Европа може да одигра историска улога во формирањето на специјален меѓународен трибунал за да ја изведе Русија пред лицето на правдата за злосторствата извршени од руските трупи во Украина и да развие механизам за репарации што треба да ги платат Русите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот онлајн говор на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јавува дописникот на Укринформ.
„Европа може да одигра историска улога во формирањето на специјален суд за руското злосторство за агресија врз Украина. Ајде да го направиме тоа! Ова ќе биде најдобриот начин да се заштитат принципите на меѓународното право“, рече Зеленски.
Според претседателот на Украина, Европа, исто така, може да го преземе водството во напорите наменети да се обезбеди враќање на загубите предизвикани од војната на Путин.
Лавовскиот дел од руските средства е концентриран во Европа и тие треба да се искористат за да се компензира штетата предизвикана на Украина.
„Мораме да развиеме механизам за компензација и предлагаме како да го создадеме. Соодветниот проект е веќе подготвен од Украина и ве молам да го поддржите на ниво на Европа и на ниво на Генералното собрание на ОН“, истакна Зеленски.
Според неговите зборови, изведувањето на агресорот пред лицето на правдата ќе биде моќна гаранција за мир во светот.
„Треба да продолжиме со нашиот дијалог за да ја повикаме Русија како држава агресор и сите руски убијци и крвници одговорни за сите злосторства извршени за време на оваа војна, за секоја манифестација на терор. Кога таквите правни механизми ќе се развијат и ќе стапат на сила, тоа ќе биде една од најмоќните гаранции за долгорочен мир“, истакна претседателот на Украина.
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во април 2022 година усвои резолуција со која се предлага ад хок меѓународен трибунал да ги истражи и гони злосторствата за вооружената агресија на Русија во Украина.
Подготви: Д.Мишев