• Latest

Кога совеста е мртва, тогаш умира вистината  

May 5, 2022
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кога совеста е мртва, тогаш умира вистината  

Воената руска агресија врз Украина само ги врати пропагандата, манипулациите на пиедесталот на лагата. Како што сите современи војни се хибридни, така и сите информации во војна се хибридни. Како што на воениот терен се води оружена војна за секој метар земја, така во етерот се води исто така жестока војна за наклоност на јавното мислење. Од една страна осудата за воената агресија, од другата страна оправдувањата за неа.

May 5, 2022 13:41
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Зад највлијателните пропагандни машинерии стојат моќни држави со моќни буџети, со моќни организации. Тие катадневно продуцираат агресивна пропагандна информативна војна во која доминираат лагата и манипулацијата и во која умира вистината.

Во овој, нели современ и технолошки напреден свет нема витештво ниту во секојдневието и уште помалку во војните. Во времињата на предисторијата, пред оваа западна цивилизација да почне да ги брои годините, војните се воделе надвор од населените места. Светот бил поштеден од воени разурнувања, од жртви на цивили, деца и нивните мајки. Ниту, пак, за време на воените објави онака кукавички се начекува непријателот во заседа. Сè било транспарентно. Царевите и кралевите ги закажувале термините за судир на нивните војски надвор од градовите, од населените места. Таму, на полјаните, мажите се судирале гради в гради, па кој ќе победи, ќе победи. Потоа, веста ќе ја пренеле гласниците и на победниците и на поразените.

Денес, сè е подмукло. Масовно се убиваат цивили. Деца и жени на спиење. Последниот европски пример со руската агресија врз Украина е траорно загрижувачки. Веќе е тешко да се уточни бројот на досега загинатите, а на војната не ѝ се гледа крајот. Царува оружјето и царуваат лажните вести, а пропагандата од сите страни го манипулира светското јавно мислење. Оваа војна во европска Украина не е само воена војна. Ова е војна на вести, на информации, на манипулации, на пропаганди, на кампањи. Како што на воениот терен се води оружена војна за секој метар земја, така во етерот се води исто така жестока војна за наклоност на јавното мислење. Од една страна осудата за воената агресија, од другата страна оправдувањата за неа.

Руската државна пропаганда има монопол во мнугу сфери во Русија

Андреј Захаров е новинар во руската редакција на британскиот јавен сервис ББС. Во интервју за македонскиот портал на „Метаморфозис“ тој вели:

„Пропагандата е еден од основните фактори и причина за поткрепа на Русија така што забележуваме неколку вида на пропаганда. Еден од нив е државната пропаганда во многуте телевизиски канали и агенции кои имаат монопол во многу сфери, а тоа посебно се однесува на телевизиите. Во исто време, сите независни телевизиски канали беа запрени, останаа без сигнал. Згора, сите популарни независни медиуми беа стопирани, иако сè уште има по некој од регионалните медиуми. Исто и интернетот и тоа на почетокот на војната, како што беше случај со Би-Би-Си.“

Тоа што преостанува е државната пропаганда, како што во интервјуто сведочи Захаров.

„Така, сега гледаме само голем број државни новински агенции кои се сведени само на ниво на пропаганда. Другото ниво е ‘фабриката’ за тролови кое, како што спомнавте, се наоѓа во Санкт Петербург каде што, нели, немаат посебна канцеларија која се занимава со војната. Еден од моите поранешни колеги од Сан Петербург кој се уште живее таму, направи многу добар извештај за таканаречениот воен одел на извесната ‘фабрика’ за тролови кој беше употребен за американските избори во 2016-та година“ – вели Захаров.

Без оглед на различните примеси и целта, дезинформациите се шират преку светските, регионалните, локалните медиуми, преку интернетот и социјалните мрежи, никнуваат хибридни медиумски продукти како печурки, портали без импресум… Тоа се големи, а невидливи, недефинирани и безимени информативни, практично пропагандистички центри. Голем број од нив очигледно се финансирани директно од воените буџети.

По вистината посебно се опасни оние традиционални, па и интернет медиуми кои кај јавноста веќе уживаат доверба но кои, во посебни околности какви што се воените, непринципиелно заземаат страна, известуваат еднострано и емитуваат нецелосни и лажни информации за состојбите на теренот. Јавноста ним априори им верува и врз основа на претходно стекнатата доверба, нивните информации ги прима без двоумење, без никаков сомнеж и без никаква проверка на автентичноста. Таквите медиуми практично „се жртвуваат“, ја жртвуваат и го ставаат на коцка претходно стекнатиот рејтинг кај медиумската публика, кај своите консументи. Тоа, таквиот пристап, таквото свртување од вистината спрема манипулациите, уредништвата често го оправдуваат со познатиот лозунг според кој целта ги одредува средствата.

Посебно ако таквата медиумска уредувачка политика е насочена против агресорот. Против субјектот кој неправедно, надвор од сите меѓународни цивилизациски стандарди на правото и на воената доктрина, па и на етика, каков што е актуелниот случај со ненајавената и со ништо оправдана агресија на руската армија врз украинскиот народ. Тогаш, во таквите околности,  јавноста, иако е тоа како меч со две острици, донекаде би можела и да има разбирање за таквите не докрај објективни постапки, за таквите излети на својот омилен извор на дотогаш целосно автентични, вистинити и објективни информации.

За оваа војна руската пропаганда ги подготвуваше луѓето осум години

Хибридните информативни и пропагандистички војни, најчесто не почнуваат со чинот на воената агресија на теренот. Жестоки медиумски проектили од лаги, невистини, поместувања, манипулации, искривувања на факти, насочувања на јавното мислење од една во друга крајност, од едни на други настани. И тоа се практично подготовки на јавноста, пред сè, на домашната но и воопшто, за воените намери што ги подготвува агресорот.

Целта на ваквата тактика е претходно да се подготви домашната јавност агресијата на својата политичка елита и на својата војска да ја прифати со одобрување и не како чин на напад туку како чин на сопствена одбрана.

Во таа насока со директно искуство сведочи и рускиот новинар на Би-Би-Си, Захаров:

„Анкетарите велат дека, кога им се обраќаат на луѓето да ги прашаат за војната, тие одговараат дека нема да зборуваат за војната бидејќи според законот војната во Украина не смееш да ја наречеш ‘војна’, туку само ‘специјална операција’ зашто во спротивно можеш да бидеш парично казнет или уапсен. Но има многу луѓе кои ги поддржуваат воените настани иако не станува збор за непосредна пропаганда. За оваа војна луѓето се подготвувани осум години, уште од времето на кримските настани. За ова сега, пропагандата ги подготви агитирајќи дека војната е добра и дека Украина е фалшива држава“ – вели Захаров.

Според него, пропагандата трае со години и на луѓето се обидува да им го врежи убедувањето дека војната е добра за нив.

„Доколку во империи како што е Русија во текот на многу години се пропагира дека војната е добра и дека империјата треба да се врати, тогаш тоа кај луѓето, кај нивните чувства, предизвикува основа за реваншистички милитаризам па не може да се каже дека е сè до војната на Путин. Сигурен сум дека доколку имавме друг претседател кој не би ги подготвувал луѓето за оваа војна, тогаш таа ќе немаше таква поддршка.“

Таа поддршка е со неверојатен интензитет. Луѓето не им веруваат ниту на своите роднини, вели Захаров:

„Гледам дека луѓето ја подржуваат затоа што се евидентни многу случаи кога Украинци на своите роднини во Русија им пишуваат и им испраќаат слики и видеа од воени злосторства, а луѓето во Русија велат дека тие се фалшиви. Понекогаш тие ја  игнорираат реалноста зашто ако ја игнорираш реалноста таа како да не се случила.“

Моќните се моќни и во оружјето и во лагата

Тука и таму, со поголем или со помал интензитет, информативна, па и хибридна војна имавме и за време на Ковид пандемијата, посебно на почетокот на вирусната ескалација. На оваа тема за пошироко во на барање на европскиот парламент е изготвена и посебна студија. Во неа, во регионот каде што се наоѓа и нашата земја студијата констатира дека напливот на дезинформации е карактеристичен во услови на криза од било каква природа.

Потоа, дека актуелната пандемија е поттик за наплив на лажни вести и информации и дека сепак, во овој европски регион, не станува збор за организирана продукција на лажни вести и други информации од посебни политички, бизнис, фармацевтски или било кои други наменски центри.

Манипуланти умеат да бидат и обичните граѓанин

Ако сепак се обидеме да побараме барем еден од многуте можни одговори за тоа од каде и зошто толку лажни вести како со воената криза во Украина, така и со пандемијата тогаш, покрај глобалните државни пропаганди и многуте познати и јавни и уште побројните затскриени и мистични центри за продукција на лажната „вистина“, може да се констатира дека авторство на лагата може да се препише и на таканаречениот обичен човек.

На граѓанинот зад компјутерот или зад тастатурата и фотоапаратот на својот мобилен. Разно разни од незнаење, од неукост или со намера продуцирани или раширени вести од поединци или од страна на интересни интернет граѓански групи како што се ваксери, антиваксери, медицинари и надримедицнари. И, очигледно, најмногу од исплашените, од недоволно едуцираните поединци кои, користејќи ги интернет алатките, масовно се присутни во јавноста со сето свое незнаење, страв или едноставно поради личните ментални потреби да продуцираат пакости.

Сепак, зад највлијателните пропагандни машинерии стојат моќни држави со моќни буџети, со моќни организации. Тие катадневно и без ронка совест продуцираат агресивна пропаганда во која доминира лагата и во која умира вистината.


Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на Авторот, и не ги одразуваат оние на донаторските институции. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ