• Latest

Лажна дојава за бомба испратена од вработен во ЈСП, направи хаос со јавниот автобуски сообраќај, државните институции заштедиле 20 отсто електрична енергија, руски генерал призна дека ситуацијата во Украина е „многу тешка“ за руската армија

October 19, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Лажна дојава за бомба испратена од вработен во ЈСП, направи хаос со јавниот автобуски сообраќај, државните институции заштедиле 20 отсто електрична енергија, руски генерал призна дека ситуацијата во Украина е „многу тешка“ за руската армија

October 19, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лажна дојава за бомба од вработен на ЈСП предизвика хаос во сообраќајот, Град Скопје ги паркира автобусите пред Владата, вработени во ЈСП го бојкотираа протестот

Поради лажна дојава за поставена бомба, утрово дел од автобусите на ЈСП се повлечени од сообраќај . На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка. Ваквата лажна дојава за бомба е на неколку часа пред закажаниот протест на вработените од ЈСП.

На протестот пред Владата немаше вработени во ЈСП „Скопје“, освен неколкумина шофери кои ги донесоа автобусите. Синдикалните организации во ова градско јавно претпријатие претходно најавија дека нема да протестираат денеска и дека ќе чекаат на сметките да им легне платата за септември, а ако тоа не се случи утре наутро во 4:30 часот со своите семејства ќе излезат на протест пред ЈСП и автобусите нема да сообраќаат.

Од Владата вчера демантираа дека имаат каков било долг кон ЈСП „Скопје“, како што обвинија од Град Скопје и од раководството на претпријатието. Од Владата, преку соопштение, информираа дека ваквата состојба во којашто се наоѓа ЈСП е показател дека општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците и навремено не ги подмируваат обврските.

Повлечени од сообраќај автобусите на ЈСП поради дојава за поставена бомба

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

„Во министерството во рамките на постојните закони пропишани се правила, но ако сакаме да го постигнеме она што беше суштината на почетокот на оваа реформа, а тоа е намалување на политичкото влијание врз работата на овие служби, сметам дека и овој сегмент мора да биде опфатен”, рече министерката и додаде дека решението ќе произлезе од дебатата, но намерата е да постојат повисоки критериуми кои ќе го ограничат дискреционото право или просторот за маневар на министерот, сега и во иднина“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, која денеска учествуваше на годишната конференција „Реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија“, која се одржа во организација на Женевскиот центар за управување во безбедносниот сектор.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во Битола потпиша нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“ која е според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи истакна дека станува збор за трет договор кој го потпишуваат со „Кромберг и Шуберт“ и како што рече производствените капацитети на инвестициите и бројот на вработени во оваа компанија во нашата земја продолжува да расте.  

Битиќи: Секој што ќе инвестира, ќе биде поддржан – нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“

БЕЗБЕДНОСТ Безбедноста на нашите граѓани, на државата и на светот во крајна инстанца е важна, најважна, особено во ова време на напредни технологии, софистицирани методи на разузнавање и ако сакате, современи начини на војување, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери во обраќањето на Годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026), организирана од женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ).

Џафери: Гарантирањето безбедност на граѓаните и државата, не смее да биде алиби за кршење на основните човекови права

СИВА ЕКОНОМИЈА Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше состанок со делегација на Трезорот на САД, составена од Џорџ Дод, постар советник за јавни приходи и Лесли Леркиндер, помошник директор за јавни приходи, со кои разговараше за потребата за унапредување на капацитетите на институциите во земјата во борбата против сивата економија и корупцијата.

Грковска – Дод: За ефикасно справување со сивата економија и корупцијата неопходен е координиран и системски пристап

МЕРКИ Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција во Владата ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија. Според анализата остварена е вкупна заштеда од 20% на потрошувачката на електрична енергија, информираат од Владата.

Бектеши: Државните институции заштедиле вкупно 20% електрична енергија во септември, со рационално трошење на струја се прават големи заштеди

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските окупатори прават обиди да ги заплашат локалните жители во привремено окупираниот град Херсон, ширејќи лажни извештаи за наводно гранатирање на градот од страна на украинската војска. Сепак, руската пропаганда нема да ги постигне своите цели, објави шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

Јермак ги поби руските лажни извештаи за тактиката на украинската армија во врска со Херсон

Новиот командант на руските сили во Украина, генерал Серхиј Суровикин, ги призна тешкотиите за руската армија на бојното поле, пренесува Radio Free Europe/Radio Liberty.

Рускиот генерал Суровикин призна дека ситуацијата во јужна Украина е „многу тешка“ за руската армија

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства“, пренесува МИА.

Фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина воени злосторства

Од 7 до 18 октомври, Русија лансираше околу 190 масивни проектили и напади со беспилотни летала камикази врз 16 региони низ Украина и градот Кијив, пренесува Укринформ.

Русите продолжуваат со кукавичките напади врз цивилни цели како резултат на неуспесите на бојното поле

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ