• Latest

Димитриевски: Во иднина треба да креираме непартиско општество кое реално ќе биде еднакво за сите

June 11, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Димитриевски: Во иднина треба да креираме непартиско општество кое реално ќе биде еднакво за сите

June 11, 2022 14:03
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија е специфична држава бидејќи во неа живеат различни народи од различни вери и различна етинчка припадност. Секогаш во ваквите држави нормално е да се очекуваат одредени проблеми. реалноста е една што е на терен, а политичката оссотјба е нешто сосема друго. Тензии меѓу политичките субјекти на етничко ниво нема и не постојат. Реално граѓаните сакаат да живеат заедно, соработуваат максимално, ако го земеме за пример Куманово, но постои поделеност на етничкао основа и тоа е нашата реалност. Ние избраните лица имаме обврска да ги намалиме тие поделености“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово зборувајќи за меѓуетничката сосотојба на нашата земја.

Според Димитриевски младите луѓе се поделени по етничка основа и потребно е да се вложат напори и тоа системски да се реши, повторно да се обединат. Димтриевски истакна дека Општината секогаш се обидува во организација на настаните и манифестациите да промовира мултикутурализам, иако тоа не е доволно.

„Верувам дека е потребно да помине време, но и многу повеќе реални, отколку декларативни напори за да се подобрат односите“, вели Димитриевски.

„Од аспект на дикркиминација денеска не можам да кажам дека во Македонија има некои сериозни облици на дискриминација. Многупати се користи терминот маргинализирани групи. Не сум поборник на една таква дебата. Сметам дека нема простор во едно модерно општество за маргинализирани групи и било кој да се чувствува маргинализирано, сепак тоа се индивидуални ставови на одредени поединци. Ние тежнееме да живееме во едно модерно општество во кое има простор и место за сите, а секој нека одлучува во рамки на својот живот како ќе го живее, но притоа не треба да се потенцира премногу дека некој е маргинализиран, бидејќи на тој начин вие самите себеси се маргинализирате“, смета Димитриевски во врска со идентификување на дискриминацијата во нашата држава.

„Бев уверен и сè уште сум дека Македонија може, реално, да изгради еднакво општество за сите. Но, еднакво општество за сите не е замисла да биде еднакво само за граѓаните, туку за сите, вклучувајќи ги и политичките елити. Денеска во државата имаме сосема друга состојба. Имате едно општество за политичката елита и друго општество, останатиот дел од општеството за граѓаните, што е несвојствено. Тоа значи имате поделено општество, да не речам класно поделено општество. Значи од една стран оние што се во политика или се блиски до политичките субјекти без разлика дали денеска се на власт или во опозиција и се здружени во одредени облици на делување, а тоа се вика политичка партија  сите останати граѓани кои многу често се прашуваат дали има простор и место за нас. Голем дел од нив, особено прогресивните млади сили поради тоа и тие фрустрации си заминуваат од државата.

Зошто? Па правите еден конкурс за вработување и гледате дека нема место за најквалитетниот во генерацијата да се вработи, туку сепак, кадровското решение го дава некој од политичките субјекти кое е на власт, за некое лице кое не е кфалификувано како самиот конкурент и доаѓа до фрустрација“; истакна Максим, зборувајќи за концептот „едно општество за сите“.

„Можеби во иднина треба да креираме непартиско општество кое реално ќе им припаѓа на сите, а не да креираме едно општество за сите под знак наводници каде во тоа општество ќе има посебен дел за обичниот граѓанин и посебен дел за политичката елита и луѓето што им даваат континуирана поддршка“, заклучи Димиитриевски.

Б. Јордановска

камера: Дерхран Муратов


Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ