• Latest

Ходаи: Наместо само за повисоки плати, СОНК треба да протестира и за поквалитетно образование

April 21, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ходаи: Наместо само за повисоки плати, СОНК треба да протестира и за поквалитетно образование

April 21, 2022 11:43
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бленди Ходаи, поранешен претседател на Унијата на средношколци и активист за правата на младите, на панелот на ЦИВИЛ „Европските вредности кај младите: Правци и беспаќа“ говореше за образовниот систем, протестите на СОНК, за односот на институциите кон младите и зошто младите си одат од земјава.

„Се разбира дека правото на образование е уставно право, и право од човековите права на Обединетите нации, но треба да се разберат и потребите на наставниците и професорите затоа што платите на професорите во Македонија се најниските во регионот. И очигледно е дека тие имаат право на револт и  да бараат повисоки плати, што ќе им обезбеди подобро вршење на работата. Но, исто така е важно учениците да не губат од наставата и од предавањата. Тоа што сакам да посочам дополнително за протестот од страна на наставниот кадар е тоа што, за жал, ако гледаме во изминатите години, и до ден денеска, СОНК како  работеше, е тоа што секогаш протестираат за повисоки плати, тие никогаш не протестираат за повисок квалитет во образованието. Ние треба да разговараме, заедно со младите, да се бориме за поквалитетен образовен систем, а не само за повисоки плати, затоа што е важно какви кадри ќе излезат од основното и од средното образование, кои ќе се вклучат во високото образование. Тука треба да бидат вклучени сите актери, од ученици до наставници, за потоа да има поквалитетен кадар кој е потребен на пазарот на трудот, посочи Ходаи.

Ходаи се осврна и предрасудите и на говорот на омраза поттикнат од одредени учебници за средно образование, и како тоа влијае на целокупниот систем.

„Доколку зборуваме за образовниот систем и говорот на омраза, можам да кажам дека во средното образование има простор за ширење на говор на омраза. Зошто? Затоа што додека бев средношколец имав книги во кои имаше содржини со големи предрасуди кон другите заедници што живеат во земјава, и имаше говор на омраза исто така кон други заедници што живеат во земјава. Еден од примерите може да се најде во учебник за социологија, каде што пишува дека Албанците не можат да го контролираат процесот на креирање семејство, затоа што прават многу деца. Ова е една од содржините во учебникот за социологија, во кој има предрасуди кон една етничка заедница. Сакам да кажам дека образовниот систем е еден од клучните фактори зошто имаме говор на омраза и случаи кои водат  и кулминираат со тепачки и слично. За да се промени тоа, потребно е да се реформира целиот образовен систем, да се тргнат од користење тие учебници што содржат говор на омраза и предрасуди кон други заедници, и да се креира наратив дека различноста во земјава  е богатство, а не закана.“

Во однос на Законот за млади, Ходаи полемизира дека тој закон како да е донесен само ради имање закон, и површна имплементација, без вистинска функционалност.

Во 2017 година, кога беше основан Сојузот на средношколци, го основавме во едно мало кафуле, бидејќи во Тетово недостасуваа центри и простори каде што младите ќе можат да се дружат ќе дискутираат за различни иницијативи и проекти, и ден денеска нема. Македонската младина се соочува со тоа што кога немаш одреден простор каде што ќе можеш да одиш и да зборуваш за конкретни идеи, тогаш нема што да се зборува за младински стандарди. Во однос на законот за млади, за жал, ние имаме еден погрешен пристап кога зборуваме за подобрување на стандардот за млади, затоа што веруваме дека со донесување на закони, проблемите се решени.

Имаме Закон за млади, кој е донесен пред две години, а тоа и по две години не се имплементира како што треба. И не е проблем само имплементацијата, туку е проблем и како ќе се стави во функција тој закон. Ако гледаме една точка од тој закон, во која што пишува дека секоја општина и институција треба да има службеник за млади, а гледаме дека имаат, речиси сите, еве јас доаѓам од Тетово, а таму беше избран таков службеник пред пет-шест месеци, и да бидам искрен, веќе една недела се трудам со име и презиме да го најдам тој службеник, но не можам да го најдам. Така што, прашањето е дали тој службеник за млади, и служи на институцијата и општината, или службеникот му служи само на законот, или за тие што го креираат законот, да кажат “еве тоа е имплементирано“, вели меѓу другото Ходаи.

Дијана Тахири

Камера и фотографија: Горан Наумовски

Монтажа: Ариан Мехмети


Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ