• Latest

Господинов: Одете во минатото, но оставете ја вратата отворена за да не заглавите таму

December 3, 2022

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Господинов: Одете во минатото, но оставете ја вратата отворена за да не заглавите таму

December 3, 2022 10:00
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Зоран Бојаровски

„Одете во минатото, но оставете ја вратата отворена за да не заглавите таму“, порача писателот Георги Господинов на промоцијата на неговиот најнов роман „Засолниште во времето“ што во превод на Душко Крсетвски го објави книгоиздателството „Или-Или“.

Дали деменцијата во нејзината најпрогресивна, и, истовремено, најтажна форма – Алцхајмеровата болест, може алегориски, како писателска досетка секако, да се аплицира на општеството? Какви се последиците ако општеството почне да заборава, и доколку почне да „заскитува“ во ходниците на времето и дали е доволно паметно и ќе се досети да не ги затвора вратите зад себе, за да не остане заглавено во минатото?

Ова се само дел од прашањата што се тема на неговиот најнов, „тотален“ роман, за кои една од промотерките на книгата Оливера Ќорверзировска вели дека Господинов го опишува „минатото како тиранин што тргнал да го освојува светот. Најдоброто засолниште, убежиште, уточиште, скривница од времето, е токму во времето, зашто кога минатото станува тиранин, тогаш сегашноста престанува да ни биде дом, а иднината запира, се поништува“.

И види чудо, на оваа „провокација“ и на Господинов и на Ќорвезировска, во време на крајно исполаризирани релации меѓу Бугарија и Северна Македонија, не рагираше никој во публиката во делот на промоцијата кога можеше да му се постават прашања на авторот на „Засолниште од времето“, а тој беше крајно љубопитен и ги очекуваше со отворено срце. Па дури и ја поттикнуваше публиката да прашува.

Но, никој од публиката не чувствуваше да постави прашање во тој – политички контекст, кој толку многу не обремени во овие две-три години. Можеби и овој текст е резултат на тој агол на гледање на нештата.

Сепак, никој не постави такво прашање, а сѐ ни беше јасно. Има други начини да се запознаваме со нашите соседи.

Како прво, толку беа инспирирани и инспиративни промоторките на романот (Оливера Ќорвезировска и Калина Малеска), толку ни беа блиски сите експликации, дополнувања и анегдоти на Господинов, што никој немаше потреба да постави прашање. Особено не такво, политичко. Како сите да беа свесни дека таа свечена литературна вечер, исполнета со книжевна убавина, ќе биде крајно бесмислено да се извалка со ежедневна политичка конотација.

Наместо такво, единственото прашање од публиката беше за провлекувањето на поетскиот ракопис на Господинов од неговите први книжевни чекори во неговите прозни дела, а потоа, како сите да го чекаа моментот да се сретнат со авторот на романите што толку многу не исполнуваа во изминатите десеттина години и кои не поттикнаа да ги откриваме и читаме и останатите бугарски писатели како што се Владимир Зарев, Захари Гарабашлиев, Елисавета Багрјана, Алек Попов…

Промоцијата на најновиот роман на Господинов „Засолниште во времето“, којашто всушност беше врвен културен настан, е значајна од неколку аспекти.

Импресиониран од преполната кино-сала „Фросина“ во МКЦ, најпреведуваниот бугарски писател и еден од најчитаните и најпопуларни во Европа, Георги Господинов на почетокот на настанот рече дека „има надеж“.

Не само заради бројноста на публиката, вљубениците во убавиот збор, туку и заради девојката што седеше до мене и којашто гестикулираше во одобрување на секој цитат од делата на Господинов што ќе беа прочитани од сцената. Дури и ги дополнуваше со една, две реченици наизуст како да е некој од ликовите од романите на писателот.

Има надеж и заради момчето што се дипишуваше на телефон. Постапка за којашто во еден момент помислив дека е безобразно однесување, но бргу сфатив дека се излажав. Тој фотографираше и му пренесуваше некому пораки за тоа што се случува на промоцијата.

Има надеж и заради долгата колона читатели, сите со најновиот роман на Господинов во рацете, во желба да добијат посвета и тие триесеттина секунди да „скршат“ два-три збора со писателот…

Одамна немало таков амбиент и такво настроение на еден културен настан. Има надеж.

Авторот на овие редови има долго паметење и исто толку стаж низ културните институции и настани во земјата и се сеќава колку страшна беше глетката за време на транзицијата кога први на удар беа токму овие институции и оваа дејност. Една по друга згаснуваа издавачките куќи пред налетот на транзицискиот ветер кој оставаше зад себе духовен пустош. Една по една некогашните книжарници се претвораа во ресторани или коцкарници, во театрите и галериите се распаѓаа ионака дотраената опрема…

Но, тука беше, трпелив и голем, ентузијазмот на новите деца, нашите докихотовци кои се бореа со ветерници, ама останаа доследни на својата љубов кон – книгата, се разбира. И ја „воскреснаа“.

И не само тоа, им дадоа полет и ги извадија на сцената, и на нашата, и на европската, нашите писатели од современата генерација како Румена Бужаровска, Кица Колбе, Гоце Смилевски, Фросина Пармаковска, Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Оливера Ќорвезировска, Петар Андоновски, Калина Малеска, Симона Јованоска… и уште многу други кои ги молам да ми простат што не ги спомнувам.

Сите тие се новиот бран на македонската книжевност. Книжевност исполнета со дела кои без ниту најмал комплекс се еднакви според вредностите со делата на нивните колеги од Европа.

И сите тие, освен заради нивните лични заслуги и таленти, се дел од надежта која видовме дека ја има на книжевната вечер за паметење.

Tags: Бугаријалитератураписателпромоцијароман
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ