• Latest

Протест на граѓанка на Чаир: Градоначалникот Меџити не измами!

July 15, 2016
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Протест на граѓанка на Чаир: Градоначалникот Меџити не измами!

July 15, 2016 07:07
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Активистката Валбона Река веќе неколку денови самата протестира, блокирајќи го влезот на подземниот паркинг за новоизградената зграда на улицата „Ресенска“ број 8 во населбата Чаир, што се наоѓа спроти Поликлиниката „Чаир“. Во разговорот со ЦИВИЛ Медиа, Река тврди дека пред три години собрала потписи за петицијата на станарите од соседната зграда, со која тие бараат да не се гради новата станбена зграда во паркот, на локација која наводно ја купил поранешниот министер за труд и социјална политика, Џелал Бајрами (ДУИ). Но, откако објектот сепак, почнал да се гради, станарите побарале да им бидат исполнети одредени барања.

13706261_1287522397942607_2126953956_n

„Измамени сме од градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и од инвеститорите, бидејќи потпишавме договор дека ќе ни исполнат 21 барање. Ние побаравме да го средат делот од паркот што остана, да се фасадираат двете згради, да се направи улицата, гаражите, да ни стават лифтови во зградите… Точката 11 од барањата предвидува дека за паркирање на возилата на станарите на новоизградената зграда, ќе се разговара на лице место за да се изнајде решение. Но, целиот објект беше заграден додека се градеше зградата. Деновиве, кога ги тргнаа оградите, видовме дека има подземен паркинг за кој ние не бевме известени. Со овој паркинг, ќе имаме проблем, ние, станарите од останатите згради, зашто, нема да имаме доволно простор за нашите автомобили. Каде ние ќе ги паркираме автомобилите, откако ќе ја узурпираат целата улица“, вели Река.

Screenshot (110)Screenshot (111)

Таа вели дека од 21 точки од договорот само 3 – 4 се исполнети, другите точки не се.

„Под точка 11 спаѓа дека влезот за колите во паркингот/гаражите во таа зграда нема да биде од нашата улица. Сега ми објаснија дека тоа не е наша уличка, туку улица за фреквенција на коли и дека имаат документ од Општината дека тоа е нивно. Тоа е измама, ние станарите не знаевме“, потенцира Река.

10957541_10205775907748640_8856978417939336593_n

Река, во знак на протест, вчера го остави својот автомобил на влезот на подземниот паркинг, за да ги спречи булдожерите да работат, но додека била на работа, полициски службеници го посетиле нејзиниот стан, за што ја информираа соседите. Додека тимот на ЦИВИЛ Медиа беше на лице место, соседите и ја пренесоа на Река пораката на полицајците, дека доколку не го тргне возилото за да може булдожерите да работат, ќе бидат принудени да го отстранат со „Пајак“-служба.

13735441_1288189847875862_1899305794_n (1)

Река резигнирано ни изјави дека никој од станарите не ја подржува и не излегува на протест со неа, затоа што соседите се плашат од локалната власт во Чаир, и дека ќе биде присилена да се откаже од протестот.

Д. Муратов

 

Tags: Активистката Валбона РеказградаИзет Меџитиизмемениподземна гаражапротестираЧаир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ