• Latest
Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Амнести Интернешенл: Инвазијата на Украина е акт на агресија и катастрофа за човековите права

March 2, 2022

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Амнести Интернешенл: Инвазијата на Украина е акт на агресија и катастрофа за човековите права

March 2, 2022 11:25
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Share on FacebookShare on Twitter

Руската инвазија на Украина претставува јасно прекршување на Повелбата на Обединетите нации и акт на агресија што е кривично дело според меѓународното право, изјави Амнести Интернешенл, повикувајќи ги сите инволвирани во ова злосторство да одговараат за тие прекршувања. Треба да се повика на нивна лична, поединечна и колективна одговорност за тоа, како и за многуте злосторства што ја карактеризира нивната инвазијата на Украина досега.

Нагласувајќи ја тежината на украинската криза, организацијата ги повика земјите членки на ОН да ја поддржат и бранат Повелбата на ОН, која забранува употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава. Истакна дека единствените исклучоци од тие одредби се самоодбрана и таква употреба на сила како што ќе овласти Советот за безбедност на ОН – од кои ниту една не се однесува на оваа криза.

Амнести понатаму нагласи дека, според меѓународното право, сите држави се должни да ги решаваат меѓународните спорови на мирен начин и на начин кој не ги загрозува меѓународниот мир, безбедност и правда.

Инвазијата предизвика огромна криза на човековите права, хуманитарна криза и криза со раселување што има карактеристики на најлоша катастрофа во поновата европска историја. Русија го нарушува суверинитетот на Украина и ја предизвикува глобалната безбедносна архитектура.

„Руската инвазија на Украина е сериозна, тешка и дефинирана само со една карактеристика: агресија. Русија врши инвазија во срцето на Укарина, барајќи да ја урне законски избраната влада, со реално и потенцијално огромно влијание врз животот, безбедноста и благосостојбата на цивилното население, нејзините дејствија ни одалеку не можат да се оправдаат врз било кој основ што Русија го има понудено. Но, сето ова се врши од страна на постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

„Русија јасно ги прекршува своите меѓународни обврски. Нејзините дејствија се отворено против правилата и начелата врз кои се засновани Обединетите нации. Сите членки на Обединетите нации треба недвосмислено да го осудат таквото однесување. Не може да се дозволи флагрантното непочитување од страна на Русија да ги охрабри другите да го следат примерот, ниту пак треба да се поткопа способноста на ОН да го запре таквото однесување“, вели Агнес Каламард, Генерален секретар на Амнести Интернешенл.

Откако започна руската инвазија на 24 февруари, Амнести ја документира ескалацијата на прекршувањето на хуманитарното право и законите за човековите права, вклучувајќи ги и убиени цивили од неселективни напади врз цивилни области и инфраструктура. Нападите врз заштитени објекти како што се болници и училишта, употребата на неселективно оружје како што се балистички проектили и употребата на забрането оружје како што се касетни бомби можат сите да се квалилификуваат како воени злосторства.

Амнести Интернешенл ги повика земјите членки на ОН да застанат заедно во осуда на злосторствата и агресијата на Русија, во обезбедување помош за граѓаните на Украина, вклучувајќи ги и оние кои бегаат од конфликтот и да се осигура дека нема да се дозволи последиците од руската агресија да го турнат светот поблиску до бедната на насилство, прекршувања и несигурност.

„Мора да осигураме трагично зголемениот број на жртви на воени злосторства во Украина да чуе порака дека меѓународната заедница е веќе решена да обезбеди обесштетување за нивното страдање.

За помалку од една недела, руската инвазија на Украина предизвика огромна криза на човековите права, хуманитарна криза и криза со раселување што има карактеристики на најлоша катастрофа во поновата европска историја. Русија не само што го нарушува суверинитетот на соседна земја и нејзиниот народ, таа, исто така, ја предизвикува глобалната безбедносна архитектура и ја искористува нејзината слабост, вклучително и нефункционален Совет за безбедност на ОН. Има долготрајни последици од ова за сите нас. Не смееме да дозволиме агресијата и прекршувањата на меѓународното право да биде нивниот архитект“, вели Каламард.

Вчерашното поздравно соопштение од страна на Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд дека неговата канцеларија ќе бара да се отвори истрага во Украина, им дава до знаење на сите сторители на воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина – вклучително и оние на високи позиции и кои се најодговрни, дека ќе бидат лично одговорни.

„Амнести интернешенл ги повикува сите земји членки на Меѓународниот кривичен суд и на меѓународната заедница во целост да соработуваат со истрагата на Меѓународниот кривичен суд. Истрагата на Меѓународниот кривичен суд не може да се одвива сама по себе. Сеопфатна одговорност во Украина бара здружени и иновативни напори на ОН и иа нејзините тела, како и иницијативи на национално ниво- во согласност со начелата на универзалната јурисдикција.

Во оваа рана фаза, собирањето и зачувувањето на докази е од суштинско значење за успешни идни истраги. Пред сė, мора да осигураме трагично зголемениот број на жртви на воени злосторства во Украина да чуе порака дека меѓународната заедница е веќе решена да обезбеди обесштетување за нивното страдање“, вели Каламард.

Сериозни прекршувања на правилата за конфликт претставуваат воени злосторства. Некои од нив се кодифицирани како такви со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд. Меѓународниот кривичен суд би имал јурисдикција над воените злосторства извршени во Украина, која издаде декларација во 2015 година, прифаќајќи ја јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд за злосторства извршени на нејзината територија од 20 февруари, 2014 година. Русија го потпиша Римскиот статут во 2000 година, но го повлече својот потпис во 2016 година.

Воената интервенција се чини дека ја исполнува дефиницијата за агресија според Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд. Чл. 8bis(1) од Римскиот статут дефинира, во релевантен дел, дека „кривично дело на агресија“ претставува „акт на агресија што по својот карактер, тежина и размери претставува очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации“. Иако Судот, освен за неверојатно упатување на Советот за безбедност, нема да има јурисдикција над кривичното дело агресија во оваа ситуација повеќе држави, вклучително и Украина, имаат домашни закони што би дозволиле гонење на оние кои се одговори за ова злосторство.

Инвазијата на Украина веќе резултира со неселективни напади врз резиденцијални области, медицински установи, социјална инфраструктура и други цивилни објекти и инфратсруктура и предизвика жртви и повреди на цивилното население. Доведе до огромно раселување и уништување на цивилни домови. Во борбите во Доњецк и Луганск, особено во 2014-2015 година, имаше вонсудски егзекуции, тортура и друго малтретирање, присилни исчезнувања и незаконско лишување од слобода.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ