• Latest

Бриф: Патот до Преспа

June 16, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бриф: Патот до Преспа

June 16, 2022 12:46
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Охрид денеска започна дводневната меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, во организација на Министерството за надворешни работи, чие овогодинешно издание го носи името „Градењето на иднината на западниот Балкан во современата безбедносна архитектура“.

Преспа форумот за дијалог ќе ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан, со посебен осврт врз импликациите на војната во Украина врз севкупните меѓународни, политички, безбедносни, економски прилики во Европа и пошироко.

Дискусиите ќе бидат поделени по сесии и панели, на кои активно ќе земат учество претседатели на држави, премиери, шефови на дипломати/други ресорни министри, како и меѓународни експерти.

Преспански договор

Форумот за дијалог е именуван по местото ( Преспа) каде што се потпиша историскиот Преспански Договор помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.

Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици на Преспанското Езеро. Со Договорот се раскина Времената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година, и стана решение за спорот помеѓу Грција и Македонија за воспоставување стратешко партнерство меѓу двете држави.

Потпишување на „Преспански договор“, Нивице, Преспа

Според договорот, Република Македонија го промени своето официјално и уставно име во Република Северна Македонија, ерга омнес, а Грција го призна државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, се согласи да го именува официјалниот јазик на соседната земја како македонски, и се обврза да не го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

Одлука за референдум

Собранието на Република Македонија, на 30 јули 2018 година распиша  референдум со што им се даде можност кој  граѓанките и граѓаните на земјава да гласаат според свое убедување за промена на името на државата. Референдумот се одржа на 30 септември 2018 година.

Гласам, значи постојам!

ЦИВИЛ го набљудуваше и Референдумот со 28 долгорочни набљудувачи и 307 краткорочни набљудувачи низ целата земја, акредитирани од Државната изборна комисија.  Како општествено одговорна организација, ЦИВИЛ во текот на септември 2018 година го спроведе проектот „Гласам, значи постојам“ со главна цел остварување на неприкосновеното право на глас на граѓанките и граѓаните.

Пораки од граѓаните – „Гласам, значи постојам“, Штип, септември 2018 година

Екипите на ЦИВИЛ поставија инфо штандови во општините низ целата земја, на кои граѓанките и граѓаните имаа можност низ комуникација со членовите на организацијата да ги споделат своите ставови, мислења и информации во врска со референдумот. На штандовите беа поставени паноа на кои граѓаните испишуваа пораки преку кои ги изразуваа своите чувства и ставови во врска со референдумот, како и „кутии за гласање“ во кои можеа анонимно да си ги остават своите пораки.

Пораки од граѓаните во проектот на ЦИВИЛ „Гласам, значи постојам“, септември, 2018 година

Велес, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Битола, Могила, Прилеп, Струга, Гостивар, Тетово, Штип, Радовиш, Пробиштип, Лозово, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Дојран, Богданци, и скопските општини Шуто Оризари, Чаир, Центар како и Старата скопска Чаршија се општините и местата на кои екипите на ЦИВИЛ ги поставија своите штандови и ги информираа граѓанките и граѓаните за своите гласачки права.

Пораки од граѓаните – „Гласам, значи проектот“, Струга, септември 2018 година

Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ преку видео порака ја информира јавноста за потребата на проектот „Гласам, значи постојам“, и го соопшти ставот на организацијата во однос на гласачкото право на граѓанките и граѓаните.

„Ние како организација сме секогаш за тоа луѓето да ги искористат сите можности и сите права и да учествуваат во еден важен политички и општествен процес, а со тоа се подразбира дека ние како организација ќе повикуваме на гласање. Нема никому да му сугерираме како да гласа. Дали да гласа против или за, туку ќе ги охрабриме луѓето да го дадат својот глас. Значи да излезат да гласаат. Тоа е важно затоа што на тој начин се практикува демократијата. Демократијата не се само неколку функционери на власт, туку демократијата ја подразбираат сите граѓанки и граѓани на една земја и заради тоа сметаме дека тие треба масовно да излезат на гласање. Тоа е нешто за што ќе ги охрабруваме постојано, на терен.

Исто така, ние бараме од институциите да овозможат максимално почитување на човековото право на глас а со тоа да обезбедат услови, односно да ги санкционираат сите изрази на говор на омраза, сите обиди да се попречат луѓето да гласаат.

Очекуваме од медиумите да им помогнат на граѓанките и граѓаните да донесат информиран избор. А не да бидат мета на нивните политичко пропагандни дејства или мета на лажни вести. Што се однесува до оние содржини коишто се од пропаганден карактер, се разбира дека секој има право да спроведува кампања и да врши пропаганда, меѓутоа многу е важно тие да бидат јасно означени, да бидат јасно одвоени од информативната содржина. Информативната содржина треба да изобилува со информации кои се однесуваат на човековото право на глас. Информативните содржини исто така би требало да изобилуваат со информации за тоа кои би биле придобивките од оваа спогодба. Но, исто така, и со информации за тоа што таа спогодба точно значи.

Во домен на нашиот проект „Гласам, значи постојам!“, самиот наслов кажува дека ние ги повикуваме граѓанките и граѓаните да гласаат. А како ќе гласаат тоа зависи од нивната волја. Меѓутоа, исто така, многу остро ќе се спротивставиме на секоја тенденција граѓанките и граѓаните да се чувствуваат заплашени да излезат да гласаат или пак да бидат манипулирани со лажни вести и говор на омраза за да гласаат на овој или на оној начин, порача Дерала.

На Референдумот што се одржа на 30 септември 2018 година,  ЗА промена на името гласаа 609.813 граѓанки и граѓани, односно 94,18% од вкупниот број излезени гласачи.

Подготвила: Дијана Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ