• Latest

Македонија: Преглед на настани (20 јуни 2016)

June 21, 2016

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на настани (20 јуни 2016)

June 21, 2016 09:58
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (20 јуни 2016 година): Македонија на дневен ред на Советот на ЕУ || Кривичниот суд ја прифати жалбата на СЈО || СДСМ поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија || 20-ти Јуни, Меѓународен ден на бегалците || ЦИВИЛ со поддрша за барањата на Шарената револуција || ГДОМ во одбрана на градоначалникот на Битола, Талески || Новинарот Кежаровски повикан на информативен разговор || Најмасовен протест на Шарената револуција

timeline-logo-01-c

Македонија на дневен ред на Советот на ЕУ

Ситуацијата во Македонија е на дневен ред на Советот за надворешни работи на Европската унија на барање на Германија и Велика Британија. Се очекува европските министри да дадат препораки за политичката ситуација која се влошува. Германскиот шеф на дипломатијата Штајмајер изјави дека Европа ќе стори се за да се намалат тензиите и да се обезбедат услови за фер избори. Главниот проблем  е дека има недостаток на демократска култура на дијалог и дека ова немање на политичка култура се должи на позицијата на одредени „пријатели“ на Македонија кои ја „научија“ власта да не прави ниту внатрешни компромиси.

Кривичниот суд ја прифати жалбата на СЈО 

13396708_1138498686171047_1826646449_o-200x132
Кривичниот совет  ја прифати жалбата на СЈО за случајот „Тврдина“. Повторно ќе се разгледува барањето за мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски,  ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и уште четворица вработени во МВР. За тоа повторно ќе одлучува судијката Александра Поп Стефанија која минатата недела ги одби барањата на Специјалното обвинителство за притвори и, исто така, наведе дека ова Обвинителство не е надлежно за случајот „Тврдина“.

СДСМ поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија
СДСМ поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија. Според СДСМ, Одлуката на Поп Стефанија, да се прогласи СЈО ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување е спротивна на законот.

Новинарот Кежаровски повикан на информативен разговор

kezo

Околу половина час пред почетокот на најавениот протест на Шарената револуција, новинарот Томислав Кежаровски беше на информативен разговор во полициската станица „Центар“. Но, поради недоразбирања меѓу полициските станици „Аеродром“ и „Центар“, не се знае за што конкретно е повикан Кежаровски на разговор?!

20-ти Јуни, Меѓународен ден на бегалците

6C872F82-FC62-4CF7-96A5-9664C6C7CA7E_w610_r1_s

По повод 20-ти Јуни, Меѓународниот ден на бегалци, Високиот комесаријат на ОН за бегалци – УНХЦР, објави дека во текот на изминатата година, бројот на бегалци и раселени лица во светот, кои избегале од конфликти и репресии, достигна рекорден број од 65,3 милиони лица.

ЦИВИЛ со поддршка за барањата на Шарената револуција

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја упатува својата безрезервна поддршка на сите барања на Шарената револуција и ја поддржува ненасилната граѓанска акција против недемократската власт. Република Македонија нема повеќе време, ниту трпение за разбојничкото однесување на Груевски и неговата клика! Нема повеќе место за мизерните лаги на узурпаторите кои зборуваат за политички прогон против нив, додека тие се на власт и спроведуваат невиден партиско-полициски прогон на неистомислениците!

ГДОМ во одбрана на градоначалникот на Битола, Талески

DSCN7692

Организирани со автобуси од другите градови, со знамиња на ВМРО-ДПМНЕ, стотици граѓани протестираа против одлуката на судот за определување мерка куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески – осомничен во случајот „Транспортер“ на СЈО. На собраните им се обратија неколку членови на ГДОМ. Тони Михајловски изјави дека немаат бои во нивните џебови да ги шараат судовите, туку мирно ќе им дадат поддршка за нивното работење.

Најмасовен протест на Шарената револуција

13422226_989100397875096_4878634922963646420_o

Десетици илјади демонстранти од цела Македонија беа дел од Шарената револуција вечерва. Протестот започна од Специјалното Јавно обвинителство во Скопје, а демонстрантите потоа се упатија пред Владата, каде дел од активистите и членови на опозицијата држеа говори пред граѓаните. Учесниците во Шарената револуција ги повторија двете приоритетни барања, па продолжија пред Собранието. Дел од демонстрантите сакаа да изведат герила-акција со споменикот на Прометеј, но беа спречени од бројни сили на полициските специјалци.


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: кривичнановинарПротестСЈОЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ