• Latest
Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Стојановски: Медиумите треба да ги модерираат коментарите на читателите кои вршат кривични дела, како ширење говор на омраза

January 13, 2022

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Стојановски: Медиумите треба да ги модерираат коментарите на читателите кои вршат кривични дела, како ширење говор на омраза

January 13, 2022 14:35
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Филип Стојановски, Метаморфозис/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Коментарите со омраза во просторот овозможен од самите веб страници и портали, беа дел од случај во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), кој во предметот на медиумот „Делфи“ против државата Естонија во 2015 година ја отфрли жалбата на „Делфи“ на паричната пресуда од естонските судови во 2013-та година поради коментари од корисниците на страницата.

Судот во Стразбур донесе одлука која упатува дека нема повреда на Членот 10 од Европската конвенција за човекови права и ограничување на слободата на изразување на медиумот надвор од предвидените ограничувања во Членот 10 од Конвенцијата, кои се сметаат за неопходни во едно демократско општество.

Иако Европската конвенција за човекови права е усвоена и ратификувана од земјава, со што е дел од правениот систем и легислатива, а одлуките на ЕСЧП треба да бидат користени како извор на правото, во судската пракса на македонските судови не е забележано покренување на случај ниту пак пресуда која се однесува на коментарите со говор на омраза од страна на публиката на медиумски платформи администрирани од македонските медиуми.

И Филип Стојановски, долгогодишен експерт во областа и раководител на програми во Фондацијата Метаморфозис, смета дека според пресудата „Делфи против Естонија“, медиумите треба да ги модерираат коментарите преку кои се вршат кривични дела, како ширење говор на омраза. Тој исто така посочува дека нема јавно достапни информации за тоа дали нашите судови ја инкорпорирале оваа пресуда во својата судска пракса, што е нивна обврска бидејќи нашата земја е членка на Советот на Европа.

„На платформата Фејсбук медиумите имаат и таква техничка можност – може да бришат коментари под објави од нивната страница. Некои други платформи не даваат таква можност, на пример, на Твитер не може да се бришат туѓи твитови со кои се одговара на некој ваш. Нашите искуства се дека модерирањето на коментари со говор на омраза бара доста ресурси, кои повеќето медиуми не можат или не сакаат да ги вложат, па најчесто ваквите коментари се игнорирани и остануваат видливи. Ваквите активности прво бараат знаење од страна на администраторите да го препознаат говорот на омраза. Има неколку граѓански организации што преку проекти нудат вакви знаења, но само мал дел од медиумите покажуваат интерес за градење на капацитетот на своите вработени во овој поглед“, укажува Стојановски.

Според него, во медиумите  треба да се воспостават интерни процедури, правила за однесување на фановите и читателите, за одговорните администратори/модератори да знаат што да прават, во кои случаи и според кои критериуми да реагираат или не, за да се избегне опасноста со преголема ревност да цензурираат содржини кои можеби се навредливи или негативни, но не содржат говор на омраза.

„Тука спаѓаат и постапки од типот правење снимка на екранот од сомнителната содржина пред да се избрише, за да може да послужи како доказ при евентуална правна, кривична или граѓанска постапка. Во ситуации кога ќе идентификуваме говор на омраза во коментар на објава од наша страница, тимот на Метаморфозис исто така додава информација дека коментарот од одреден корисник бил отстранет и заради што. Ова понекогаш доведува до можност на корисниците да им се објаснат работите и позитивен фидбек од нив. За жал, поради ситуацијата во општеството и праксата на неказнивост, исход од таквото објаснување може да биде и нова тура навреди и говор на омраза“, вели Стојановски за ЦИВИЛ Медиа.

Петрит Сарачини

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ