Новинарот и аналитичар Александар Николиќ Писарев, на панел дискусијата на ЦИВИЛ, на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, како дел од серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, се осврна и на руското влијание во Северна Македонија и лажните вести и пропагандата во медиумите. ( 9 февруари, 2022).
„Руското влијание во Македонија е отсекогаш присутно и силно, тоа го имавме и во серијата парламентарни избори итн., особено на референдумот во 2018 година. Меѓутоа, според она што се пишува, ме загрижува еден друг факт. Ние имавме ден на заштита на интернет, од лажните вести и пропагандата. Тука е многу битно да, а ЦИВИЛ тоа го прави многу успешно и силно, но треба да се направи една многу посилна коалиција против лажните вести и пропагандата“, вели Писарев.
Д. Тахири
модератор: Џабир Дерала
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети