• Latest

Македонија: Преглед на настани (02-03 јули 2016)

July 4, 2016

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (02-03 јули 2016)

July 4, 2016 10:29
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Викенд преглед на најважните настани во Република Македонија (02-03 јули 2016 година): Шарената револуција најави еден протест неделно || ЕУ со санкции за Македонија || ДИК ќе ја промени методологијата на прочистување на Избирачкиот список || ЛДП со порака за обединета опозиција || Намалени платите на судската администрација која протестира 

timeline

Шарената револуција најави еден протест неделно

13043328_950144745103995_7047191821416542985_n-500x333-1-470x246

Од „Шарената револуција“ најавија дека нема да ги прекинуваат протестите за време на летото. Велат дека еднаш неделно ќе има по еден голем протест, заради поголема масовност. Во меѓувреме, зависи од развојот на настаните, ќе се организираат герила акции и помали протести.Од „Шарената револуција“ даваат подршка на Студентскиот пленум. Воедно ги повикаа граѓаните да дадат поддршка на барањата на како што велат обесправените студенти.

ЕУ со санкции за Македонија

eu

Македонија нема да ги добие планираните 27 милиони евра од европскиот ИПА Фонд за годинава, а нема да се одобруваат ниту нови проекти поради неспособноста и немањето волја од  Владата да ги исполни реформските ветувања, потврдија официјално од Европската Комисија. Една од причините е и влошената политичка криза.Нецелосната пресметка во овој момент укажува дека Македонија  со овие санкции во моментов би можела да загуби најмалку 130 милиони евра .

ДИК ќе ја промени методологијата на прочистување на Избирачкиот список

Untitled

ДИК интензивно работи на промена на методологиите за пречистување на Избирачкиот список. Деновиве треба да им ги достави на разгледување на четирите политички партии, кои в среда, заедно со меѓународните набљудувачи, повторно ќе дојдат во ДИК на средба на специјалната работна група за Избирачки список. ДИК треба да одлучи како да се справи со 40 илјади спорни записи. Од нив, најголем број, околу 18 илјади, се лица кои добиле биометриски документ, но не поднеле апликација во МВР.

ЛДП со порака за обединета опозиција

Раководството на Либералната интернационала повторно во Македонија на средба со Либерално-демократската партија, со порака за обединување и формализирање на широк демократски опозициски фронт за конечна победа на слободата и демократијата.Последните случувања со скандалозните избори за студентскиот парламент, Шарената револуција, фијаското на претседателот Иванов со аболицијата и повлекувањето на истата, како и избирачкиот список, беа темите кои се разговараа на средбата.

Намалени платите на судската администрација која протестира 

На последната седница на судскиот буџетски совет донесена е одлука за намалување на платите на околу 2 000 административци. На седницата биле присутни сите претседатели на апелационите судови и претседателот на судскиот совет. Она што не е јасно во одлуката на судскиот буџетски совет е до која институција вработените кои ќе добијат решение за помали плати ќе можат да се жалат, бидејќи според законските процедури за ваков спор би требало да биде надлежен Управниот суд, но и тој е дел од институциите кои гласале за кратење на платата.


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

Tags: избориМакедонијасудствоЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ