• Latest
Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Изборен рапорт #6: Изборни притисоци, кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19 и црна кампања

October 2, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборен рапорт #6: Изборни притисоци, кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19 и црна кампања

October 2, 2021 13:12
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Изборен рапорт #6 на ЦИВИЛ денеска се емитуваше во 11:15 часот. На самиот почеток се емитуваше видео спотот „Гласаме“, а потоа Џабир Дерала „рапортираше“ за изборните притисоци, кршењето на протоколите за заштита од КОВИД-19 и црната кампања. На крајот, надвор од контекстот на изборниот мониторинг, Дерала посочи дека денеска е Меѓународен ден на ненасилството, за што организацијата издаде и посебно соопштение.

Изборните притисоци се кривично дело

Мониторингот на ЦИВИЛ засега бележи само еден случај на изборни притисоци, а тоа е случајот со раководител во образовна институција кој испратил СМС порака за задолжително присуство на митинг на Демократската унија за интеграција. Според изворот на ЦИВИЛ, под притисок биле и оние што немале решенија за постојан работен однос. Тие биле потсетени дека треба да се докажуваат за да го задржат работното место.

Ваквиот притисок за присуство на митинг или учество во друг вид активности од изборна кампања, може да се подведе и под кривично дело Присилба, согласно чл. 139 од Кривичниот законик, во кој се вели:

„Тој што со сила или сериозна закана ќе присили друг да стори или не стори нешто, ќе се казни со парична казна или затвор до 1 година. Ако делото го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години“.

Сепак, во кривичните дела против изборите и гласањето, притисокот не е предвиден како кривично дело. Најблиско (но сепак различно!) и во минатото, многу често кривично дело, кое за тогашната владејачка гарнитура беше редовна пракса за време на изборите, е Повреда на слободата на определување на избирачите, чл. 160 од Кривичниот законик, кој вели:

„Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.

Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршење на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор најмалку 5 години“.

Препорака на ЦИВИЛ

Препорака на ЦИВИЛ до законодавниот дом е да се предвиди кривична одговорност и остра санкција и за притисоци од овој вид во Кривичниот законик, односно да се предвидат прецизни дефиниции и остри санкции во новиот Изборен законик, за чие креирање и донесување се залага организацијата. Се разбира, придружено со препораката законските измени и носењето Изборен законик да се спроведуваат и завршат најмалку шест месеци пред почетокот на изборните процеси.

Дезинформации и манипулации против Фондацијата Сорос и Град Скопје

Повеќе медиуми и профили на социјалните мрежи, објавија дека Град Скопје и Фондацијата Сорос го финансирале извидничкиот одред што организирал активности на камп со средношколци каде што постои сомнеж дека имало сексуална злоупотреба на малолетни лица.

Случајот го обелодени „Слободен печат“, но тој беше злоупотребен од политички субјекти и медиуми блиски до нив за оцрнување на фондацијата Сорос и град Скопје, во политички и изборен контекст.

Црната кампања не стивнува

Што се однесува до црната кампања, мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно бележи извонредно голем број случаи во кои има навреди, клевети, вулгарности, дезинформации и говор на омразата. Профили на социјалните мрежи не се воздржуваат ниту од повици на насилство и егзекуција, како и ултранационалистички пораки.

ЦИВИЛ бара од политичките партии да престанат со црната пропаганда, а релевантните институции и саморегулаторни тела да преземат соодветни чекори за заштита на законитоста и етиката во изборниот процес. Да ги потсетиме политичките партии – тие се потписници и на Кодексот за фер и демократски избори, како и медиумите кои се обврзани со Кодексот на новинарите и Повелбата за етичко известување за изборната кампања досега потпишана од 80 медиуми – членки на Советот за етика.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ подготвува опширен извештај за оваа појава кој ќе биде објавен пред завршување на кампањата.

Кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19

Долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ ги посетуваат јавните собири во организација на политичките партии и независните кандидатки и кандидати. При посетите на овие настани, набљудувачите бележат кршење на протоколите број 42 и 43 за заштита од КОВИД-19 кај повеќето учесници во изборната трка.

Така, на 1 октомври, кршење на КОВИД-протоколите 42 и 43 се бележи на јавниот собир на СДСМ во општина Чашка и на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

ЦИВИЛ ги потсетува организаторите, политичките партии и независните кандидатки и кандидати, да се придржуваат кон протоколите за заштита од КОВИД-19 за одржување настани и работа во затворени простории. Кршењето на протоколите е казниво според законот, а етички е крајно неприфатливо, бидејќи го загрозува јавното здравје.

Вон контекст: Меѓународен ден на ненасилството

За крај, нешто сосема различно и многу убаво и позитивно: Меѓународниот ден на ненасилството се одбележува на 2 октомври, поклопувајќи се со роденденот на Махатма Ганди, лидер на индиското движење за независност и основоположник на филозофијата и стратегијата на ненасилство.

Пораката на ЦИВИЛ по повод овој значаен датум е: Да креираме општество кое негува толеранција, меѓусебно разбирање и почитување врз принципите на мир и ненасилство!

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ