• Latest

Власта бира претседател на СПУКМ: Избори без избор!

June 30, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта бира претседател на СПУКМ: Избори без избор!

June 30, 2016 14:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” денеска се одржуваат избори за претседател на Студентскиот парламент. Изјаснувањето на студентите започна во 9.00 часот, со голем број на прекршувања и без основни услови за одржување на фер и демократски избори.

13555859_1910217555871854_816509685_o

Гласачките ливчиња се флаери без печат, нема паравани за да се обезбеди тајноста на гласањето, гласачките кутии се обложени со бела хартија, а утрово се водеше и интензивна „црна кампања“, против поддржувачите на Студентскиот пленум.

13556079_1278105452217635_1443831779_o
Земајќи ги во предвид овие неправилности, како и фактот дека, како што стои во соопштението на Студентскиот пленум, “oвие избори се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени во лето, надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата, бидејќи им е истечен мандатот”, поддржувачите на Студентскиот пленум, точно напладне го бојкотираа изборот.

Од Студентскиот пленум обвинуваат дека комисијата не ги легитимира студентите, ниту пак членовите на Комисијата се легитимирале. Актуелниот претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спироски, чиј мандат е истечен пред две години, изјави дека треба да им се даде шанса на студентите да спроведат избори, а за начинот на кој се спроведуват изборите посочи дека се надлежни од Државната изборна комисија.

Изборите се одвиваат на 23 факултети кои се дел од УКИМ, и треба да завршат во 16,00 часот.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориМакедонијаСПУКИМЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result