• Latest

Парламентарното Собрание на ЕУ ја прогласи Русија за терористички режим, во Извештај на ЕК опозицијата е полошо оценета од Владата, четврта недела протести во Иран

October 13, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Парламентарното Собрание на ЕУ ја прогласи Русија за терористички режим, во Извештај на ЕК опозицијата е полошо оценета од Владата, четврта недела протести во Иран

October 13, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Парламентарното собрание на Советот на Европа едногласно ја усвои резолуцијата за прогласување на Русија за терористички режим

Парламентарното собрание на Советот на Европа, по итна расправа на тема „Понатамошна ескалација на агресијата на Руската Федерација против Украина“, усвои резолуција со која Руската Федерација ја прогласува за терористички режим.

Парламентарното собрание на Советот на Европа едногласно ја усвои резолуцијата за прогласување на Русија за терористички режим

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

На денешната заедничка прес-конференција со министерот земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, премиерот Ковачевски посочи дека ова е прв Извештај на ЕК во историјата на извештаите каде што опозицијата е полошо оценета од Владата.

Ковачевски: Во Извештајот на ЕК опозицијата е полошо оценета од Владата поради блокадите во Собранието

 

 

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Европа може да одигра историска улога во формирањето на специјален меѓународен трибунал за да ја изведе Русија пред лицето на правдата за злосторствата извршени од руските трупи во Украина и да развие механизам за репарации што треба да ги платат Русите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски: Европа може да одигра историска улога во формирањето на трибуналот за руските воени злосторства во Украина агресија

Американскиот претседател Џо Бајден веднаш по гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека резолуцијата на ОН против руските анексии во Украина, усвоена со историско мнозинство, е порака до Москва дека не може да избрише суверена држава од картата на светот.

Бајден: Светот и кажа на Русија дека не може да избрише суверена држава од мапата

СВЕТ

Владата наметна насилно задушување на демонстрациите. Некои се претворија во хаотични улични битки, при што безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите или врз локалните жители. Групите за човекови права соопштија дека најмалку 185 луѓе се убиени, а илјадници се повредени или уапсени, иако прекините на интернетот го отежнуваат потврдувањето на вистинскиот биланс.

Четврта недела протести во Иран, безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите, убиени најмалку 185 лица

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Отворањето на кој било клуб и чие било здружение во Северна Македонија не е проблем само по себе, но кога тоа ќе се нарече по контроверзни личности, секако дека е предизвик за јавната безбедност и јавниот ред и мир како што видовме, рече вицепремиерот.

Маричиќ: Називите на бугарските клубови не придонесуваат за добрососедските односи, но прашањето треба институционално да се реши

 

ИНИЦИЈАТИВА Начинот на кој е поставено референдумското прашање иницирано од пратеникот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, може да создаде проблем во понатамошната постапка, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери: Референдумското прашање на Левица може да создаде проблем во понатамошната постапка

ФРОНТЕКС  Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. Договорот сега треба да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент.

Зелено светло од Советот на ЕУ за потпишување на Фронтекс со Северна Македонија

 

КУЛТУРА По реакциите во јавноста на состојбата на спомен-обележјата и спомениците на Народноослободителната војска, министерката за култура Бисера Кoстадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција соопшти дека од 2023 година ќе се започне со национална стратегија со која ќе се поделат средства и надлежности на четири музеи, кои ќе бидат задолжени за реставрација, одржување и зачувување на спомен-обележјата и спомениците од НОВ.

Министерството за култура ќе започне со национална стратегија за реставрација и зачувување на спомен-обележјата и спомените од НОВ

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Килави референдумски иницијативи за одржување во политичкиот живот

И Левица по стапките на ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа иницијатива за референдум колку да се оправдаат кај своите гласачи дека направија сè и дека „лавовски“ се борат против европскиот договор со Бугарија, иако од претходно знаат дека нема да им успее „планот Б“.

Килави референдумски иницијативи за одржување во политичкиот живот

 

БРЗА ПОШТА

Претседателот на Собранието, Џафери, му ја вратил иницијативата за антиевропски референдум што го поднело правничето со „план Б“. Ама како му ја вратил? Силеџиски! Можеше шефчето на врескавата ултрадесничарска партија со лажно име да го нарече тоа на многу други начини. Но за него постапката на враќање на доработка (не одбивање) е силеџиство. На кој тоа начин може да биде силеџиска одлуката? Дошол Џафери му ја удрил од глава, што ли? Или тоа говори само уплашеното човече? Недораснато на задачите што му ги испорачува амбасадата на една источна земја

Со сите двајца пратеници, ултрадесниот „левичар“ ќе го блокира „целото Собрание“. Каква будала!

 

Д. Варошлија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ