права регулирани со меѓународното право и Уставот на Северна Македонија. Добро е да се знае и тоа дека како дел од самиот Статут на ЦИВИЛ целосно се подразбира Универзалната декларација за човековите права.

ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНКИ И ГРАЃАНИ

За крај, би сакал, како претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на Организацијата, да ги повикам сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации, говор на омразата, кршење на човековите права и изборни нерегуларности.

Ги повикувам, постојано да бидат будни и активни и да поставуваат прашања, колку и да мисли некој дека тие се „незгодни“ или „ненавремени“.

Ги повикувам и да ни помогнат со предлози како најдобро да му служиме на јавниот интерес, а во овој период и да придонесеме кон одржување слободни, фер и демократски избори.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result