• Latest

Кастриот Реџепи со демант за наводите за киднапирање, закани и омаловажување на работници, оставки од владините функционери на Беса дури денеска

November 12, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Кастриот Реџепи со демант за наводите за киднапирање, закани и омаловажување на работници, оставки од владините функционери на Беса дури денеска

November 12, 2021 16:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кастриот Реџепи ги демантира наводите за негово киднапирање

Пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на Беса, денеска се појавил во полициска станица и изјавил дека пријавата за негово исчезнување е невистинита и дека со своето семејство по сопствена волја бил кај негов пријател за да се заштити од публицитетот што се предизвика од неговото отсуство  вчера, на собраниската седница за гласање на недоверба на актуелната влада.

Со ова ги демантира наводите од политичките претставници на опозициските партии кои вчера тврдеа дека е киднапиран.

Денеска Реџепи повторно се јави на својата Фејсбук страница, и напиша дека во понеделник ќе одржи прес конференција на која ќе објасни што се случувало.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ахмети: Вчера преовладуваше свеста за евроатлантската ориентација на земјата и сигурна прозападна иднина

Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, денеска на Фејсбук.

„Денес преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина.

На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост.

Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде“, изјави Ахмети.

ТЕМА НА ДЕНОТ

Кој раководи со кормилото на омразата, заканите и омаловажувањето на работниците

Рушењето на галиите беше едно од главните ветувања на Шилегов и започна на 18 септември годинава, поради тоа што сопственикот со месеци не плаќал кирија за истата, со што се создала законска можност за раскинување на договорот и нејзина дислокација.

Скриншот, ФБ профил на Спирко Блажевски, видео во кое навредува и физички ги напаѓа работниците, 9 ноември 2021

Пред неколку дена (на 9 ноември), лицeто Спирко Блажевски, угостител од Скопје, објави на социјалните мрежи видео од упад во галијата на реката Вардар која пред неколку месеци, по налог на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, почна да се руши.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСТАВКИ Дури денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа од редовите на партијата Беса, поднесе оставка. Хоџа оставката ја образложи поради нарушување на демократските вредности во државата, и дека партијата Беса не може да се идентификува со партија што користи недемократски методи за задржување на власта. Хоџа додаде дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици министри за образование и култура.

КОВИД-19 Во изминатите три месеци 71 процент од позитивните на КОВИД 19 не биле вакцинирани, наспроти 29 отсто кои биле вакцинирани. Од починатите граѓани, 80 проценти не биле вакцинирани, а 20 отсто вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство, за период од 6 август заклучно со 11 ноември.

ИНТЕГРАЦИИ ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави за Нова ТВ поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

ОДЛУКИ Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива изјави дека од денеска претстојат два големи предизвика – едниот е сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година, па да одат на брзи парламентарни избори, а вториот да се прошири мнозинството. Реџепи најави дека партиските тела на Алтернатива деновиве ќе одлучат кои од двете опции е поважна за државата и граѓаните, ставајќи ги во прв план нив, а потоа партиските интереси.

МОНИТОРИНГ: ГОВОР НА ОМРАЗА И ПОВИЦИ НА НАСИЛСТВО

Во текот на вчерашниот ден, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа и архивира низа објави на социјалните мрежи и медиумите со говор на омраза и повици за насилство. Врз основа на тоа кој ги креираше и пласираше и како беа пласирани и дистрибуирани овие пораки, може да се дојде до заклучокот дека тие беа организирани од највисоките ешалони на одредени политички партии, помогнати од медиумите и онлајн групите кои се под нивна контрола.

Како што е познато, на 11 ноември, во Собранието на РСМ требаше да се гласа за недоверба на актуелната влада, по иницијатива на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.

Откако пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи не се појави во собранието, почнаа шпекулациите, повиците за насилство и говорот на омраза од веќе познатите личности кои редовно го користат овој вокабулар.

ОЗБИЛНО

Во рубриката за хумор и сатира ОЗБИЛНО, Џабир Дерала пишува за ФБ објавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кој на 11 ноември објави селфи фотографии и информација дека се подложил на хируршки зафат во текот на вечерта.

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Испушти „само“ да каже дека „операцијата“ се состоела во отстранување на масното ткиво од вратот. Прилогот носи наслов „Мицкоски со разголено селфи од болничката постела, ја извести јавноста за уште едно свое херојство – отстрани масно ткиво од вратот“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Пресот на лидерот Мицкоски, пред неколку дена, ме инспирираше да продолжам да ги малтретирам новите градоначалници со прашања и предлози. Пред камерите и застанат пред сите нови носители на функцијата градоначалник тој  ги објави насоките за идното нивно делување. Изгледа ова е втор дел од неговото писмо „до Градоначалникот“ кога сѐ уште беа кандидати.“, пишува Војо Маневски во колумната „Три проекти, а желби сто!?“

„Во целиот хаотичен амбиент – дополнет со скафандеросаните двајца опозициски пратеници позитивни на ковид-19 кои дојдоа, нели, да започнат „биолошка војна“ против власта – Мицкоски попладнето објави некакви тотално бизарни селфија од скопска Гинекологија (тој, легнат на кревет, сликан со некаков тим од бабици за породување, што ли?!), за конечно, пред сите да заминат на спиење, Александар Николовски да излезе и во доцните вечерни часови очајнички решително да изјави дека, иако Владата не успеале да ја срушат со демократско гласање, сега ја менуваат стратегијата и, со мнозинството во парламентот (минус еден киднапиран), преоѓаат на „итни предвремени избори“!“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Се тресеше гората, се роди глувче!“.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ