• Latest
Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Војната во Украина : Нова рамка за студената војна во светот (втор дел)

February 28, 2022

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Војната во Украина : Нова рамка за студената војна во светот (втор дел)

Што може да добие Украина, а да изгуби Русија после оваа војна, и како тоа ќе се одрази на Европа, а посебно на регионот на Западен Балкан и може ли да биде допинг за Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членството во Унијата

February 28, 2022 20:53
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Што може да добие Украина, а да изгуби Русија после оваа војна, и како тоа ќе се одрази на Европа, а посебно на регионот на Западен Балкан и може ли да биде допинг за Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членството во Унијата

Може ли западен Балкан да „профитира“

Како ќе се одрази ова на Западен Балкан. Москва преку Црно море и некогашните членки на Варшавскиот договор Бугарија и Романија гледа да го прошири влијанието во бившите југословенски републики во кои сеуште често дигаат глава и отворено истапуваат про-руските сили. Актуелниот и сеуште доволно силен политичар на босанските Срби Милорад Додик не сокрива желби за отцепување на неговата Република Српска од територија на БИХ. Неговиот најсилен сојузник сеуште е се Москва и унгарскиот премиер  Виктор Орбан. За Москва се подразбира дека Белград треба да добие од Русија секаква поддршка за влијание на околните до вчера „братски републики“ пред се Македонија и Црна Гора поради „заедничка историја и култура“.
Закочените преговори на Република Северна Македонија и Албанија со Европската унија, во оваа констелација на случувања, двете држави ги оддалечуваат од европските перспективи и интеграција. Францускиот претседател Макрон, кој до скора беше евроскептик за прием на овие две држави во Унијата, во светло на украинската криза, во повеќе наврати јавно се заложи дека почеток на преговорите за овие две држави е повеќе него итен. Се добива впечаток дека украинската криза може да делува како „допинг“ за забрзување на овие процеси и одвраќање на Бугарија и понатаму да го кочи почетокот на преговорите за Македонија со ЕУ.

Кој е на чија страна  и зошто

Во Југоисточна Европа, три држави од Западен Балкан се под силно влијание на Русија. Тоа се Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. “Лакмус“ за нивното однесување во украинската криза ќе бидат и најавените избори во сите три држави. И политичката јавност, власт и опозицијата ќе морат на некој начин да се определат во оваа ситуација. А нестабилност на овој регион може да биде закана за нестабилност на Европа. Ќе видиме дали Србија во предизборие ќе се откаже од рускиот наратив. Официјален Белград се изјасни за мирно решавање на кризата во Украина и го подржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Претседателот на Србија Вучиќ во неколку наврати нагласил дека политиката на Србија е да биде војно неутрална, но дека  политички не се одрекнува од традиционалните пријателства. Иако Белград формално бара членство во Европската унија и ги започна преговорите за членство, Србија нема да  воведува санкции против Русија, а провладини медиуми  јасно ја поддржуваат Русија.

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик од Бањалука порачува дека Република Српска ќе остане неутрална во овој конфликт. Но Додик и понатаму сериозно го загрозува интегритет на Босна и Херцеговина. Тој ќе мора да ја преиспита својата позиција после загубата на поддршка од страна на Бања Лука, а посебно откако и претседателот на Унгарија еден од неговите поддржувачи го смени својот став кон Русија и состојбата во Украина.
Меѓу граѓаните на Сараево влада голема загриженост во врска со депозитите кои ги имаат во Сбербанка. Масовно се подигнува готовина од нејзините банкомати, со оглед на тоа дека САД имаат воведено санкции за оваа банка чија централа се наоѓа во Москва. Косовските безбедносни сили го засилиле своето присуство на граница кон Србија, а Министерство за одбрана на Косово своите снаги ги ставило на располагање на САД доколку биде потребно и ќе делуваат во координација со НАТО.
На Косово се исклучени сите оператори и медиуми и линкови кои ја пренесуваат руската програма и ја поддржуваат руската агресија врз Украина. Во Црна Гора се одржани протести за поддршка на Украина, организирано е и доброволни собирање на крв за потребите на болници во Украина. Но Русија и понатаму има силна поддршка на голем број на граѓани на Црна Гора.
Поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев, упати поддршка за украинскиот народ и силно ја осуди руската агресија.
„Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние нивните поддржувачи. Упатувам силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина и во исто време упатувам уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат татковината, објави Заев.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ