• Latest

Интервју со Деспотовски: Двојно повеќе странски инвестиции и нови вработувања споредбено со лани

December 8, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Деспотовски: Двојно повеќе странски инвестиции и нови вработувања споредбено со лани

December 8, 2022 15:53
in ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Директните странски инвестиции (ДСИ) само оваа година изнесуваат 450 милиони евра, вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во интервју за Фронтлајн, „или повеќе од двојно споредено со лани“.

Со тоа 2022 е најдобра во историјата на постоењето на Слободните трговски зони, вели Деспотовски. Оваа сума од 450 милиони евра постигнати за една година, е половината од сè што е остварено за цела една декада од работата на зоните.

При тоа, нагласува Деспотовски, претежно неколку компании со своите големи инвестиции се конституенти на главницата од 450 милиони евра ДСИ.

Од нив една е компанијата Е.ГО со концептот на електрични возила во тетовската индустриска зона, која носи некаде 130 милиони евра, потоа германскиот фармацевтски гигант Гересахајмер со 200 милиони евра со двете фази, и ако ги сметаме и грчкиот Митилинеос со 200 милиони, кој стана и стратешки инвеститор, издвојува Деспотовски.

Јован Деспотовски / Фото: Дехран Муратов

„Но можам ексклузивно да најавам дека имаме предвид уште две големи компании со кои се преговара. Една од нив е американско-тајванска компанија која ќе тежи исто така околу 200 милиони. Дополнително разговараме со еден голем јапонски бренд кој исто така тежи 200 милиони евра, но кој својата одлука треба да ја донесе на почетокот на идната година. Сепак таму сме во конкуренција со повеќе држави од централна и источна Европа“ вели Деспотовски во интервјуто за Фронтлајн.

Компаративно гледано во однос на регионот, според директорот на зоните, можеме да се натпреваруваме само со Србија, додека во однос на останатите ние сме далеку пред нив или пак е неспоредливо во начинот на кои ние функционираме.

Јован Деспотовски / Фото: Дехран Муратов

За Деспотовски уште поважни од средствата што компаниите ги вложуваат во зоните се вработувањата.

„Во однос пак на вработувањата, за неполна година реализирани се 2.500 нови работни места што е пораст од 18 проценти. Или 3.500 за две години што е значително остварување.

За прв пат просечната плата во зоните е поголема од просечната во земјата и очекувам тој раст да продолжи. Ние уште на почетокот кога ја преземавме работата во зоните рековме дека синтагмата „евтина работна сила како мамка за привлекување странски инвестиции“ ја бришеме од кампањата“, потсетува Јован Деспотовски.

Јован Деспотовски / Фото: Дехран Муратов

Тој нагласува дека она што е ново, е што еден од условите кои им се поставува на странските инвеститори е при градбата на објектите да користат домашни изведувачи или добавувачи на материјали.

„Од регионот на југоисточна Европа најмногу инвестиции доаѓаат од Грција и една од придобивките е постигнатиот Преспански договор. Во прилог на ова е интересот искажан од компанијата Митиленеос, која е активна во областа на енергетиката и која неодамна доби статус на стратешки инвеститор од страна на Владата, како што претходно беше речено, станува збор за сериозно голема инвестиција која ќе придонесе во сегментот на производство на електрична енергија, што е многу важно во овој период на енергетска криза“, вели Деспотовски.

Освен Грција, Деспотовки ја издвојува и Турција и инвестицијата на компанијата Техно панел во ТИРЗ Скопје, која неодамна беше промовирана.

Љубиша Николовски

Камера и фото: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ