• Latest

Македонија: Преглед на дневни настани (15 јуни 2016)

June 15, 2016

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на дневни настани (15 јуни 2016)

June 15, 2016 22:04
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (15 јуни 2016 година): Анализа: Ставрески остави пустош зад себе ||Собранието ја констатира оставката на Зоран Ставрески || Шарената револуција повторно на протест || СЈО не е надлежно за случајот “Тврдина”? || Европската Комисија смета дека не се спроведуваат реформите

timeline

Анализа: Ставрески остави пустош зад себе

Поранешниот министер за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, во изминатите девет години, постојано беше дел од тимот на ВМРО-ДПМНЕ, задолжен за економски прашања. За овој период, покрај тоа што во јавноста ќе остане запаметен по телефонските разговори со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и изјавите кои се однесуваат на економските политики што ги води неговата партија: “Ние сме лудаци”, “Немаме за леб, а трошиме за чоколадо”, ќе остане забележан и во историјата на државата, за која толку многу се грижи партијата на власт, како министер во чие време јавниот долг на Македонија е зголемен дупло, односно,  од 23 отсто од бруто-домашниот производ во 2008 година, во првиот квартал од 2016-та година, достигна 45 отсто од БДП или 4,3 милјарди евра!

Собранието ја констатира оставката на Зоран Ставрески

Собранието на Македонија денеска ја констатираше оставката на вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески на почетокот на 106-та седница. На седницата на дневен ред ќе биде изборот на нови членови на Владата: Кирил Миноски, за министер за финансии и Илија Исајловски, за заменик-министер за надворешни работи откако вчера беше најавена смена на актулената заменик-министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска.

Шарената револуција повторно на протест

nie sme ludaci

„Ние сме лудаци!“ – гласеше една од пораките на денешниот протест на Шарената револуција. Активистките и активистите на ЦИВИЛ делеа чоколади меѓу демонстрантите, иронично парафразирајќи го сега веќе екс-министерот за финансии Зоран Ставрески: „Немаме за леб, а трошиме на чоколади!“

СЈО не е надлежно за случајот “Тврдина”?

Аболицијата на  Иванов го извади од домашен притвор началникот на 5та управа. За Горан Грујевски  кого  аболицијата го затекна во куќен притвор,  Кривичниот суд денеска одлучи дека не му одреди притвор  како што повторно побара Специјалното обвинителство.  Судијката Александра Поп Стефанија одлучила дека СЈО нема надлежност да ја води истрагата за „Тврдина“ бидејќи Катица Јанева не посочила од кој снимен разговор е произлезена истрагата за уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување.

Европската Комисија смета дека не се спроведуваат реформите

Силни критики од состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија кој се одржа денеска во Скопје. Европската комисија жали што реално не се спроведуваат итни реформски приоритети според планот направен на последниот состанок на Комитетот пред една година. Мора да се покаже нешто повеќе од намера за нивно спроведување, стои во соопштението.


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: анализаМакедонијаоставкапрегледСобраниеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ