• Latest

 Грујовски: Оставка на центарот на моќ во Министерството за правда!

July 7, 2016

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

 Грујовски: Оставка на центарот на моќ во Министерството за правда!

July 7, 2016 12:47
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Оставка на министерот Валдет Џафери и на други надлежни во Министерството за правда, бараат 2.000 судски службеници од вкупно 27 судови во Македонија. Тие инсистираат на итна средба со премиерот Емил Димитриев, затоа што веќе втор месец се во штрајк, а никој во државата нема слух за нивните барања

Од Синдикатот на УПОЗ се категорични дека и покрај силните притисоци на власта, штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат социјалните барања на судските службеници, чии што плати се речиси најниски во државите во регионот. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пеце Грујовски во интервју за ЦИВИЛ Медиа, најавува дека наскоро ќе бидат обелоденети и имињата на надлежни во Министерството, кои како што вели, треба да понесат итна политичка одговорност.

ЦИВИЛ Медиа: Судскиот буџетски совет достави барање, наредба до основните судови за исплата на мајската плата со задршки од 40 отсто, со оглед на тоа што судската администрација штрајкува од 18-ти мај. Дали се согласувате или сметате дека оваа наредба на Судскиот буџетски совет е само уште една форма на вршење притисок на власта?

ГРУЈОВСКИ: Да, ова е трет обид на Судскиот буџетски совет и на судската власт да го скршат штрајкот, да го оневозможат правото на штрајк, иако декларативно велат дека имаме право на тоа. Не им успеаја досегашните обиди, нема да им успее ни овој, затоа што ова последното решение, односно заклучок на седницата на Судскиот буџетски совет, е апсолутно противуставно и противзаконско. Затоа, во нашето соопштение рековме: „Прости им Боже, не знаат што работат!“ Навистина, зачудени сме, како може највисоката судска власт, Судскиот совет, во тие рамки и Судскиот буџетски совет да не знаат да ги читаат законите. Значи, ова е класичен пример на кршење на законот и на Уставот.

ЦИВИЛ Медиа: Каде е направен прекршок?

ГРУЈОВСКИ: Значи, не можете сите вработени со наредба да ги казните, па дури, не можете да ги наградите. За секој вработен, особено за оној кој штрајкува согласно со закон, можат да издадат одделни решенија, во кои ќе им се забележи дека се казнети за време на штрајк од 40 отсто. Во тоа решение треба да има правна поука, вработениот да има право на жалба и ако жалбата биде одбиена или прифатена, решението ќе стане правосилно. И дури тогаш може да им се задржи од платата, тој процент од 40 отсто. Тие тоа го направија и кога видоа дека нема да им помине, се обидоа со овој заклучок од последната седница, со наредба да им се заканат на претседателите на судовите, а тие да им наредат на благајниците.

ЦИВИЛ Медиа: Вие разговаравте со членовите на Синдикатот на УПОЗ во сите основни организации. Какво е расположението на судските службеници? Дали ќе подлегнат на овие притисоци или натаму остануваат на ставот да продолжи штрајкот додека не ги остварат своите барања?

ГРУЈОВСКИ: Синдикатот од почетокот имаше став позитивно да се решава ова прашање. Ние бевме должни да го организираме штрајкот, бидејќи беше барање на членовите, а од друга страна, наидовме на неразбирање и на извршната и на судската власт. Меѓутоа, кога почна штрајкот, очекувавме да почнеме преговори и да изнајдеме решение. Но, почна период на игнорирање, не игнорираат до максимум, не сакаат да се сретнеме, да разговараме. Или, една средба што ја одржавме, беше повеќе протоколарна, повеќе информативна, отколку средба за преговарање. Откако видоа дека нема шега со штрајкот, се обидоа да бидат на некој начин незаинтересирани, и ова го манифестираат до денеска. Значи, 45 дена од почетокот на штрајкот, 34-35 работни денови се штрајкува, морам да ви кажам дека тие воопшто не чувствуваат дека има штрајк, дека се нанесува огромна штета на државата, на граѓаните, на извршителите, на адвокатите… Навистина сме изненадени од незаинтересираноста да се реши проблемот и од начинот на којшто сакаат да го скршат штрајкот. Наместо да преговараат, да изнајдат решение, на некој начин да си ја признаат грешката и да ги прифатат нашите барања како оправдани, тие се обидуваат со закани, по 45 дена, да го скршат штрајкот. Било што да направат, не е успех за нив. Успех за власта, било да е извршна или судска ќе биде, ако успеат да постигнат договор со Синдикатот и со спогодба да го прекинеме штрајкот, а не да ги заплашат вработените. Но, она што посебно сакам да го потенцирам е дека, ваквите недоквакани (морам така да се изјаснам) одлуки, заклучоци на Судскиот буџетски совет, уште повеќе ги прават штрајкувачите единствени. Во нивните пораки велат: „Пренесете им, ќе штрајкуваме до крај, нека не ни дадат ни денар, ние сме подготвени да штрајкуваме и без пари!“.

ЦИВИЛ Медиа: Тоа е пораката на Синдикатот на УПОЗ?

ГРУЈОВСКИ: Не, тоа е порака на штрајкувачите.

ЦИВИЛ Медиа: Синдикатот на УПОЗ, што им порачува на Судскиот совет, Министерството за правда, на власта?

ГРУЈОВСКИ: Преговори, да седнеме и да преговараме. Барањето е повеќе од оправдано. Целокупната јавност: судии, министерства, авдокати… сите го поддржаа. Значи, оваа категорија вработени, судските службеници, едноставно беа заборавени. Или, како што една колешка во Министерството за правда, на средбата со Валдет Џафери, му кажа на министерот: „Имате четири деца, на трите сте им дале да јадат, а четвртото сте го заборавиле, не знаеме од кои причини. Ајде исправете и нему дајте му да јаде“.

ЦИВИЛ Медиа: Зошто досега не седнавте на преговарачка маса, а имавте неколку обиди со претставници на Министерството? Кој ги кочи работите според Вас, има ли име и презиме, конкретно?

ГРУЈОВСКИ: Има име и презиме, ние деновиве ќе излеземе… Мислам дека се работи за суети, центарот за моќ е во Министерството за правда, оттаму се диригираат работите. Мислам дека се тоа оди на штета на државата, меѓутоа во прашање се суети и од тие причини нема решение за штрајкот, туку од тој центар за моќ доаѓаат наредби како да се постапи, па макар се прекршил и законот и Уставот.

ЦИВИЛ Медиа: Како натаму?

ГРУЈОВСКИ: Штрајкот го диктираат штрајкувачите. Значи, ние сме подготвени ако дојде до потпишување спогодба и ако се исполни нашето главно барање, да го прекинеме штрајкот, или евентуално да го ставиме во мирување, додека се реализираат и другите барања. Или, ако вработените сами одлучат дека со власта едноставно нема разбирање и дека е во интерес на граѓаните и државните интереси, ќе бидеме поразумни и ќе го прекинеме штрајкот. Меѓутоа, се додека не добиеме такво овластување од нашите членови, ние како раководство на Синдикатот не можеме да донесеме поинаква одлука.

ЦИВИЛ Медиа: Граѓаните забележуваат дека имаме корумпирано судство, Синдикатот вели дека власта, Министерството ги прекршува законите. Според тоа, какво судство има Македонија во моментов?

ГРУЈОВСКИ: Ова што се случува во судството е одлика на она што се коментира. Значи, едноставно, некој како да сака со сила да направи хаос во судството. Мислам дека сето ова што се прави, ова игнорирање, оваа незаинтересираност, несакање да се види грешката, мислам дека е нечија намераа, да создаде уште поголем хаос во судството и веќе е направен.

ЦИВИЛ Медиа: Дали предвидувате мерки за радикализација на штрајкот?

ГРУЈОВСКИ: Па, имаше, штрајкувачите се закануваа и со штрајк со глад, со затворање на судовите и ред други порадикални мерки. Ние, како Синдикат, успеавме да ги неутрализираме, да ги доведеме во некакви рамки. Тоа го знаеја надлежните и наместо да бидат благодарни што Синдикатот ја држеше работата под контрола, го контролираше целокупното незадоволство коешто не се излеа со некои недозволени методи, сега ни враќаат со незаинтересираност и игнорирање. Синдикатот на почетокот направи огромни напори да ги смири тензиите и ги смири, за да ги канализираме работите и да ги убедиме луѓето дека по пат на преговори ќе дојдеме до решение и тоа го прифатија нашите луѓе. Но, ова што го прават е навистина недозволено и на некој начин како да е некоја „благодарност“ кон Синдикатот, затоа што ги смири сите тие незадоволства.

ЦИВИЛ Медиа: Акцентирајте ги четирите барања на Синдикатот на УПОЗ?

ГРУЈОВСКИ: Почнавме во декември со предупредувачки штрајк во којшто баравме измена на Законот за судска служба или нов закон. Во меѓувреме, беа донесени трите закони за измени на плати на судии, јавни обвинители, јавна обвинителска служба и беше заборавена судската служба. Тогаш, како прво и основно, го поставивме барањето за добивање додатоци на плата и за судските службеници, исто како што имаат и овие три категории вработени. А во втор план ги ставивме, но не се откажавме, повторно да се разговара и донесе нов Закон за судска служба, за зголемување на платите, значи за додатоци од плата за 35 отсто и промена на работното време од 7.30 до 15.30, зашто сегашното не одговара ниту на процесот на работа, ниту на географските, ниту на климатските услови во Македонија, ни на семејните вредности коишто ги пропагира Владата…, и на крајот на краиштата, на процесот на работа, на ефективноста. Сметаме дека со смена на работното време, ќе се врати ефективноста во работата.

ЦИВИЛ Медиа: Македонското судство како што рековте, во моментот е во тотален хаос со овој штрајк на судските службеници. Дали со оглед на фактот што ништо не се поместува од мртва точка, сметате дека е време да се бара и оставка од актуелниот министер за правда?

ГРУЈОВСКИ: Ние побаравме на протестите, оставка од министерот Џафери. Но, морам да кажам дека во овој момент, министерот не е единствениот виновник за оваа состојба. Има други виновни, затоа го повикуваме премиерот Димитриев, до кого пред три недели се обративме за средба и за разговор, но за жал, се уште немаме одговор, да поведе сметка, за да утврди одговорност, кој е  одговорен во ресорот правосудство за оваа работа и тој да понесе политичка одговорност. Наше барање е сите кои доведоа до ова, да сносат одговорност!

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Македонијаоставкасиндикатсудска администрацијаУПОЗЦивилШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ