• Latest
Џабир Дерала

Стара приказна: Национална агенда за локални избори

September 6, 2021

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Стара приказна: Национална агенда за локални избори

Еден дел од учесниците во изборната трка, едноставно, немаат локална агенда. Како и да се сврти, иако изборите се локални, агендата речиси исклучиво се базира на „големи“ теми од „национално“ и „историско“ значење.

September 6, 2021 11:11
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Еден од најголемите проблеми на локалните избори во нашата (и не само во нашата) земја е што изборните кампањи се најмалку локални. На различни начини, политичките партии го водат главниот збор и тоа на национално ниво.

ДРЖАВНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ВО ЛОКАЛНАТА АГЕНДА

Навистина, има напредок во „спуштањето“ на агендата поблиску до локалните прашања на овие локални избори (2021 година), но општиот впечаток е дека се работи за силен напор на национално ниво.

Така, ги добивате премиерот и повеќето министри и други важни владини функционери во агендата на настани во кампањата за локални избори.

ПРЕДВРЕМЕНО ЗАПОЧНАТА КАМПАЊА

Кампањата повторно започна предвремено, но тоа е друга, крајно тревожна приказна за која јас и моите колешки и колеги со години пишуваме и говориме. Политичките партии го кршат и онака многупати крпениот Изборен законик, ја претвораат целата земја во котел со зовриена каша од која никој не излегува поштеден.

Колку и на кој начин тоа ќе се одрази на животот на луѓето, реформите, ЕУ интеграцијата, вакцинацијата, може лесно да се замисли и да се опише со еден збор – лошо.

ОД НАЦИЈА И ИСТОРИЈА ДО ФРАНКФУРТ НА МАЈНА

Еден дел од учесниците во изборната трка, едноставно, немаат локална агенда. Како и да се сврти, иако изборите се локални, агендата речиси исклучиво се базира на „големи“ теми од „национално“ и „историско“ значење.

Се разбира, во настапите дел од кандидатките и кандидатите со „национална агенда“ се гледа обид да се привлечат гласачите пригодно и со локални теми, па се ветува дека секоја општина ќе стане, без малку, Франкфурт на Мајна.

ЕСЕНСКА СЕИДБА НА ОТРОВИ

На десничарските и радикалните националистички структури не можеше да им се погоди подобра клима за есенска „сеидба“ на нивите отрови, започната „со време“, уште во текот на летото.

Авганистанските цивили што ќе бидат згрижени во нашата земја, веднаш станаа мета на црната пропаганда. Заедно со нив и сите „предавници“ што изразија солидарност и им посакаа топло добредојде.

Под изговор дека се загрижени за јавното здравје, дел од хард-кор националистите и антизападните структури ја обновија кампањата за бојкот на пописот кој започна на 5 септември, по петмесечното одложување по барање на десничарската опозиција.

СÈ Е ПАРТИЈА

Локалните избори за политичките партии се само уште еден лост на моќта, многу значаен. Најголем дел од учесниците во македонската плурална демократија не научија да ги одвојат националните од локалните теми.

Сè е партија, а секоја партија е дел од поларизацијата, најчесто по националистичка основа. Меѓуетничките поделби се рефлектираат внатре во етничките заедници, зависно од тоа која политичка партија е националистичка и антизападна или го поддржува мултикултурното општество и европските вредности.

Но, во секој случај, во секоја пора од општественото живеење, останува еден сигурен заклучок – сè е партија.

НЕЗАВИСНИ? МА ДАЈ…

Многумина со радост ја дочекаа „плурализацијата“ на локалните избори оваа година.

Одеднаш, како печурки по дожд, се појавија голем број независни кандидатки и кандидати за локалната власт. Составот на независните листи е прилично шарен, како што и треба да биде. Но…

За жал, под плаштот на независноста, кај дел од нив, се кријат едно чудо директни партиски влијанија, клиентелизам, бизнис интереси и политички пораки што немаат врска со имињата на „коалициите“ и со локалните агенди. За најразлични облици на судири на интереси и да не говориме.

Велам, дел од нив. Другите, со друга мака, појдоа кај гласачите по помош, да се доберат до општинските фотелји.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ