• Latest
Џабир Дерала

Дали Мицкоски ќе ја носи фотелјата на грб или ќе ја турка на тркалца?

June 18, 2022
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Дали Мицкоски ќе ја носи фотелјата на грб или ќе ја турка на тркалца?

Нема ништо поточно за Мицкоски од ставот: Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно. Што му е гајле на Мицкоски за Македонија и Македонците? Тој има поважна работа – заштита на своите интереси и исполнување на сонот да дојде на власт.

June 18, 2022 13:58
in КОМПАС, КОНТЕКСТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Протестот на кој повика Мицкоски е уште една од долгата низа манипулации со членството. Тој со години се обидува да прикаже еден акт на терор како акт на „одбрана на уставот“. А тоа, пак, го прави затоа што нема идеја како да ги прикрие сопствените неуспеси. Не го прави тоа од патриотизам, бидејќи во тоа и онака нема никаков патриотизам, туку затоа што тоа е само средство за негово одржување во политиката.

Тој се обидува да се „вози“ на туѓа сметка (како и секогаш) и повикува на протест, обидувајќи се да ги собере плодовите од долготрајната кампања со дезинформации преку кои шири страв, несигурност и поделби меѓу луѓето. Нема ништо поточно за Мицкоски од ставот: Колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски. И обратно. Што му е гајле на Мицкоски за Македонија и Македонците? Тој има поважна работа – заштита на своите интереси и исполнување на сонот да дојде на власт. Членството во НАТО им донесе олеснување на сите, и најскептичните, но не и на оние што по секоја цена сакаат власт, пари и моќ. Макар и да се вазали на Кремљ. Меѓу нив е и Мицкоски.

Тие што мислат дека ќе го искористат партискиот превоз за да бидат на протестот и патем да завршат некоја работа, горко се лажат. Тоа се нивни пари, а превозот веќе одамна го плаќаат прескапо. Но не плаќаат скапо поради вртоглавите покачувања на цените на транспортот, туку поради вртоглаво големите апетити, поточно, алчноста на шефовите во Белата палата.

Кампањата на Мицкоски се потпира на незадоволството, стравот и неизвесноста. Причините се бројни, а голем број од нив и не зависат од домашните институции, ниту од владата, туку од светските текови. Ако основните производи поскапат поради руската агресија врз Украина, владата може само да се обиде да ги ублажи последиците (ги замрзна цените, на пример), но не и да го реши проблемот на светско ниво.

Логиката што ја наметнува Мицкоски и неговиот тим за пропаганда (црна) е дека буквално секој проблем во Македонија, безмалку и во светот, е предизвикан од владата. Ако на тоа му се додадат длабоко всадените фобии, омраза и национализам, рецептот и не е така лош. Добивате горчлив оброк чија реа се шири надалеку и предизвикува силно внимание. Колку луѓето се понаивни, толку „готвачот“ е поуспешен и „факторизиран“.

Така се манипулираат луѓето. Македонија е мала и сиромашна земја. Лесно е да се излажат луѓето, особено ако некој успее да ги убеди дека постои закана по нивната гордост и достоинство, а секако и по нивниот стандард, сигурност и безбедност. Во „специјалната операција“ страдаат фактите и расудувањето, а нивното место го заземаат сеништата на црната пропаганда.

Но не се сите толку наивни колку што изгледа на прв поглед. Една угледна американска организација направи истражување за внатрепартиската поддршка на политиката на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период во кој партијата „се прослави“ со блокади и опструкции на клучните процеси во земјата. Според резултатите од истражувањето, инаку достапни на високите функционери на дпмне, половина од членовите на партијата не ја одобруваат политиката на бојкот што ја спроведува Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Со таков внатрепартиски рејтинг и соочен со неуспех на неговата политика на сите нивоа и во сите области, Мицкоски тргна во својот, веројатно последен, обид да ја задржи својата фотелја. Белата палата не може да ја задржи, но затоа гледа барем фотелјата да си ја задржи. Дали ќе ја стави на грб или ќе ја турка на тркалца, останува да се види. За сега, му останува лошо осмислената и ужасно здодевна кампања со дезинформации и омраза. Неволјата на Мицкоски и неговото дпмне е голема. Интернетот памти сѐ, но за негова среќа, сѐ уште има доволно пари на располагање, па може да билда бројки на социјалните мрежи и на улиците.

Мицкоски мисли дека бројките можат да му го решат проблемот. Сепак, Математичарот се лаже. Без оглед на бројките, кајмакот ќе го соберат оние што се за модерно, прозападно и демократско вемеро. Навистина, прашање е колку партијата, како таква, може да се трансформира во модерна и нормална. Но подобро е да се распадне во обидите да се модернизира, отколку да продолжи да се распаѓа како антизападна, антимакедонска и деструктивна структура со мрачно криминално минато.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ