• Latest

Не кажувајте „стоп“. Преземете акција за да ја запрете војната!

March 5, 2022

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Не кажувајте „стоп“. Преземете акција за да ја запрете војната!

Пред Лудиот да го претвори светот во жив пекол.

March 5, 2022 19:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА / Civil Today

Светот гледа додека Путин води тотална војна против Украина и спроведува геноцид. Се чини дека сè во меѓународната политика е подготвено да го види падот на една нација и неискажливото човечко страдање и крвопролевање. Во секој час од денот се објавуваат силни изјави и говори, уште посилни твитови.

Со изненадувачка брзина, Европа се придвижи кон блокирање банкарски сметки, укинување на бизниси и забрана на воздушниот простор за руските авиони. Таа, исто така, брзо се придвижи кон отворање на границите за поплавата од украински бегалци, кои бегаат за да си ги спасат животите (можеме да додадеме, политиката на отвореност и поддршка кон бегалците никогаш не беше видена како одговор на сириската криза). Но, ова не е доволно. Далеку од тоа.

Светот кој себеси се нарекува „слободен“ треба да се разбуди и да го сопре претстојниот геноцид врз Украинците. Не е доволно да се мавта со прстот, велејќи дека Путин ќе сноси последици. Зашто, на крајот најмногу последици ќе сносат руските граѓани. Како што видовме, Путин е длабоко посветен на јакнење на својата моќ и на својот застрашувачки тоталитарен режим. Како што знаеме, тој ќе се вкопа уште подлабоко, во потрага по поранешната слава на царска Русија. Неговите олигарси ќе изгубат неколку милијарди долари, но нивната огромна моќ да ги контролираат парите и луѓето ќе остане недопрена.

Сите мерки преземени од западните администрации досега се чини дека влијаат на Русите, кои самите долго време беа и се жртви на постојани дезинформации, манипулации и неописливо кршење на човековите права. Тие не се и никогаш не треба да бидат таргет. Стотици илјади, всушност, ги ризикуваа своите животи за да излезат на улиците за да му кажат не на својот тиранин – диктатор. Токму на овие храбри Руси – нашите другари во борбата против тиранијата која има глобален карактер – им е најпотребна нашата поддршка, за конечно да го урнат милитантниот тиранин во Кремљ.

Путин можеби е многу нешта, но не е глупав. Тој беше добро подготвен за одговорот на Западот. Тој има кеш, криптовалути и финансиски резерви. Неговиот внатрешен финансиски систем е исто така релативно недопрен. Путин и неговата клика ја имаат моќта, оружјето и најмногу од сè – нечовечноста што ја манифестираат повторно и повторно, способни да ја ослободат својата бесна воена машина и да ги претворат смртта и страдањата на цивилите во оружје на војната.

Нацистичкиот стил на Путин во инвазијата срамнува станбени згради, болници и училишта, извршувајќи неискажливи воени злосторства. Меѓународниот одговор се состои во „уништувачки санкции“ во форма на изјави, резолуции и финансиски мерки.

Дали мерките што ги презема Западот се доволни? Не. Дали е возможен воен одговор? Исто така, не. Дали Западот може да направи повеќе за да им помогне на Украинците да се одбранат? Дефинитивно да. Дали е сè уште можно? Исто така – да, иако прозорецот на можности се стеснува од минута во минута.

Путин прави што сака, не само на рускиот народ, и не само на соседна Украина, која е на работ на збришување од лицето на земјата, туку и на целиот свет. Западните политички и бизнис елити некако се заробени во мрежата на интереси, бирократија и – пред сè страв.

Непосредните чекори за спречување на понатамошното уништување на Украина вклучуваат нејзино членство во ЕУ, воспоставување целосна блокада на Русија и масивно вклучување на НАТО и ЕУ во задоволувањето на потребите и обезбедувањето заштита на бегалците кои, како поплава, преминуваат преку европските граници. Путин, преку својот сојузник Белорусија, веќе се обиде да ја дестабилизира Полска преку употреба на бегалци кои чекаат на границата. Европа не смее да дозволи настраданите Украинци да станат причина за понатамошна радикализација во Полска, Унгарија и другите земји од ЕУ.

Ние, исто така, мора да направиме сè што можеме за да ги информираме Русите за тоа каква смрт ѝ се носи на Украина и да им дадеме до знаење дека се поддржани не само од европските нации, туку и од сите мирољубиви луѓе, кои ги охрабруваат да маршираат кон Кремљ и да го соборат Лудиот.

Сето ова мора да се направи, пред Лудиот да го претвори светот во жив пекол.

 


Оригиналот на овој текст е на англиски јазик, објавен во Civil.Today на 5 март 2022. Благодарност до Хедер Роберсон Гастон за помош во уредувањето на овој текст на англиски јазик.


Creative Commons 4.0

Прочитајте и други текстови од рубриката ЕДИТОРИЈАЛ: 

Кражба на души

Единствените сојузници на Путин се лагите и теророт

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ