• Latest

Концептот на еднаквост и правичност е клучен за нашето мултикултурно општество

September 21, 2021
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Концептот на еднаквост и правичност е клучен за нашето мултикултурно општество

September 21, 2021 15:59
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Оваа година одбележуваме девет години од постоењето на уличното списание „Лице в лице“ со што ја подигаме свеста во повеќе нивоа и ја зајакнуваме мисијата за вклучување на ранливи сограѓани кои се вклучени како продавачи на списанието. Преку ова работиме на интеграција на ранлива категорија на граѓани, тие се вклучени како продавачи и заработуваат половина од продажбата на списанието и со нив се работи преку посебна дизајнирана менторска програма која треба да ги подготви за пазар на труд“, вели Маја Раванска, одговорна уредничка во уличното списание „Лице в лице“, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема, „Преку  почитување на различностите  до справување со дискриминацијата“.

Таа вели дека има мрежа на партнерски организации со кои соработуваат, нокои од организациите се бават со лица со попреченост, поранешни младинци од улица, како и организации кои работат со ранлива категорија на граѓани.

„Нашите продавачи не ни препознаваат дека се дискриминирани. Ние дознаваме од нив преку разговор дека всушност на некој начин беа дискриминирани. Ние како општество сè уште не можеме да ја препознаеме дискриминацијата“, вели таа.

Aктивистот Гуѕим Нухиу вели дека живее во зграда каде што живеат граѓани од сите националности и сите се почитуваат.

„Јас често говорев дека не бев дискриминиран во однос на сите мои идентитети, меѓутоа некој друг како мене бил дискриминиран. Но, за прв пат почуствував дискриминација на работа и тоа ми создаде многу емотивни проблеми во однос на тоа како се однесував и не ми беше пријатно во таа просторија. Мојата директорка ми кажа дека бев многу смешен кога погрешив еден збор на македонски. Во тој момент не знаев како да реагирам, дали да се извинам што не го зборувам македонскиот јазик како што треба, или да и кажам ‘ти не знаеш ништо од мојот мајчин јазик, не знаеш ниту еден збор, а јас можам да формулирам реченици’. Буквално застанав. Мислам дека подобро ќе се чувствував доколку ме навредеше со фамозните изрази по мојот етникум. Тогаш сфатив дека еден збор е доволен за целата твоја слика, целиот твој труд ти го оспорува и тоа ми беше многу тешко да го прифатам. Ние многу малку реагираме на системската дискриминација“, истакна Нухиу.

Раванска истакна дека не сака да живее во ваква реалност, не се пронаоѓа во ваква реалност, и дека треба сите ние заедно да го смениме тоа и да делуваме во таа насока.

„Не треба само да констатираме дека реалноста не ни се допаѓа, дека се дискриминирани луѓето, дека не им се дадени еднакви можности, и толку, треба да делуваме тоа да го смениме. И во институциите работат луѓе, на никого не му одговара ваква ситуација во која се наоѓаме во полето на дискриминација и на неразбирањето на различностите и знаеме кое е решението. Зошто да не делуваме на тоа поле, или полесно ни е да го впериме прстот кон некого…

Решението за крај на пандемијата е сите да се вакцинираме, меѓутоа ние имаме случај како што е Валентин кој не може да се вакцинира бидејќи нема матичен број. Такви како него има многу во државата. Тој не може да има еднаквите шанси за здравјето како останатите. Зошто државата и системот за едни е мајка за други е маќеа. Дојдовме до заклучок дека трулиот систем на државата мора граѓаните да го туркаат и да го сменат. Верувам дека случајот со Валентин ќе добие разрешница и ќе може да си го оствари своето право на здравствена заштита“, вели таа.

Нухиу вели дека всушност повеќе работи нè спојуваат отколку што нè разделуваат.

„Нè спојува државата, битката против корупцијата, борбата за подобар живот, отколку да се занимаваме кој од која националност е, каква боја на кожа има, каква сексуална ориентација има и друго… Ние треба да бидеме сите исти пред законот, пред институциите и сите да добиваме исти услуги. Различностите се најубавото нешто во нашето општество“, додава тој.

Раванска потенцира дека покрај еднаквоста треба и правичноста да биде повеќе застапена во нашето општество.

„Што ако сме сите еднакви, на пример образованието е загарантирано, но што ако некое дете го пратиме во училите, но тоа нема што да јаде, ниту претходниот ден немало што да јаде, дали тогаш станува збор за еднаквост? Затоа концепот на правичност и праведност е клучен“, вели таа.

Панелистите заклучија дека треба да се работи на тоа да се врати довербата во институциите.

Панелот е дел од проектот „Направи разлика, почитувај ги различностите“, во соработка со Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ