• Latest

Шекеринска: Потребен е поинаков поглед кон политиката во Македонија

June 26, 2016

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска: Потребен е поинаков поглед кон политиката во Македонија

June 26, 2016 12:45
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Радмила Шекеринска, потпретседателка на СДСМ, во разговор за ЦИВИЛ Медиа ја пoсочи потребата од градење на сојузништва меѓу партиите и социјалните движења, како и сите останати кои ги делат истите вредности. „Политичките партии кои учествуваат во протестите, можат да се збогатат заради соработката со невладиниот сектор, со социјалните движења… Јасно станува дека можеме да добиеме многу енергија, многу ентузијазам, па и знаење“, вели Шекеринска

„Јас сум убедена дека од сето ова ќе излеземе со поотворени политички партии, партии поподготвени да прифатат различно мислење и да бараат некаков консензус плус, да имаат многу повеќе чувство дека тие се единствените кои што одлучуваат во државата“, изјави Шекеринска за ЦИВИЛ Медиа.

https://www.youtube.com/watch?v=uqGGu-y94Y0

ЦИВИЛ Медиа: Каков е вашиот став за социјалните движења кои не се отпочнати од СДСМ? Дали ги гледате како сојузници кои можат да помогнат во уривање на режимот и дали тие може да се искористат за отворање на партијата кон граѓаните и за развивање на основите на демократското општество?

ШЕКЕРИНСКА: Секоја земја има свои специфики. Меѓутоа, во земја како Македонија, со огромен економски дефицит, со огромни прашалници за владеењето на правото, мислам дека ниту партиите, ниту социјалните движења имаат избор. Партиите коишто се противат на таквото владеење, мора да гледаат партнери и сојузници во сите оние што ги делат истите вредности. Има време кога ќе треба да се постави линијата меѓу едните и другите. Меѓутоа, во овој момент, во вакви моменти, политичките партии мора да покажат ширина, а сите оние кои учествуваат во социјалните движења, треба да покажат отвореност кон она што би им изгледало незамисливо неколку години претходно, и сега да им изгледа прифатливо. Ако зборуваме за вредности од типот демократија, слобода, владеење на право…, секој партнер мора да ни биде важен партнер.

ЦИВИЛ Медиа: Колку оваа политичка криза со која се соочуваме и начинот на кој се обидуваме да ја решиме, на улица, преку протести, може да влијае или би влијаела врз внатрешните реформи во самата партија?

ШЕКЕРИНСКА: Јас сум воспитувана да бидам оптимист и дури кога сите паѓаме во депресија и незадоволство за тоа колку време, колку енергија, колку шанси испушти Македонија во целиот овој десетгодишен изминат период, во целата криза, сакам да гледам и на некои добри страни. По мене, ако ја истераме работата до крај како што треба, ќе имаме две големи придобивки од сето она што се случуваше во измината година ипол. Прво, кризата помогна да се намалат разликите меѓу различни етнички заедници во нашето општество. Тоа што ни изгледаше незамисливо пред година ипол – да го разбиеме тој мит дека само етнички се гласа, дека политички човек може да биде активен во етнички определени партии, тоа сега веќе е минато. Втората голема работа која можеме да ја материјализираме е: политичките партии кои учествуваат во протестите, практично однатре да се збогатат заради соработката со невладиниот сектор, со социјалните движења и слично. Мислам дека тоа се случува во моментот. Јасно станува дека можеме да добиеме многу енергија, многу ентузијазам, па и знаење.

Претпоставувам дека резерви имаше и од двете страни. Луѓето кои се во политичките партии, некогаш сметаат дека луѓето надвор од нив премногу бараат, премногу критикуваат. Важи и обратниот стереотип, дека луѓето кои што се во невладиниот свет, кои што се само активни граѓани, имаат стереотипи и кон политичките партии и кон нивните членови кои не секогаш се оправдани. Така што мислам дека ова беше процес на меѓусебно учење. Јас сум убедена дека од сето ова ќе излеземе со поотворени политички партии, партии поподготвени да прифатат различно мислење и да бараат некаков консензус плус да имаат многу повеќе чувство дека тие се единствените кои што одлучуваат во државата. Убедена сум дека и сега политичките партии кои што се приклучија не се истите какви што беа пред две години. И навистина, она што мислам дека е голема можност на оваа движење е политиката во Македонија веќе да не ја сфаќаме на истиот начин.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Македонијаполитичка кризаРадмила ШекеринскаСДСМЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ