• Latest

Уметниците на Караванот на слободата ги воодушевија струмичани

August 16, 2016
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Уметниците на Караванот на слободата ги воодушевија струмичани

August 16, 2016 12:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На 11-ти август, Караванот на слободата го одржа вториот мултимедијален настан. На три иполчасовниот концерт во Струмица, групите Mooger Fooger, Wipe Out и Sethstat ги забавуваа струмичани  во Градскиот парк. Покрај музиката на слободата, на поетскиот перформанс се читаа стихови на слободата, а се одржаа и ликовната работилница и изложбата на уметнички дека под заеднички наслов „Слобода во боја“.

13920731_1806781569537190_9221894826612544503_n-300x200

На мултимедијалниот настан во Струмица се донираше и хуманитарна помош за настраданите од поплавите во скопскиот регион.

Настанот започна во Домот на АРМ со дебата на тема „Македонија: со или без слобода“, на која учествуваа експертката за човекови права Мирјана Најческа, новинарот и поет Ѓорѓи Калајџиев и активистката Ленче Христова. Дебатата ја водеше уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ. Посетителите имаа можност да слушнат повеќе ставови на темата, да поставуваат прашања и да дадат свои видувања за состојбите со човековите права и слободи во земјата.

14021616_1806779859537361_4122522881873725707_n-300x200

 

Од Домот на АРМ, активностите се префрли на големата сцена во Градскиот парк, каде се обрати претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој им оддаде почит на загинатите од поплавените подрачја.

13895025_1806779909537356_8341041125239092658_n-300x200

 

Потоа присутните уживаа во стиховите на слободата на Митко Гогов, Ѓорѓи Калајџиев и Наташа Василевска Трајческа.

IMG_3691-300x200

 

Во текот на целиот настан активна беше ликовната работилница на академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, на кој учествуваа и посетителите.

14022337_1806780319537315_3474339854135702944_n-300x200

 

За добра музика и забава тука беа струмичаните Wipe Out, кои одлично ја загреаа атмосферата.

13932942_1806780696203944_2981840272974398378_n-300x200

 

По домаќините, на сцената настапија македонскиот џез бенд Sethstat и популарните Mooger Fooger.

13920999_1806781469537200_2707558362739285274_n-1-300x200

 

Концертот во Струмица беше втор од деветте големи мултимедијални настани кои Караванот на слободата ќе ги одржи до крајот на септември, во седум големи градови во земјата. Целта на Караванот е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Tags: дебатаизложбаКараван на слободатаконцертМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ