• Latest

Светот со осуда за руските псевдо – референдуми, Исмајлоска Старова – Мицкоски го кочи Отворен Балкан правејќи се дека не ја знаел суштината, како ќе се субвенционираат сметките за струја

September 29, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Светот со осуда за руските псевдо – референдуми, Исмајлоска Старова – Мицкоски го кочи Отворен Балкан правејќи се дека не ја знаел суштината, како ќе се субвенционираат сметките за струја

September 29, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Руските псевдо – референдуми во окупираните делови на Украина

Изјава на украинското МНР во врска со лажните „референдуми“ на Русија на привремено окупираните територии на Украина: Уште едно руско злосторство во текот на нејзината агресија

Од 23 до 27 септември, Руската Федерација организираше пропагандно шоу наречено „референдуми“ на привремено окупираните територии на Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област на Украина. Присилувањето на луѓето на овие територии да пополнат некои документи под нишан на руските војници е уште едно руско злосторство во текот на нејзината агресија против Украина. Ваквите дејствија сериозно ги кршат Уставот и законите на Украина, како и нормите на меѓународното право и меѓународните обврски на Русија.

Шолц: Берлин никогаш нема да ги препознае резултатите од руските псевдореферендуми во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Берлин никогаш нема да ги признае резултатите од лажните референдуми на привремено окупираните територии на Украина, ја пренесува Укринформ објавата на Шолц на Твитер.

„Лажните референдуми што Путин ги спроведе во незаконски окупираните области на Украина се безвредни. Тие се нелегални според меѓународното право. Германија никогаш нема да ги признае наводните резултати. Денеска го уверив украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор“, напиша тој.

Кина не го поддржа псевдо – референдумот во окупираните региони во Украина, повика на „почитување на суверенитетот“

Кина во вторникот повтори дека суверенитетот на сите земји треба да се почитува откако Русија со спроведување на псевдо – референдумот во Рокупираните региони на Украина.

„Кина секогаш го подржувала ставот дека суверенот и територијалниот интегритет на сите земји треба да се почитува“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на прес-конференција во Пекинг.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Исмајлоска Старова: Во меѓувреме, Отворен Балкан порасна, се отворија зелени ленти за брз проток на камиони на границите, се организираше врвен регионален Саем за вино, храна и туризам и се оформија кризни групи за помагање во снабдувањето со храна и енергија за што секојдневно известуваат медиумите, ама ете Мицкоски одлучил дека не е информиран и дека немало да даде поддршка за Отворен Балкан.„Со ратификација на договорите кои ги блокира, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во близина на граничниот премин Казбеги на Грузија со Русија, вчера се одржа протест против напливот на голем број Руси кои бегаат во кавкаската земја со цел да ја избегнат нпрогласената „делумна“ мобилизација во својата земја. Демонстрантите во близина на граничниот премин Казбеги вееја украински и грузиски знамиња и  носеа транспаренти на кои можеше да се прочита „Путин е терорист“, „Русија убива“.

*

Шест цивили загинаа, а четворица се повредени во руското гранатирање на регионот Доњецк во изминатиот ден, изјави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

„На 28 септември 2022 година, Русите убија шест цивили во регионот на Доњецк: двајца во Торецк, еден во Бахмут, еден во Пивнични, еден во Блаходатне, еден во Миколаивка. Повредени се уште четири лица“, напиша Кириленко.

СВЕТ

Ураганот Ијан ја зафати Флорида, а беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд што предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ оваа американската сојузна држава.

*

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, продадена е за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман“, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал“.

*

Алијансата излезе со став по истекувањата на гас од Северен тек 1 и 2 овие дена. Северноатлантската алијанса смета дека вестите за истекувањата на гасот од Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море се причина за “длабока загриженост“.

„Ние, како сојузници, се залагаме да се подготвиме да обесхрабриме, да се браниме против секаква насилна употреба на енергијата и други хибридни тактики од страна на државни и недржавни ентитети. Секој намерен напад врз критичката инфраструктура на сојузниците ќе биде пресретнато со обединет и одлучен одговор, се наведува во реакцијата на Алијансата.

*

РЕГИОН

Бугарскиот технички министер за регионален развој, Иван Шишков, соопшти дека гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија веќе ги има сите документи за негова употреба. Министерот добиениот документ им го покажа на новинарите во зградата на бугарската Влада. Интерконекторот треба да биде пуштен во употреба во сабота на 1 октомври.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СНАБДУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕНСИ Најголемиот проблем со кој граѓаните ќе соочат оваа зима, настрана како ќе се издржи ценовниот шок со прехранбените продукти, е како ќе се истера грејната сезона, дали ќе има парно, струја, ќе одат ли децата на училиште, ќе има ли работа во фабриките… Премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната прес-конференција по економско-енергетскиот совет информираше за донесените одлуки, кои гарантираат сигурно, стабилно снабдување со енергенси во наредниот период.

ИНТЕГРАЦИИ Скрининг процесот започна. Нашите тимови се во Брисел, каде детално се гледа нашето законодавство преку професионални тимови. Ги повикувам сите општествени чинители да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност, преку полноправното зачленување во Европската Унија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според премиерот, нашата земја е соочена со големи предизвици и се наоѓа во пресудни моменти во кои се одредува нашата иднина.

ОТВОРЕН БАЛКАН Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Опозицијата не дава поддршка. Велат дека не им е јасна целта на „Отворен Балкан“. Сè уште не се укинати работните дозволи за да може државјаните на Македонија, Албанија и Србија слободно да работат во која било од земјите.

ПЕНЗИИ Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

ДИСТРИКТ

Ретро ДИСТРИКТ 15: Славјанка Петровска, Петар Богојески, Ива Петрунова, Благојче Атанасовски, Марјан Ѓорчев


Целите интервјуа гледајте ги на линковите:

Славјанка Петровска: https://civilmedia.mk/petrovska-brgu-se-potvrdi-deka-chlenstvoto-vo-nato-e-nasha-mudra-drzhavnichka-odluka-i-za-segashnosta-i-za-idninata/

Петар Богојески: https://civilmedia.mk/bogojeski-imam-reshenija-za-site-gorlivi-prashana-no-kluchna-e-doverbata-od-glasachite/

Ива Петрунова: https://civilmedia.mk/petrunova-urbanata-kultura-e-primarniot-faktor-za-urbanoto-zhiveene/

Благојче Атанасовски: https://civilmedia.mk/atanasovski-i-ustavno-i-vo-praktikata-da-zazhivee-graganska-drzhava-ednakva-za-sekogo/

Марјан Ѓорчев: https://civilmedia.mk/gorchev-sovremenoto-vmro-dpmne-ideoloshki-se-pozitsionira-podesno-od-tsentarot/

СЛОБОДНА ЗОНА

На истиот став е големата светска сила Кина , во која Путин полагаше големи адежи дека ќе ја придобие на своја страна во борбата против „западниот хегемонизам“. Кина во вторникот повтори дека суверенитетот на сите земји треба да се почитува откако Русија со спроведување на псевдо – референдумот во окупираните региони на Украина.

„Кина секогаш го подржувала ставот дека суверенот и територијалниот интегритет на сите земји треба да се почитува“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на прес-конференција во Пекинг.

Тој додаде и дека треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, треба сериозно да се сфатат легитимните безбедносни грижи на сите земји и да се поддржат сите напори за мирно решавање на секоја криза, пишува Драган Мишев во анализата „ Руските псевдо – референдуми во окупираните делови на Украина осудени на пропаст, не добија поддршка дури ни од сојузниците на Путин“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ