• Latest

Дерала: Неконтролираното мало и лесно оружје е дестабилизирачки фактор кој ги овозможува тероризмот и организираниот криминал

February 22, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Дерала: Неконтролираното мало и лесно оружје е дестабилизирачки фактор кој ги овозможува тероризмот и организираниот криминал

February 22, 2022 09:58
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Што се однесува до нелегалното оружје, знаеме дека тоа е голема сериозна закана за безбедноста на сигурноста на граѓанките и граѓаните во кое било општество, вели претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во уводниот дел на панелот „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Се е поврзано“, што се одржа на 16 февруари, во организација на ЦИВИЛ.

„Познато е исто така дека, самата трговија на нелегалното оружје е поврзано со организираните криминални групи кои, за да го обезбедат својот продукт или услуга мораат да имаат и некакво оружје покрај себе во структурата да имаат вооружени луѓе кои ќе го обезбедуваат транзитот, производството испораката на услугите или производите на тој криминален повик односно во таа криминална структура во која се наоѓаат.

Имено, не сме ниту први а секако се надевам ниту последни кои ќе установат дека неконтролираното мало и лесно оружје е крупен дестабилизирачки фактор кој ги овозможува тероризмот и организираниот криминал, како што би рекле во еден извештај парламентарниот форум за мало и лесно оружје, тоа е една голема меѓународна организација во која членуваат и многу парламентарни претставници и бивши и сегашни членови на парламенти на голем број држави во светот.

Ние во оваа наша работа имавме многу длабок поглед врз нештата се обидовме да видиме како изгледа контролата на оружјето во минатото, сега кои се перспективите и секако во фокусот ни беше и организираниот криминал. Со таа цел јас и моите колешки и колеги во ЦИВИЛ и минатата година завршивме еден истражувачки проект кој се однесуваше на овие аспекти со поддршка од Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фанд кои ни помогнаа да го реализираме тоа.“, посочи Дерала.

Дерала се осврна и на потеклото на оружјето со кое се спроведени најголем дел од терористичките акции во Европа.

„Можеме сега веднаш да споделиме еден податок, а тоа е дека најголем дел од терористичките акции спроведени во Европа во изминатите 10 па и повеќе години, се извршени токму со оружје кое потекнува од Балканските држави, од поранешните југословенски републики и од Албанија, тоа се огромни количини оружје кое и криминалните и терористичките групи кои оперираат во Европска Унија впрочем го користат токму тоа оружје еден голем дел од тоа оружје е сеуште функционални и потекнува од ерата на југословенската народна армија. Она што доаѓа исто така и од армијата на Албанија која во 1997 година се распадна тој систем и голем број парчиња оружје беа украдени од магацините од депоата и на полицијата и на армијата.“

Во однос на родовиот баланс што се однесува до поседувањето на малото оружје, Дерала посочи дека повеќе од 95 отсто е во рацете на мажите.

„Мора да се каже дека во регионот барем според податоците на Southeast European small arms control со седиште во Белград кое е дел од програмата на УНДП, се зборува дека повеќе од 95 отсто од тоа оружје е во рацете на мажите. Ние како организација го сметаме оружјето дури и тогаш кога е неактивно кога само постои некое сознание дека одредена група или одредени лице има оружје кое потенцијално може да го употреби за да некого принуди да направи нешто е самото по себе веќе потенцијал за насилство, самото по себе веќе може да биде на некој начин сфатено како принуда како закана а тоа уште повеќе се однесува на домот, кога жената знае дека во домот има оружје кое можеби е дури и нелегално тогаш тоа веднаш поставува сосема поинакви односи и во семејството во кое најчесто страда жената а се разбира и другите членови на семејството или на таа заедница.“

 

„Тоа што е многу би рекол тревожно во целата приказна е дека државите сами по себе не можат ништо да направат бидејќи тоа е еден многу добро организиран подземен бизнис кој продира во сите нивоа во општеството во системот во државата итн. и е потребна сериозна акција и постојана поврзаност и ажурирање на податоците што слушнавме и од министерот за внатрешни работи на самиот почеток од нашата средба денеска, но секако дека апсолутно важно учеството на граѓанските организации, невладиниот сектор е повикан да биде тука за јакнење на јавната свест, за анализи за мониторинг, се разбира да помогне во креирање на законски регулативи кои можат да го сопрат овој црн бизнис.

ЦИВИЛ има долгогодишно искуство, би рекол 21 годишно искуство во оваа тема, и е организација ветеран на меѓународно ниво според она што е направено во изминатите 21 година на овој план. 22 години постои организацијата, има повеќе од 20 проекти големи реализирани, а се разбира учествувавме во бројни меѓународни кампањи за борба против нелегалното оружје, против култот кон оружјето и низа исто така меѓународно правни процеси, како што е „Меѓународната спогодба за трговија“ која ЦИВИЛ ја донесе во нашата земја во 2012 година во една макотрпна долготрајна кампања која ја спроведувавме. Инаку, на крајот на годината во финансискиот извештај на ЦИВИЛ стоеше дека оваа кампања која ја донесе „Меѓународната спогодба за оружје“ во земјата во парламентот помогна во ратификацијата, чинеше фантастични 250 денари, еквивалентно од прилика четири евра чинеше нашата кампања за да се донесе „Меѓународната спогодба за трговија“ во нашата земја, да се вметне во нашиот систем, а се разбира, во нашите напори бевме меѓу трите најуспешни земји во светот што се однесува во овој процес.“, посочува Дерала.

А. Мехмети, Д. Тахири 

Камера: Горан Наумовски

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ