• Latest

Набавен гас за топланите за декември, ЕСМ ќе стопанисува и со Скопје Север

December 1, 2022
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Набавен гас за топланите за декември, ЕСМ ќе стопанисува и со Скопје Север

ЕСМ од вчера го презеде управувањето и со топланата Скопје Север со што се обезбедува затоплување и на граѓаните, институциите, градинките и училиштата во општините Чаир и Бутел

December 1, 2022 09:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Испораката на топлинска енергија во Скопје ќе продолжи непречено, ветува АД Електрани на Македонија (ЕСМ) откако вчера објави дека за цел декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО. ЕСМ од вчера го презеде управувањето и со топланата Скопје Север со што се обезбедува затоплување и на граѓаните, институциите, градинките и училиштата во општините Чаир и Бутел.

АД Скопје Север вчера го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ, која, пак, со наменски добиени средства од Буџетот вчера попладне изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС.

-Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата, соопшти АД ЕСМ.

По официјалната објава од ЕСМ дека за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО состојбата со испораката на топлинска енергија ја коментираше и премиерот, според кој, се демантирале објавите дека од денеска ќе нема парно за скопјани бидејќи не бил склучен договор за нова набавка на гас.

-Пред три дена ЕСМ имаше склучено договор за набавка на гас од „Макпетрол“ и за цел декември е обезбедно затоплување на градот Скопје, рече Ковачевски, потенцирајќи дека Владата има обврска да обезбеди затоплување на граѓаните на Град Скопје за да може да се загреат и да не дојде до пад на електродиструбутивната мрежа.

На терен вчера официјално беа завршени градежните работи на гасоводната делница Неготино-Кавадарци-Битола, во должина од 92 километари, а на тој крак се очекува од наредната година да стартува и спојување со интерконекторот со Грција.

Со завршувањето на работите на делницата Неготино – Битола, се спојува целата делница од Куманово до Битола во должина од 188 километри. По потребните технички тестирања и испитувања, ќе се почне со постапката за добивање употребна дозвола за новата гасоводна делница. Од НЕР велат дека се прават напори, тоа да биде брзо и наредната зима, целиот централен и пелагониски регион, да имаат пристап и да можат следните години да користат природен гас. Од примарната гасоводна мрежа е завршена делниците Штип-Неготино во должина 36 километри, а делницата Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 километри и со кракот Тетово долг 10 километри е во завршна фаза.

Со заокружување на тие активности, според премиерот, се исполнува планот за реализација на големиот проект за гасификација на државата. Со учеството во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, као што изјави, се обезбедува закуп на капацитет, што ќе ни овозможи стабилно снабдување на природен гас по конкурентни цени. Изградбата на овој интерконективен гасовод од Неготино – до границата со Грција во должина од 67 километри се очекува да започне во текот на наредната година. Со тој проект и со досега завршените делници, вели премиерот, Македонија ги исполнува условите да биде транзитна земја, но и да заработува од транзитот на природен гас.

– Веќе се работи на техничка документација на нови интерконективни гасоводи со Србија и со Косово, за што веќе добивме подршка од Енергетската Унија. Со овој проект добиваме пристап до природен гас од Азербејџан, односно од наоѓалиштето во Шах Денис и тој ќе се користи и во Северна Македонија, а и во земјите од регионот, изјави Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пак, тврди, дека во соработка со Национални енергетски ресурси интензивно се работи и на завршување на кракот Скопје – Тетово – Гостивар и оти се очекува следната година и оваа делница да биде завршена. Се работи и на проектирање на делниците Гостивар – Кичево, Кичево – Охрид, како и на делницата Свети Николе – Велес.

Директорот на НЕР Бајрам Реџепи се надева дека договорот за јавно приватно партнерство за изградба и оперирање на дистрибутивната мрежа за природен гас, ќе биде потпишан до пролет. Со тоа, како што рече, ќе почне масовната изградба на дистрибутивната мрежа на 38 општини во државата, а голем број домаќинства, индустрии и други капацитети ќе имаат можност да користат природен гас

За гасификацијата, за следната година со буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 105 милиони денари.

Tags: енергијаЕСМтоплаана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ