16:21 Во ОУ Асдрени, с.Глоѓи, Теарце, набљудувач од една политичка партија, со цртки ги зебележувал гласачите кои се означени како нивни гласачи
15:16 Во дворот на ИМ во с.Лисиче, о.Чашка, полицајка се однесувала дрско и го легитимирала набљудувачот на ЦИВИЛ
14:05 Претседателот на ИМ во с.Брусник, Битола, се обидел да му ја слика личната карта на набљудувачот на ЦИВИЛ.
13:46 Во ОУ Нами Фрашери,Куманово, дозволено семејно гласање на сопруг и сопруга
13:12 Попречување на гласањето со гласно пеење и недолично однесување на ИМ во с.Лескоец, Охрид
12:50 Непристапност на избирачки места за инвалидизирани лица во ОУ. Гоце Делчев, Аеродром. На избирачките места има паравани за гласање за лица со инвалидитет, но нема пристап за инвалидска количка.
12:22 Во Основно училиште с. Барово, Демир капија, параванот наменет за гласање на лица со физичка попреченост, ИО го користи за заштита од сонцето
11:38 Гласач јавно го покажувал гласачкото ливче пред да го пушти во гласачка кутија
11;21 Во Бутел, ОУ „Петар Здравковски Пенко“, неовластено лице се обидело да го идентификува набљудувачот на Цивил.
11:15 Благица Димитровска од ИНКЛУЗИВА на својот Фејсбук профил објави дека параваните за гласање на лицата со попреченост се фрлени на земја и не се поставени на избирачките места во ИМ 1063 во поранешно Економско уличиште во Куманово.
11:13 Групно и семејно гласање, на четворица гласачи им беше дозволено да гласаат зад еден параван во исто време, на ИМ 2919/1во ОУ „Пeтар Здравковски – Пенко“, Бутел.
11.10 Опструкции на работата на набљудувач на ЦИВИЛ од страна на ИО во ООУ „Јоаким Крчовски“, Ѓорче Петров.
10:30 Во ИМ 1708, Лозово, во Основното училиште во с. Дорфулија, новоизбран градоначалникот во првиот круг во друга општина, како партиски набљудувач на ова ИМ, излегува надвор од избирачкото место и агитира кај гласачите.
10:00 Во ОУ „25 Мај“, Гази Баба, граѓаните гласаат на импровизирани паравани направени од училишни хамери
09:45 Во ОУ „Дане Крапчев“ има параван, но нема пристап за гласање за лица со хендикеп
09:26 На едно ИМ во Битола, ИО дозволиле едно лице да гласа без документ за идентификација
09:00 Повреда на тајноста на гласањето од страна на гласач, кој го фотографирал гласачко ливче
08:50 Попречување на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ од страна на ИО
08:50 Забележана повреда на тајноста на гласањето од страна на членови на Изборен Одбор
08:40 Повреда на тајноста на гласањето преку злоупотреба на помош при гласање
08:10 Притисоци и злоупотреби од член на ИО врз гласачите во Куманово
07:35 Забележана повреда на тајноста на гласање во Куманово
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.












