• Latest

Боки-13 доби 9 години затвор, нема тајни преговори со Бугарија, потврдени 3.766 цивилни жртви во Украина од почетокот на руската инвазија

April 7, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Боки-13 доби 9 години затвор, нема тајни преговори со Бугарија, потврдени 3.766 цивилни жртви во Украина од почетокот на руската инвазија

April 7, 2022 16:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пресуди за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби 9 години затвор, Јасна Ерцеговиќ 4, Ременски ослободена од обвинение

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Единствена казна затвор во траење од девет години судот му определи на обвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, обвинетата Јасна Ерцеговиќ, исто така, е виновна за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ со што судот на неа ѝ определи единствена казна затвор од четири години во која се смета и времето поминато во куќен притвор, додека Судечкиот совет ги ослободи од обвинение за „измама“ обвинетите Фросина Ташевска Ременски, и Христина Блажевска, која се обвинува само за „перење пари и други приноси“ со казна затвор во траење од една година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Не постои никакво тајно преговарање ниту таен договор, а односите со Бугарија се базираат на искрена комуникација помеѓу двете Влади, двата премиери и работните групи со конкретни резултати во делот на економијата, инфраструктурата, образованието, културата и европските интеграции“.

Премиерот Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали, при посетатаа целосно реновираниот Оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести

Премиерот Ковачевски дополни дека како резултат на работните групи веќе се потпишани голем број на меморандуми, имаме и договори за конкретни чекори во различни области како на пример зголемување на транспортните квоти за транспортерите кои транзитираат низ Република Бугарија, кои после подолг временски период се на соодветно ниво на транспортните заедници на двете земји.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР) нотира 3.766 цивилни жртви во Украина од почетокот на руската инвазија, вклучувајќи 1.563 убиени и 2.213 повредени, информираат од Комесаријатот. Од вкупната бројка на убиени цивили, 379 се мажи, 237 жени, 24 девојчиња и 43 момчиња, како и 63 деца и 817 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат.

Вкупно единаесет тела се пронајдени во гаража во киевското предградие Хостомел, објави весникот „Украинска правда“ доцна синоќа, цитирајќи објава на Телеграм на поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков,. Како што пренесе ДПА, загинатите се цивили убиени од руски војници.

Ако не постои навистина болен пакет санкции против Русија и ако Украина не добие вистинска набавка на оружје, за што сме аплицирале многупати, Русија ќе го смета ова како дозвола да оди понатаму. Дозвола за напад. Дозвола за почеток на нов крвав бран во Донбас. изјави во своето последно обраќање претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Илјадници украински бегалци се наоѓаат во мексиканскиот пограничен град Тихуана, чекајќи да бидат прифатени во САД. Секој ден во САД влегуваат по околу 150 Украинци кои пристигнуваат со туристички визи во Мексико, од каде се упатуваат кон САД каде бараат засолниште, соопштува американската телевизиска станица „Си-Би-Ес“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА  Денес во Штип беше поставена уште една уметничка инсталација со која се истакнува дека зголемувањето минимална плата од 18.000 денари е повеќе од заслужено кога станува збор за штипските текстилни работнички и работници.

АНТИКОРУПЦИЈА Тековните и неопходни антикорупциски реформи се во фокусот на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“ на кој се дискутира за начините за подобрување на соработката меѓу меѓународните, владините и граѓанските актери. Форумот е во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI).

ИНТЕГРАЦИИ Идните стручни вештини, вработувањето на младите и можностите за претприемништво се теми на денешната регионална конференција за подобрување на вработувањето на младите во Западен Балкан „Вештини за идни работни места / Skills For Future Jobs“, на која домашни и меѓународни експерти ќе ги презентираат најновите наоди од истражувања и ќе споделат практични искуства за тоа како да се поврзат вештините со идните работни места врз основа на  потребите и очекувањата на пазарот на трудот.

ГОВОР НА ОМРАЗА Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, преку соопштение до медиумите  реагира на сè почестите дезинформации во врска со руската инвазијата врз Украина, како и одобрувањето на воените злосторства, односно на навредите и говорот на омраза на интернет. Здружението побара мерки за сузбивање на овие негативни појави, кои се оквалификувани како кривични дела во македонското законодавство.

ЗДРАВСТВОМинистерот за здравство Беким Сали смета дека протестот на матичните лекари, најавен за денеска, е легитимен, но не е навремен. Тојистакна дека се во постојан контакт со сите здруженија вклучени во протестот.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Ова видео „Сделано в России“ го објави и македонскиот портал „Think.mk“, под наслов „ЖРТВИТЕ ОЖИВУВААТ КОГА ЌЕ ПОМИНЕ КАМЕРАТА?“- ВИДЕО: ДОКАЗ ДЕКА МАСАКРОТ ВО БУЧА Е ИСЦЕНИРАН? – УМРЕНИТЕ ОЖИВУВААТ ОТКАКО ЌЕ ПОМНЕ КАМЕРАТА?.

Скриншот од Фејсбук објавата на порталот Think.mk во која пренесува дезинформација

Порталот инаку нема импресум, и не може да му се најде уредувачката структура. Видеото, и уште многу слични на него, дела на руската пропаганда, беше објавено на нивната веб страна и на Фејсбук профилот на, како што самите се нарекуваат „News & media website“, Друштво за размислување и разонода Think.mk – место каде можете да најдете приказна која ќе ја пополни празнината во Вашето секојдневие!

Каква разонода пронајдоа во објавување на снимки од убиени цивили и безживотни тела кои лежат по улици, знае само уредувачкиот тим на порталот, кој секако не може да се најде на страната.

МУЛТИКУЛТУРА

Џелал Хоџиќ од Агенцијата за односи меѓу заедниците во разговор со ЦИВИЛ за меѓуетничката состојба во земјава, мултикултурата и европските вредности, стратегијата „Едно општество за сите“, и состојбите со дискриминацијата и поларизираноста на општеството.

 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски во разговор со ЦИВИЛ за меѓуетничката состојба во земјава, мултикултурата и европските вредности, стратегијата „Едно општество за сите“, и состојбите со дискриминацијата и поларизираноста на општеството.

 

Активистот Бленди Ходаи со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ вели дека време е да одмориме од минатото, и да се фокусираме на градење на што подобра иднина за младите.

 

„Меѓуетничката состојба во државата е добра и стабила. Во извештајот на Европската комисија иако се наведува дека меѓуетничката состојба е стабилна, сепак околу помалкубројните етнички заедници се наведува дека за да се зачува мултиетничкиот карактер во нашето општество мора да вложат напори сите политички фактори. Факт е дека доколку не се вложат напори за поголема вклученост и поголема политичка моќ на помалкубројните заедници, тогаш може да се случи од мултиетничко да преминеме пополека во биетничко и бинационално мнозинство“, вели пратеникот и член на собраниската Комисија за односи меѓу заедниците, Зеќир Рамчиловиќ, во интервју за ЦИВИЛ Медиа во рамки на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

ДИСТРИКТ 

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Ива Петрунова – магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки.

Таа зборува за себе, за оштината и градот, руралното во урбаното, културата на живеење, некултурата и заедничкиот простор, за Скопје и за „параскопје“, за дивата градба и „питомите“ закони и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сотир Габелоски

А, младите? Каде се? Ги нема и ретко има простор за нив. Простор, од една страна, да научат нешто и да учествуваат во дебатата, која не постои, од друга страна.Во Македонија демократијата се унапреди, но дебатата исчезна. Најгледаните медиуми канат едни исти гости, кои говорат на сите теми. Конечно, ги легитимиравме овие луѓе да бидат стручни лица за се.
А, да не зборуваме од дебата да научиш нешто, да извлечеш некој поука. Не, слушаме само едни исти луѓе со познати ставови, со погледи кои се поцврсти и од партиските ставови на партиските претставници. пишува Сотир Габелоски во колумната „ Дебатата умре, демократијата се подобри“

 

ДУШИ

Уметниците – аниматори,  волонтери од Украина, создадоа неверојатно трогателно видео за луѓето чии животи беа одземени од војна.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ