• Latest
Буча, Кијивска област, Украина

Светот обвинува за геноцид, Русија за дезинформации во Украина, ние сме на праведната страна на историјата, техничка грешка во Пописот

April 4, 2022

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Светот обвинува за геноцид, Русија за дезинформации во Украина, ние сме на праведната страна на историјата, техничка грешка во Пописот

April 4, 2022 16:19
in Uncategorized, ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Буча, Кијивска област, Украина

Буча, Кијивска област, Украина

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Додека светот говори за геноцид, Русија обвинува за дезинформации за Украина

Светот е сведок за се повеќе докази за ужасните дејствија на руските сили во градовите како Ирпин и Буча (Украина), што се гледаат на објавените  фотографии и снимки од трупови на улиците, на кои јасно се забележуваат ужасни глетки од убиени цивили со врзани раце зад грб и со бели ленти на рацете за да се означат како цивили. Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, на 2 април изјави дека околу 300 локални цивили биле застрелани за време кога градот бил окупиран од руските сили. Околу 280 тела биле фрлени во масовна гробница, додека останатите биле оставени на улица.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Ние сме НАТО, а Денот на НАТО е и наш ден, ние сме на праведната страна на историјата. Цврсто веруваме во принципот на Алијансата: еден за сите – сите за еден, “

-Не дозволивме фрустрацијата од чекалната во НАТО да не поколеба. За сето време демонстриравме капацитет и историска мудрост, но не ја загубивме и амбицијата да бидеме уште подобри дури и кога го минавме прагот на НАТО. Денес повторно сме соочени со предизвици, со немилосрдна војна. Оваа криза покажува колку е непредвидлив светот во кој живееме и колку е важно да имаме сојузници, изјави министерката Птеровска  во обраќањето на настанот „Денот на НАТО – 4 Април.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина. Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа.

Светот веќе виде многу воени злосторства. Во различни времиња. На различни континенти. Но, време е да се направи се што е можно за воените злосторства на руската војска да бидат последна манифестација на такво зло на земјата. Сите виновни за такви злосторства ќе бидат вклучени во посебна книга на мачители, ќе бидат пронајдени и казнети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина. ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев, пренесува МИА.

„Најновите застрашувачки фото-факти од ослободените украински градови Буча и Ирпин покажуваат дека во моментов се случуваат злосторства против човештвото. Руските трупи во Украина не само што се борат против вооружените сили на Украина, туку и практикуваат тортура, егзекуции, па дури и палење цивили.

Заменик – министерката за надворешни работи на Украина, Емина Џепарова објави емоционална порака на Твитер. Луѓе убиени, силувани, мачени, запалени од руски окупатори,  „лежат“ на еден од автопатите. Само Господ знае низ што поминаа тие кутри цивили, додека руските напаѓачи вршеа воени злосторства врз нив, напиша таа.

Кремљ денеска ги осуди коментарите на лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински, кој изјави дека Варшава ќе биде отворена за инсталирање американско нуклеарно оружје на своја територија и го поздрави зголемувањето на бројот на американски војници во Европа за 50 отсто

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС Државниот завод за статистика на својата веб-страница соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните

МВР Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи по повод ијавите и коментарите на социјални мрежи по случувањата во Буча, Украина.

ДЕН НА НАТО Трибината по повод „Денот на НАТО – 4 април” е традиционална активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како информативен настан кој има за цел да ја информира пошироката јавност и медиумите за развојот на настаните на глобално ниво, нашиот придонес како земја, како и бенефитите од членството во НАТО алијансата.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Руските медиуми во нашата земја не се единствените кои ја шират руската пропаганда и ја оправдуваат воената агресија врз Украина, туку тоа го прават и одредени македонски медиуми и портали.

ИНТЕГРАЦИИ Обиди да се попречи процесот на подобрување на билатералната соработка со Република Бугарија и , преку прокси играчи, „спојлери“ и од регионот, но и од двете држави. Ова го обелодени вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи,

ЗЕЛЕНИ „Европскиот зелен договор: повеќе од климатски промени“ беше тема на втората од дебатите инспирирани од тековната изложба „Розeви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје.

ЗАПАДЕН БАЛКАН Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, пренесува

ИНТЕРВЈУ

Со Националниот координатор за интеркултурулизам и едно општество во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Алаѓозовски, во рамки на Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ на ЦИВИЛ, разговараме на повеќе прашања поврзани со областа која тој ја покрива во Владата и за резултатите од спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“, недискриминацијата, промоција на европските вредности и што треба да содржи новата тригодишна Стратегија. Разговорот е снимен на 15 март 2022 година.

 

МУЛТИКУЛТУРА

Челниците на Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска и официјално ја објавија песната која ќе биде химна на Мундијалот во Катар. Песната е со наслов „Hayya Hayya“, што значи „Подобро заедно“.

Песната ја исполнува американскиот уметник Тринидад Кардона, иконата на афробитот Давидо и катарската сензација Ајша.

„Сплотеноста на гласовите на изведувачите од Америка, Африка и Блискиот Исток, оваа песна симболизира како музиката и спортот може да го обединат светот“, велат од ФИФА.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Војната во Украина и воведените меѓународни (западни) санкции против Русија предизвика ценовен и количински енергетски шок на Западот од кој се тресат светските берзи на енергенси од различен вид. Спиралните инфлаторни движења го зафатија и Европскиот и Американскиот континент со рекорди што не се забележани со децении наназад, а недостатокот од украинското жито, но и од различни видови на супстанци за пестициди во земјоделието, ги креваат цените на основните продукти на пазарите за храна кои и така беа загрижувачки дестабилизирани од двете пандемиски години зад нас., пишува Сашо Орданоски во колумната „Гафовите на Бајден и судбината на Путин“.

Војо Маневски

На пописот потпишани се и религиозните фризури. Не оти не сме богобојажливи, туку во овој светски заговор и наплив на лажни информации не сме разбрале која верска фризура ни е прикладна. Сите празници ги научивме, сите црковни великодостојници ги знаеме, ама за соодветната фризура не сме разбрале, иако сите празници дома ги одбележуваме со реквизити со братска, ама сепак не наша вероисповест. Затоа сега нѐ има и со убаво зафрлена долга коса наназад што го истакнува челото, но и со ошишано теме како знак на припадност кон една друга вероисповест. Лесно им е на оние наши сограѓани што верата не им бара фризура за распознавање, туку чалма. Е штом имаш чалма наш си и готово. Ем лесно за попишување, ем лесно за потшишување. Бога ми, ова со попишувањето и шишањето кај некој од моиве сограѓани излезе како ниско потстрижување да не кажам по штипски стрижење, пишува Војо Маневски во колумната „Попишана, потшишана држава.“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ