• Latest

Најчевска: Свикувањето на собранието е победа за граѓаните

May 19, 2016

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Најчевска: Свикувањето на собранието е победа за граѓаните

May 19, 2016 15:00
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мирјана Најчевска за ЦИВИЛ изјави дека со одлуката на Уставниот суд и на Собранието да го одложат датумот на изборите, конечно е исполнето едно од барањата на граѓаните кои протестираа – барањето да се одложат изборите. На прашањето дали ова е само уште еден трик на власта да нѐ врати во ситуација како онаа пред Договорот од Пржино, Најчевска вели:

„Јас не го делам тоа мислење. Сметам дека свикувањето на Собранието сепак е резултат на она што беше едно од основните барања на граѓаните, а тоа е да се добие време за да може да се започнат вистински промени и создавање на такви услови кои што ќе овозможат фер и демократски избори. Значи, свикувањето на Собранието го сфаќам како отстапка или условно кажано, победа на граѓанскиот сектор, со цел добивање на тоа потребно време. Тоа што на Собранието е повторно вратена соодветна ситуација која личи на онаа пред Пржино, со разрешување на министрите поставени од СДСМ и слично, е очекуван потег на оние кои се на власт и нешто со кое треба да се соочиме и да се справиме. Меѓутоа, еден чекор напред е направен, следниот чекор треба да биде поништување на аболицијата, и потоа да почнеме вистински разговори за реформски зафати.“

Најчевска смета дека одлуката на Уставниот суд за запирање на изборниот процес и усвојување на оставките на министрите, колку и да е противправна и политичка, сепак е отстапка пред барањата на граѓаните.

„Уставниот суд покажа дека апсолутно веќе ниту го почитува правото, ниту делува врз основа на правото, туку е обична алатка на политичарите. Тоа ни кажува дека во еден нареден период, прво нешто со кое треба да се зафатиме е реформирање на Уставниот суд. Меѓутоа, донесувањето на една ваква одлука, дури и на ниво на политичка одлука, е повлекување на Уставниот суд пред барањата на граѓаните“ – изјави Најчевска.

К.Г.

Tags: граѓаниизбориМирјана НајчевскаСобраниеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ