• Latest

Војна во Украина – Осми ден: Жесток отпор на сите фронтови, 19 држави редовно испраќаат воена помош, Русија обиколена од глобалните санкции

March 3, 2022

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Војна во Украина – Осми ден: Жесток отпор на сите фронтови, 19 држави редовно испраќаат воена помош, Русија обиколена од глобалните санкции

March 3, 2022 13:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Осми ден на херојската борба на Украинците против инвазијата на руските освојувачи. Украина се спротивстави и дава жесток отпор на сите фронтови, вклучително и на дипломатскиот.
Украинската дипломатија продолжува да работи континуирано.

-141 државата се приклучи на антивоената коалиција за одбрана на Украина – исто толку држави гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ООН „Агресија против Украина“.

-Руската економија продолжува да паѓа во бездна. Рубљата го достигна историскиот минимум, а голем дел од девизните резерви на Централната банка на РФ се блокирани. Меѓународниот бизнис масовно бега од Русија.

Воена помош

– Украина ја доби од Естонија  втората серија на противтенковски ракетни системи Javelin

– 19 земји редовно ни испраќаат најново оружје, муниција, заштитна опрема, медицинска опрема и гориво за потребите на украинската армија

-Дипломатите интензивно преговараат за обезбедување на дополнителни борбени авиони за Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина од партнерите во најкус можен рок

 Санкции

-Русија е се повеќе завиткана во замката на глобалните санкции. Канада објави нови санкции против 10 клучни луѓе од 2 важни компании во рускиот енергетски сектор – „Роснефт“ и „Гаспром“

-Стејт департментот на САД  воведува целосни санкции против одбранбениот сектор на Русија за да ја потисне руската воена машина

-Ирска се подготвува да ги затвори своите пристаништа за руски бродови, како и да ги замрзне банкарските сметки во сопственост на руски компании

Изолација

-Светската банка ја прекина сета соработка со Русија и Белорусија

-Развојот на алтернативна енергија во Русија е оневозможен. Данската компанија Vestas, која е светски лидер во производството на турбини на ветер и требаше да ветерници во Русија, ги прекина врските со Русија

– Украина и Полска иницираа прекин на членството на Русија во Советот на Европа

-Градскиот совет на Варшава започна правна постапка за балансирање на зградите/куќите што биле користени од страна на руските дипломатски мисии. По завршувањето на правната постапка, планирано е во тие згради/куќи да се вдомат украински државјани кои ја напуштиле украинската територија како резултат на руската вооружена агресија

Депутинизација на светот

-Словачка го укина безвизниот режим за сопствениците на дипломатски пасоши на Руската Федерација

-Бугарија го прекина членството во Меѓународната инвестициска банка и Меѓународната банка за економска соработка, каде најголем акционер е Русија

-Меѓународниот параолимписки комитет ги суспендира руските спортисти од учество на Игрите во Пекинг

-15 полски градови одлучија еднострано да ги раскинат договорите за соработка со 15 руски градови.
Хуманитарна помош

-Министерството за одбрана на Словачка предаде медицинска опрема за потребите на болницата во Ужгород.

-Грција  и Украина се договорија за можноста за сместување на украински деца болни од рак во Грција заедно со нивните родители

ОАЕ најавија 5 милиони долари хуманитарна помош за цивилното население, кое настрада во војната во Украина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ