• Latest
Photo by Valery Tenevoy on Unsplash

Слободна зона: Орданоски, Најчевска, Кекеновски, Иванов

January 18, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Слободна зона: Орданоски, Најчевска, Кекеновски, Иванов

January 18, 2022 21:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Valery Tenevoy on Unsplash

Photo by Valery Tenevoy on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во Слободна зона денеска колумни на  Сашо Орданоски , Мирјана Најчевска, Јове Кекеновски и Брза пошта од Зоран Иванов

Познато е дека кога се уплашени или кога се многу вознемирени, некои луѓе лесно запаѓаат во состојба на параноја, психолошки феномен проследен со фиктивен нагон на гонење, теории за конспирации и ирационалност од најразличен вид. Тоа е состојба на психоза што се лечи. Потребен е совет од стручни медицински лица – слични на оние кои сега се „дават“ по болничките ходници и коридорите на социјалните мрежи. Аман, луѓе, побарајте совет, никогаш не е предоцна да си помогнете, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Паранојата се лечи, побарајте стручен совет!“

Сè додека се носат закони со кои се обезбедува интерес на некој во или близок до власта (а се очигледно спротивни на интересите на голем број граѓани), сè додека осомничени и осудени за криминални дејствија од позиција на власт може да се бранат од слобода со користење на парите кои се стекнати додека биле на позиција на власт, сè додека застаруваат случаи против високи функционери во власта и сè додека осомничени за големи прекршувања на законите може да бидат дел од власта, криминалот во Македонија ќе се исплати, а борбата со криминалот ќе биде само обична фарса со која се залажуваат граѓаните., пишува Мирјана Најчевска во колумната „Зошто цвета државниот криминал во Северна Македонија?“

И покрај многубројните најави дека новата влада ќе има стабилно мнозинство, сепак тие не се остварија. Во неделата пред полноќ од вкупно 120 пратеника „за“ новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски гласале 62 пратеника, додека 46 биле „против“, а воздржани немало. Ова значи дека за новата влада гласале само 108 пратеници, додека не гласале или воопшто не се појавиле на седницата вкупно 12 пратеници. Овие бројки јасно покажуваат дека обезбеденото парламентарно мнозинство во кое партиципираат СДСМ со коалиционите партнери, ДУИ и Алтернатива повторно е на стаклени нозе. Да потсетам дека и досегашната, тринаесеттата по ред, влада која ја предводеше Зоран Заев беше изгласана на 30 август 2020 година со, исто така, само 62 пратеника, пишува Јове Кекеновски во анализата „62 е многу помалку од 64“

„Како тоа новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија? Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години“, се прашува Никола Груевски од Будимпешта.

Ха, е каде де.

Нема Македонци во Бугарија?

Е, па, нема.

И нормално ќе нема кога силна струја во неговата партија две, три децении во својата ментална матрица, на сметка на националното промакедонство, го негува и го форсира анационалното пробугарство“, пишува Зоран Иванов во БРЗА ПОШТА, „Паднале од Марс“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ