• Latest

Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

April 21, 2022
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

April 21, 2022 12:43
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е втората панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“. Настанот се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб. Тема на панел дискусијата е „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Учесници на настанот се  универзитетскиот професор д-р Никола Дујовски и новинарите Љубомир Костовски од „Глобус“ и Дејан Андоновиќ од „Слободен печат“. Настанот го води  Биљана Јордановска, ЦИВИЛ.

Дејан Андоновиќ – Слободен Печат 

„Дезинформациите и пропагандата во медиумите се манифестираат со тоа што лажните информации доаѓаат до луѓето кои ги конзумираат тие информации и на некој начин им се искривуваат гледањата за одреден настан. Во случајот околу војната во Украина, јас прво мора да кажам дека како новинар кој ги следи настаните од тука преку медиумите, не гледам некои дезинформации, бидејќи и нашите медиуми практично се раководат од извори кои доаѓаат од западните агенции, има влијание, според моето искуство, од српските медиуми, кои се под жесток напад, или наплив на руските информативни медиуми, па оттаму, кога нашите читатели или слушатели ги гледаат директно српските медиуми, тогаш може да дојде до некакво, да кажеме руско влијание. Но, доколку нашите граѓани ги следат нашите медиуми, тогаш со сигурност нема речиси никакво влијание, бидејќи моето искуство кажува дека сите ние што сме по редакциите, внимателно ги следиме информациите. Мора да кажам и една друга работа, како новинар, а тоа неколку пати сум го кажал, независно од се, ми се чини дека не беше добра постапката да се укинат руските медиуми, бидејќи како новинари не можеме да ја гледаме и другата страна, која ние како професионалци сигурно нема да бидеме изманипулирани од нивната вистина, но ќе можевме да ги вагаме работите кои доаѓаат и од истокот и од западот.

Но, руското влијание успеа да се протне низ новите медиуми, пред се социјалните медиуми, каде што, на некој текст што се однесува на Украина, Русија, Путин итн., имаме милиони и милиони лажни или вистински ботови или вистински адреси или луѓе кои ги критикуваат постапките на премиерот или претседателот во корист на Русија, и тука се гледа едно мало про-руско влијание. Или, ако се тоа вистински луѓе, тогаш ни е јасно и зошто тоа го коментираат. Доколку се ботови, тоа е друга приказна која нема врска со информациите, туку се тоа веќе компјутери и информатика, вели меѓу другото Андоновиќ.

Љубомир Костовски – Глобус 

„Мислам дека руската пропаганда кај нас е многу силна,  некаде од 2015 година, од појавата на таканаречените бомби на СДСМ, и оттогаш се гледа дека сите нивни реакции, следења и коментари, беа многу одбранбени во однос на тогашната актуелна власт. Во рамки на една своја поделба на светот, на стари демократски земји, кои се нивни, да речеме политички опоненти, има земји кои се некаде на границата, кои и нас не третираат така, и кои треба да бидат во рамки на она што беше замислено во Москва, таканаречено „Православно братство“.

Во кое треба да доминира нивниот интерес, едноставно се сметаше дека ние сме некаква зона на интерес, во кои западот се обидува преку таканаречени „обоени револуции“ да направи  промени на нивна штета, во конфигурација на интересите. Тука беше секако и Македонија од почетокот на своите аспирации да влезе во НАТО, а пропаганда кај нашите медиуми е кога немате вести. Кај нас на пример апсолутно го немаше известувањето за делувањето на Русија во Грција, вели Костовски.

Д-р. Никола Дујовски 

„Од безбедносен аспект, станува збор за навистина сериозен проблем и голем предизвик за нашата држава којашто по членството во НАТО има сериозна обврска да гради безбедносна политика која е соодветна и иста со другите земји членки во НАТО. Ова засилено влијание, или таканаречена хибридна војна во медиумите, со лажните вести, започна уште пред една деценија, кога почнаа сериозно да се ладат односите помеѓу НАТО и Русија. И откога договорот за партнерство помеѓу НАТО и Русија, стана јасно дека е нефункционален. Можеме проблемот да го согледуваме од домашен аспект, и само единствено за Македонија, но секако мораме да бидеме свесни дека ваквите прашања се и регионални прашања, и ниту една држава во регионот, не само тие кои не се членки на НАТО или Европската Унија, туку и земјите членки, се под сериозно влијание на руската погрешна пропаганда. Можеби и повеќе отколку во Македонија.

Ќе направам една кратка ретроспектива за тоа што се случуваше во Црна Гора пред нивното полноправно членство во НАТО, на какви се лажни вести тие беа изложени. Голем дел од економските оператори кои работеа во Црна Гора се повлекоа, па дури и неколку дена пред референдумот за членство, се спречи и сериозен обид за напад врз власта во Црна Гора и беше спречен обид за атентат. Коешто потоа беше пренесено повеќе како лажна вест, отколку како вистина, меѓутоа, да, сериозно се влијаеше, посочува Дујовски.

Дијана Тахири

Камера: Дехран Муратов

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети 


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ