• Latest

Стабилна економија и покрај КОВИД кризата, борба против најстрашниот вирус – корупцијата, национална агенда за локални избори

September 6, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Стабилна економија и покрај КОВИД кризата, борба против најстрашниот вирус – корупцијата, национална агенда за локални избори

September 6, 2021 17:11
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Конференцијата за економско заздравување по КОВИД-19: Kризата одминува и економијата заздравува, таа е стабилна и ќе растe

Учиме од минатото, дејствуваме во сегашноста, се подготвуваме за иднината, порачаа премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими во воведните обраќања со кои и официјално ја отворија Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД -19“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.

Заев и Бесими истакнаа дека националната економија е стабилна. Очекуваат раст од 4,1 отсто за оваа година и просечен годишен раст од 5,4 проценти во следните пет години.

Премиерот и министерот потенцираа дека е подготвен План за финансиско заздравување и забрзување на растот како комплементарен документ на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027. Владата, рекоа, останува посветена на подигнување на стандардот и условите за живот во земјава, а заложбите за креирање предвидлив деловен амбиент преку воспоставување механизми за владеење на правото, стабилни економски политики и создавање поволни услови за инвестирање се веќе потврдени.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Корупцијата, е пострашен вирус и од КОВИД. Мора да почнеме да пријавуваме корупција денес. Не зборуваме за пропаганда или за неосновани партиски обвинувања, туку за вистински аргументирани фактички ситуации и случаи. Да направиме коалиција – Владата, невладините организации, бизнис заедницата, науката, сите да се обединиме и да и застанеме на патот на корупцијата, истакна Артан Груби.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС Проблем со интернет конекцијата привремено го прекина попишувањето. Населението масовно го прифаќа пописот и немаме одбивање, во првиот ден се попишаа над 90.000 граѓани.

ПОТЕРНИЦА Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за македонскиот дипломат  во Србија, рече дека меѓународната потерница за дипломатот ја распишала Ерменија на 25-ти февруари 2020 година, во период кога тој бил претседател на Владата, а Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ беше министер за внатрешни работи.

ДИПЛОМАТИЈА Во врска со упасените македонските дипломати во соседна Србија, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ние ќе постапиме согласно сите меѓународни договори коишто сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но оти ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани. 

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ Граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата за време на пописот и за Локалните избори 2021 година, од денеска ќе можат да пријават во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатна телефонска линија 0800 54321.

ПОШТЕНСКА МАРКА По повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија, А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје издаде пригодна поштенска марка, која денеска беше промовирана во главната шалтер сала на Дирекцијата на Поштата.

МУЛТИКУЛТУРА

#НaправиРазлика #ПочитувајГирРазличностите

„Јас имам мешано етничко потекло. Меѓу моите предци има Албанци, Турци, Хрвати. Подлабоко во минатото, моите предци влечат корени – од Блискиот Исток до Италија. Еден мој пријател, писател од Белгија, пишувајќи за мене, тоа го нарече Salad Macédoine во една своја книга за Балканите“, истакна Џабир Дерала во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.

„Цел живот сум опкружен со луѓе од најразлично потекло. Говорат на различни јазици, одат во различни храмови, некои се атеисти, некои се верници, имаат различни обичаи, слушаат различна музика…

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Аферата што минатата недела „експлодира“ во македонската дипломатија со притворањето на Миле Миленкоски во Врање и причината за неговото апсење е како од холивудските шпионски трилери: криумчарен олигарх, брат на претседател на нам далечна земја, авиони, милиони, тајни служби и јавен резил. Мишн импосибл, Том Круз вода може да им носи“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ереван-Виена виа Скопје“.

„Да почнеме од она што е основа на делувањето на секој иден или сегашен градоначалник. Како се полни и како се троши буџетот на секоја локална самоуправа? Има два дела од кој едниот е блок дотација, која се троши според ставки кои ги определува Министерството за финансии и имаат строга намена. Кога некоја ставка нема да се потроши се бара ребаланс и се гласа во Советот на локалната самоуправа. Но и овде е потребно мислење од Министерството за финансии. За блок дотациите е важно домаќинското трошење на парите. Иако во кампањите, партиите ги користат податоците кои им одговараат за пропаганда, вистината е малку подруга“, пишува Војо Маневски во неговата колумна „Буџетот не е чекмеџе без дно“.

„Еден од најголемите проблеми на локалните избори во нашата (и не само во нашата) земја е што изборните кампањи се најмалку локални. На различни начини, политичките партии го водат главниот збор и тоа на национално ниво.

Еден дел од учесниците во изборната трка, едноставно, немаат локална агенда. Како и да се сврти, иако изборите се локални, агендата речиси исклучиво се базира на „големи“ теми од „национално“ и „историско“ значење“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ насловен „Стара приказна: Национална агенда за локални избори“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ