„Порано не ни размислував колку часа има во една недела? Се испостави – 168…168 часа Украина веќе цела недела им дава отпор на руските окупатори“, изјави Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, утрово, 3 март 2022.
All Ukrainian, you are great heroes! Today you are protecting the whole world! I’m Ukrainian and i’m proud of that! I’m proud of all our people 🇺🇦 #FightLikeUkrainian #StandWithUkraine pic.twitter.com/NCFK9jLbuo
— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) March 3, 2022
Министерот Резников потенцира дека никој, освен самите Украинци, не очекувал толку жесток отпорт.
„Никој. Сфатете го ова. Никој. Ниту во Русија ниту на Запад не веруваше дека ќе издржиме една недела. Единствените што веруваа бевме ние. До 24 февруари, две третини од Украинците беа убедени дека во случај на руска инвазија од големи размери, ќе издржиме. Денес тој број изнесува речиси 90%. Ова е резултат на херојството на нашите бранители и бранителки. Ова е резултат на професионалните активности на нашите командири. Ова е посветеноста на секој од вас“, рече Резников.
Тој наброја дел од различните професионални профили на учесниците во фронтот за одбрана на земјата.
„Нашите лекари, спасувачи, комуналци, железничари, новинари, финансиери го држат својот фронт. Земјата не застанала и се бори. Би сакал лично да ги истакнам шефовите на воените и цивилните администрации и градоначалниците кои денес се во првите редови на одбранбената линија. Чернигив, Суми, Конотоп, Харков, Мариупол, Херсон, Миколајив се тврдините на Европа“, изјави Резников.
Министерот се осврна и на фактичките состојби на самиот фронт, каде што агресорите имаат големи загуби.
„Нашата армија веќе уништи илјадници окупатори. И толку многу непријателска опрема што би било можно да се вооружат армиите на неколку земји. Можностите на нашите Вооружени сили растат, помошта доаѓа. Борците од Територијалната одбрана се покажаа брилијантно во многу области. Нашите воздушни асови веќе станаа легенди. Падобранци, пешадија, артилерија – сите докажуваат дека Украинците се најдобри“, истакна украинскиот министер за одбрана.
Го повтори повикот до граѓаните за целосен отпор и уништување на комуникациите на агресорот.
„Вчера ги повикав граѓаните на целосен отпор. Треба да ги уништиме комуникациите на непријателот. Тоа се метастазите што тој се обидува да ги прошири низ нашата земја“, повика Резников.
Неодминлив факт се цивилните жртви во оваа војна. Министерот Резников најави тешки мигови.
„Руските окупатори се исплашија од срамен пораз и почнаа да вршат злосторства против човештвото. Тие гранатираат болници, убиваат жени и деца. Ова веќе не е армија – тоа се обични кукавици и терористи. Пред нас имаме уште многу предизвици. Ќе има крв, солзи, болка. Но сега, повеќе од кога било, ги имаме сите причини да бидеме сигурни во себе. И во оние кои се покрај нас“, рече украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.
Тој ја заврши својата изјава со зборовите:
„Сигурно ќе победиме. Слава на Украина!“
Соопштението со изјавата од Резников завршува со хаштагот: #FightLikeUkrainian (Бори се како Украинец/Украинка)
Д. М.