• Latest
Љубомир Костовски

Западот го нема Третиот човек во Софија

June 28, 2022
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Западот го нема Третиот човек во Софија

Одамна е јасно дека Американците се клучните фактори кои доведоа до тоа да има успех со Преспанскиот договор. Деновиве бевме сведоци дека ЕУ, по прашањето на симнувањето на ветото на Бугарија е импотентна, што би рекол албанскиот премиер Рама и таа се снаоѓа само во случаи каде што има акламативно прифаќање на некој предлог. Американската „опклада“ на харвардецот Петков како извршител на волјата на Вашингтон немаше ниту малку добар исход: тој сега толку ја искомплицира западната позиција во Софија, додека интересот на Москва е, се чини, долгорочно зацврстен

June 28, 2022 08:49
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кога непосредно спроти Новата 2019 година учествував во една пригодна ТВ емисија на која се бираше која е личноста на годината што изминува, јас без двоумење реков дека тоа е Никола Димитров, оперативецот во разговорите со Грција и можеби најзаслужниот за Преспанскиот договор од наша страна, што се случи рано летото. Се разбира, нагласив и дека тој Договор не би се случил ако другата страна не го имаше премиерот Ципрас, една исклучителна и речиси неповторлива личност од овие простори, кој разби некои табуа во надворешната политика на својата земја и за тоа плати висок цена.

Во такситo со кое се враќавме од ТВ студиото еден мој колега од албанска редакција (кој не сакаше да се изјасни за некоја личност која би ја издвоил во таа, секако динамична година) ми замери на изборот. За него потпишувањето на Договорот во Нивице, ако добро го разбрав е голем настан, ама рече дека споменатиот министер од моја страна сум го преценил, бидејќи, тој има силна закрила во животот од еден висок американски политичар (да го именуваме како „господин Р.“) кој практично заткулисно ја завршува работата.

Ова форма на помагање или насочување веројатно е често во високата политика, каде се вмешуваат интересите на мали и големи земји, каде се разрешуваат крупните геостратешки интереси. Мене таквите невидливи играчи ме потсетуваат на атмосферата од филмот „Третиот човек“, буквално, не преку својата трилер приказна сместена во повоената Виена, туку по фактот дека настаните се одвиваат во околности кога главниот актер е присутен, но со нејасен идентитет.

Во случајот со продолжување на средување на регионот (Преспанскиот договор ја внесе земјава во НАТО) соочен со приземниот и историски обид на бугарската крем-политика и нејзиниот акумулиран реваншизам, нашите западни сојузници очевидно го немаа својот Tрет човек? Или тој постои, но имаа избрано погрешни актери (тука секако и пред сè би го вброиле бугарскиот премиер во оставка) или клучната компонента во таа разврска (Макрон, односно Унијата) кои просто ја истурија кофата со млеко, полнета со исчекори низ години на одлагање, сега опседната само со поддршката на Украина и Молдавија за влез во чекалницата на ЕУ.

Рака на срце, сите замрзнати конфликти во регионот и онака Унијата никогаш не умеела да ги разреши (војната во БиХ, косовско-српскиот конфликт, двете спорни прашања врзани со македонскиот идентитет, спорот со Грција, а сега и со Бугарија) и тоа секогаш останувало „домашна задача“ на Белата куќа?!

Во еден миг, кога Вашингтон почна да ги зајакнува своите дипломатски тимови на Балканот од пред неколку години, се чинеше дека клучен играч во спроведувањето на американската агенда ќе биде Габриел Ескобар. Тој на еден волшебен начин, на пример, ја среди нервозата на српскиот лидер од БИХ Додик со еден црногорски лексилиум, според моделот познат од кладилниците „два во еден“. Во еден, велат многу кус разговор со црногорскиот претседател Ѓукановиќ, чија партија е во опозиција, тој успеа да ја протурка идејата со малцинската влада на Абазовиќ! Социјалистите од цетинската опција на Црна Гора се согласија да ја поддржат истата за од Владата во Подгорица да се отстранат најортодоксните просрпски националисти. Така, една балканска нестабилна ситуација се избистри со јакнење на прозапдната позиција на Монтенегро, потоа со битно слабеење на српското влијание кај нивниот јужен сосед, а посредно и со репозиционирање на најголемиот путинист на Балканот, именуваниот Додик!

И доаѓањето на хардвардскиот двоец Петков – Василев од преку Океанот беше очевиден користен патент (создавањето на нова бугарска партија – како некогаш ГЕРБ од страна на Меркел, која веднаш по основањето ги доби изборите и стана доминантна во креирањето на политиката во Софија): со самото нивно доаѓање во Бугарија на домашните играчи им беше јасно дека тие доаѓаат со американски „упат“ и дека веројатно имаат резервиран „термин“ на чело на идната власт! Ова сознание за софиските мериократи за дојденците секако е од контра-страна, од Кремљ, бидејќи таквата опсервација бара врвни информации од Вашингтон!

КОЈ ЈА РАСИПА ПРОЛЕТТА Првата средба на двајцата премиери, зимата 2022, беше ветувачка

И навистина истиот модел успеа повторно: Петков ја освои власта, со тоа што некои работи се повторуваат и како фарса – не беше доволно самостоен, што ќе беше премногу заради брзината на неговиот внес во политиката, а другите партии, кроени по западен терк, речиси не се гледаат во пејзажот; Меркеловиот дух веќе претходно изгуби конекција со Софија: таа кон Бојко Борисов се однесуваше во стилот „се родило, ќе го лула“. Петков имаше силна поддршка во оние интелектуалци кои и ние сакаме да ги цитираме често, но прашање е навистина колку се тие влијателни во сопственото јавно мислење?

Присуството на Третиот човек во композицијата после последниот декември, по изборите за Парламентот во Софија, едноставно не се гледаше, настана конфузија: Ципрас во Парламентот имаше најтесно можно мнозинство, но сепак, имаше мнозинство; тоа беше добиено како од неговите западни пријатели, така и од страна на новата левица, на која тој и припаѓа. Да додадеме дека пред Договорот со нас тој со неколку енергични потези расчисти со силното руско влијание во неговата земја.

Софија е – да не претераме – втората престолнина, после Москва, од која дејствува современото КГБ и целата руска пропаганда. Таа впрочем во оваа земја и не мора да го користи глаголот „дејствува“, просто само го активира копчето, таму каде што треба и колку што треба. Петков проба со некои чекори како Ципрас, пред сè, во мигот кога беа загрозени сојузничките активности во Украина (!), значи кога беше силно притиснат и од Брисел и од Вашингтон, но тоа не го допре ниту врвот на – што се вели – ледениот брег на путинизмот.

Место да биде поблизок со својата советничка Чернеева (а не Чернева, како што постојано грешат нашите новинари) најевропската политичарка во земјата, а која дојде во Скопје во јануари, во подготовка на посетата на Петров, тој одеднаш го покажа бугарскиот ген од Сан Стефано.

Но, кој беше новиот и клучен советник  на премиерот останува тајна – тој се почесто кокетираше со сопствената опозиција по однос на македонското стојалиште за спорот. Се говори сега и за неговото чудно однесување кон нашето приклучување кон азербејџанскиот гас во Александрополис (лесно се објаснува и од аспект на патерналистичка стратегијата – да бидеме врзани за тоа гориво ама преку Софија!), а што кај нас како ситуација е криено под тепих, како потег на Петров, за да чува меѓу нас неговиот наводен пријателски ореол. Би имале многу такви забелешки сега да ставаме на сметка на премиерот во оставка.

СТРАТЕГИЈА Има ли Софија поинакви планови со азербејџанскиот гас од Александрополис кога е нашата земја во прашање?

Целата шаховска игра што се случи деновиве во Софија од аспект на Радев и компанијата е брилијантно изведена. Најпрвин со смената на неговиот сопартиец на чело на Собранието – Минчев! Тоа мина лесно, како по путер, што се вели. Проба која ја илустрираше состојбата на силите! Во Европа тоа мина без да им трепне окото на политичарите – тие веќе нашата судбина ја пуштија во московски раце.

Македонското прашање не помина во надлежната комисија во нивното Собрание, со очевиден бојкот на главниот опозиционер Борисов, чија екс- министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја насочи топката кон премиерот и бараше тој пред парламентарците да го изнесе францускиот предлог. Кога Петков дојде на „боиштето“ ја изгуби довербата и без „круната на главата“ дојде во Брисел.

Таму никој не се збуни од тоа што пред нив стои премиер во оставка, кој бара да се прифати францускиот предлог кој се знаеше дека е неприфатлив за било која држава со макар и најмало чувство за сувереност. Кога Ковачевски го кажа она што едноставно и не можеше да го одбие –  да го наметне прашањето на темелна реконструкција на францускиот предлог, како да даде знак на Захариева и камарилата сега да не им пречи да го минат така обременетиот предлог (фактичко одбивање од Македонија) со свои анекси, еден куп, во собраниската комисија, а потоа и во Парламентот со привремен претседавач, дури под шума од плакати на кои пишуваше дека „Македонија е бугарска“.

За Брисел беше важно дека францускиот предлог (во основа – парафранцускиот) да е изгласат и тие да ја сметаат таа искривоколчена ситуација за легална!

МОСКОВСКИОТ ИЗБОР Кремљ го избра лидерот на минорната партија Преродба – Костадин Костадинов за свој иден главен лик на извршител?

Не би оделе во натамошна дескрипција – сè е познато. Од пред месец-два беше познат и следниот избор на Кремљ за водење на политичката игра – тоа е оној пратеник кој се тепаше во Парламентот и кој е воедно лидер на партијата „Преображение“: Костадин Костадинов. Дали тој беше видлив на нечија геостратешка карта?

Каде е прозорецот да го дознаеме изборот на следните чекори на западниот Трет човек? Во услови кога ЕУ е веќе во погрешен филм во однос на бугарско-македонскиот спор, а политичарот кој беше избран за пресврт во позициите на Софија, се покажа дека сè уште нема зрелост и искуство да се носи со промосковските волци.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ