• Latest
Добро утро со Орданоски

„Светата крава“ на банкарството топ не ја бие!

November 19, 2021

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Светата крава“ на банкарството топ не ја бие!

Македонија има повеќе шанса метеор да ја погоди, само „светата крава“ на банкарството не смее да се чепне, бидејќи веднаш следуваат тирадите за макроекономската стабилност на земјата, за стабилноста на националната валута, за загрозувањето на економските основи на општеството, за мешањето на државата во бизнисот, за „инструментите“, „деловните политики“ итн.

November 19, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Топло ви препорачувам, оние коишто пропуштиле тоа да го направат, да го прочитате вчерашниот осврт на мојата колешка Весна Дамчевска (https://www.slobodenpecat.mk/glavna-bankarska-vizija-provizija/) во „Слободен печат“ за сегашната состојба во македонското банкарство во Македонија. Ако смеам да го интерпретирам заклучокот на Дамчевска: во години на политички, економски, енергетски, еколошки и семожни други кризи, македонските банкари топ не ги бие! Профитите им се поголеми од кога било, по сите основи, а за конечниот „однос на силите“ помеѓу овој сектор и општеството, најпрецизен показател е соодносот на каматите што ви ги земаат кога ви даваат кредит, наспроти оние што ви ги даваат ако им ги дадете парите на чување: просечната каматна стапка за кредит е 4,46%, а просечната каматна стапка за штедење е 0,78%.

Да потсетиме: комерцијалните банки не печатат пари; ние им ги даваме на чување, за потоа тие да ни ги позајмат, а во таа нати-дајми трансакција тие наплаќаат близу шест пати повисока камата од онаа што ни ја даваат нам, нивните финансиери. Добро, знаеме, бидејќи и парите се обична роба (стока) на пазарот, во капитализмот и цената на таа роба подлежи на правилото за понуда и побарувачка. Преведено, а и упростено, тоа значи дека многу повеќе бараат пари оние кои ги немаат, одошто што оние кои ги штедат се подготвени да влезат во ризикот самите да ги инвестираат, наместо да ги штедат.

Во Македонија, генерално, уште се размислува социјалистички: сигурноста на чувањето пари „под перница“ (или „заробени“ во циглите на купените, а невселени станови) е поголема, отколку ризикот да влезеш во некаков бизнис, па да ги оплодиш… Државните резерви се на рекордно ниво (како и буџетските задолжувања), стопанството се бори со стапка на годишен развој од (само) 3-4%, банките цветаат, паралелно со сивата економија.

Ова би морало да значи дека државата – да, де, најголемиот број од нас – има проблем. Го адресира ли некој надлежен овој проблем?

Секако. Палетата на мерки е широка: даноци, акцизи, развојни политики, субвенции, партиски вработувања и купувања изборни гласови, антикорупциски кампањи, заострени закони и контроли… Сѐ и сешто! Само „светата крава“ на банкарството не смее да се чепне, бидејќи веднаш следуваат тирадите за банкарската ликвидност, за адекватноста на капиталот, за стабилноста на националната валута, за загрозувањето на економските основи на општеството, за мешањето на државата во бизнисот, за „инструментите“, за „деловните политики“ итн.

Ќут! Сус! Баста!!!

Банкарското лоби во Македонија – не се тоа (само) директорите на банките, туку нивните главни акционери, што не се бројат во повеќе од стотина семејства – без сомневање е највлијателниот круг на луѓе кои ја „топат“ секоја политичка елита на власт (нормално, кога и персонално самите не се на власт). Нема премиер, министер за финансии, а ретко и гувернер на Народна банка, кој смее да им чепне во профитот… Нема ни обвинител кој може да ги вознемири – дури и кога една банка славно ќе пропадне, секогаш се виновни глупавите штедачи! Нема судија што може да досуди вон нивна корист, дури и кога правото треба да се изгази под нозе… Впрочем, најголемите криминали се секогаш законски, бидејќи и „надлежните“ закони се така направени, што банкарското лоби одамна си ја има обезбедено неказнивоста во нив, а во најлош случај така легално ќе се одолговлечат постапките, што сите засегнати страни попрво (банкротирани) ќе испоцркаат, пред да дочекаат правосилна судска одлука што е против нечиј банкарски интерес.

И, рака на срце, тоа е така можеби во целиот свет: побрзо ќе пропадне Германија отколку „Дојче банк“ или американскиот капиталистички здравствен систем наспроти социјалистичкото спасување на тамошниот банкарски систем.

Но, на човек мака му доаѓа кога ќе види како, на пример, за секое „добро утро“ на банкарски шалтер ви земаат провизија, па дури и 1.500 денари ако сакате да си ја затворите сметката кај нив! Тоа не е ни како кога улични џепчии стручно ќе ве „олеснат“ од паричникот, туку повеќе како насилници што прво ќе ве треснат „со тап предмет“ по глава, па ќе ви го украдат часовникот од рака!

Па, после се чудите зошто сѐ повеќе народ копа криптовалути… Или зошто гласаат за најголемите лудаци на бирачкото ливче. Затоа!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ