• Latest
Џабир Дерала

Лажлива криминално-диктаторска матрица

June 16, 2022

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Лажлива криминално-диктаторска матрица

June 16, 2022 12:22
in КОМПАС, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Една работа не можат да разберат. Пристојни и разумни луѓе не им веруваат. И уште полошо. Сè што прават – се помни, сè што пишуваат или говорат – се проверува. Сето тоа е лесно во денешно време. Но тие се упорни. За што се работи?

Во тек е „специјалната операција“ на македонските рашисти на социјалните мрежи и во медиумите.

Од „наивни“ коментари со прашања од типот „ама Западот “, „зошто за нив, а кај сме ние?“, „а зошто не пишувате за…?“ (за астрофизика ли да им пишувам?), па сè до експлицитен говор на омразата, нивната „операција“ сè повеќе е „проширена и надградена“ соодветно на руската агресија против Украина и целиот демократски свет.

Некои од објавите или коментарите се обидуваат да бидат и креативни, но освен да пласираат мрсни лаги, не им успева ништо друго. На пример, во еден твит целосно се измислува изјава со алузија на конкретен настан, а потоа таа изјава лажно ми се припишува мене. На твитот е прикачена и моја фотографија за нивната манипулација да изгледа што поуверливо. Вториот дел од нивната мала рашистичка „вежба“ се состои во споделување и коментари во кои има навреди и говор на омраза. Класика!

Меѓу коментарите се и оние кои ги предизвикуваат вистиномерите да ја проверат измислената „изјава“. Убеден сум дека твитот ќе биде предмет на обработка на некој од мониторинг тимовите, било на Цивил или на некоја друга организација. Но добро е да се знае дека нивните глупави твитови се само еден мал, микроскопски дел од „специјалната операција“ на рашистите.

Објавите на социјалните мрежи се само добра илустрација за кампањите со дезинформации и пропаганда со кои се соочува јавноста во изминатите десетина, па и повеќе години. Кампањата против мене трае и подолго, би рекол, од самиот почеток на постоењето на Цивил (основан 1999 година). Мора да се знае дека вистинска мета се вредностите што ги застапуваме. Им пречат идеите и заложбите за слобода, демократија, мир и почитување на човековите права.

Дезинформациите имаат цел да го одвлечат вниманието, да прикријат нечија криминална или неморална постапка или да внесат страв и поделби меѓу луѓето или да предизвикаат нестабилност и насилство.

Преку напад, заплашување и дискредитација на поединци, тие се обидуваат да ги дискредитираат демократските институции и да ги попречат клучните процеси со кои се остваруваат јавните, локалните или националните интереси. Тоа е нивната вистинска цел. Затоа, одамна решив да ја следам работата на шефовите на тие „специјални операции“, а не пропагандната пешадија на социјалните мрежи. Само кога е неопходно, се занимавам и со квази-новинарите и квази-интелектуалците што се само запчаници во таа машинерија.

Со години, па и децении покренуваат цели телевизиски, а порано и судско-полициски „операции“ против мене и организацијата во која работам. Социјалните мрежи биле само почеток и придружен елемент на тие „операции“ што ги водат цели политички партии. Против кого? Против луѓе што ја зборуваат вистината и кои ѝ мислат добро на Македонија.

Кутрите, многу сакаат да бидат духовити, но тоа најчесто се сведува на неуспешни обиди или чиста кражба на авторски труд, лошо преработен за да им послужи на нивните валкани цели. Во „операциите“ на рашистите на социјалните мрежи се вклучуваат лажни профили зад кои извесно знам дека стојат дури и функционери на една (сѐ уште) голема и богата и една помала политичка партија. Таа, помалата партија, нема толку пари за фрлање, затоа што нивното мрсулинче (лидерче) допрва сака вистински да се збогати од парите на граѓанките и граѓаните. Но затоа се уште поврескави и повалкани од својата голема, мрсна политичка сестра. Во „операциите“ секогаш се вклучени медиумите под нивна контрола.

Зошто ги нарекувам со ново име рашисти? Затоа што се работи за структури кои на својот грб ја носат руската пропаганда во нашата земја чија најлесна цел се прогресивните луѓе кои не си дозволуваат да се спуштат на нивно ниво. И нервозни се, како и главниот и најголем злосторник кој седи сам на 30-метарската бела маса со китнести детали во истата боја. Не можат никако да се помират со поразот на нивната пропаганда, затоа што добија јавен одговор што е силен и поткрепен со факти.

Пропагандата на рашистите во изминатите години, а особено во изминатите месеци, во најголем дел се состои во обид да ги оправдаат грозоморните воени злосторства што ги спроведува руската армија и паравојски во Украина. Зошто? Затоа што се дел од истата лажлива криминално-диктаторска матрица. Агендата е позната. Да приграбат што е можно повеќе влијание, да предизвикаат политичка криза и дестабилизација. Ете, затоа ги нарекувам со нивното ново име – рашисти, иако се работи за истите ликови, чија морална конституција не може да се опише никако, освен со најпогрдни зборови. Ете, тие се носители на „специјалната операција“ против македонските национални интереси и спроведуваат валкана пропаганда против поединци, групи и институции.

Некултура, незнаење, вулгарност и омраза се главните одлики на нивните пропагандни активности. Сепак, најмногу од сѐ, во нивната пропаганда се гледа страв. Страв дека ќе бидат разобличени, страв дека може да ги изгубат позициите, парите и моќта, страв дека нема да успеат да се стекнат со уште повеќе пари и моќ. Срам? Тоа немаат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање според лиценцата Creative Commons 4.0. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ