ВЕСТ НА ДЕНОТ
Лажна дојава за бомба од вработен на ЈСП предизвика хаос во сообраќајот, Град Скопје ги паркира автобусите пред Владата, вработени во ЈСП го бојкотираа протестот
Поради лажна дојава за поставена бомба, утрово дел од автобусите на ЈСП се повлечени од сообраќај . На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка. Ваквата лажна дојава за бомба е на неколку часа пред закажаниот протест на вработените од ЈСП.
На протестот пред Владата немаше вработени во ЈСП „Скопје“, освен неколкумина шофери кои ги донесоа автобусите. Синдикалните организации во ова градско јавно претпријатие претходно најавија дека нема да протестираат денеска и дека ќе чекаат на сметките да им легне платата за септември, а ако тоа не се случи утре наутро во 4:30 часот со своите семејства ќе излезат на протест пред ЈСП и автобусите нема да сообраќаат.
Од Владата вчера демантираа дека имаат каков било долг кон ЈСП „Скопје“, како што обвинија од Град Скопје и од раководството на претпријатието. Од Владата, преку соопштение, информираа дека ваквата состојба во којашто се наоѓа ЈСП е показател дека општините неодговорно менаџираат со средствата наменети за превоз на учениците и навремено не ги подмируваат обврските.
Повлечени од сообраќај автобусите на ЈСП поради дојава за поставена бомба
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Во министерството во рамките на постојните закони пропишани се правила, но ако сакаме да го постигнеме она што беше суштината на почетокот на оваа реформа, а тоа е намалување на политичкото влијание врз работата на овие служби, сметам дека и овој сегмент мора да биде опфатен”, рече министерката и додаде дека решението ќе произлезе од дебатата, но намерата е да постојат повисоки критериуми кои ќе го ограничат дискреционото право или просторот за маневар на министерот, сега и во иднина“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, која денеска учествуваше на годишната конференција „Реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија“, која се одржа во организација на Женевскиот центар за управување во безбедносниот сектор.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕКОНОМИЈА Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во Битола потпиша нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“ која е според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи истакна дека станува збор за трет договор кој го потпишуваат со „Кромберг и Шуберт“ и како што рече производствените капацитети на инвестициите и бројот на вработени во оваа компанија во нашата земја продолжува да расте.
БЕЗБЕДНОСТ Безбедноста на нашите граѓани, на државата и на светот во крајна инстанца е важна, најважна, особено во ова време на напредни технологии, софистицирани методи на разузнавање и ако сакате, современи начини на војување, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери во обраќањето на Годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026), организирана од женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ).
СИВА ЕКОНОМИЈА Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше состанок со делегација на Трезорот на САД, составена од Џорџ Дод, постар советник за јавни приходи и Лесли Леркиндер, помошник директор за јавни приходи, со кои разговараше за потребата за унапредување на капацитетите на институциите во земјата во борбата против сивата економија и корупцијата.
МЕРКИ Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција во Владата ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија. Според анализата остварена е вкупна заштеда од 20% на потрошувачката на електрична енергија, информираат од Владата.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руските окупатори прават обиди да ги заплашат локалните жители во привремено окупираниот град Херсон, ширејќи лажни извештаи за наводно гранатирање на градот од страна на украинската војска. Сепак, руската пропаганда нема да ги постигне своите цели, објави шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
Јермак ги поби руските лажни извештаи за тактиката на украинската армија во врска со Херсон
Новиот командант на руските сили во Украина, генерал Серхиј Суровикин, ги призна тешкотиите за руската армија на бојното поле, пренесува Radio Free Europe/Radio Liberty.
Рускиот генерал Суровикин призна дека ситуацијата во јужна Украина е „многу тешка“ за руската армија
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства“, пренесува МИА.
Фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина воени злосторства
Од 7 до 18 октомври, Русија лансираше околу 190 масивни проектили и напади со беспилотни летала камикази врз 16 региони низ Украина и градот Кијив, пренесува Укринформ.
Д. Муратов