• Latest

Маричиќ: Напредокот кон ЕУ е загарантиран со ефикасна борба против корупцијата

December 9, 2022
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Маричиќ: Напредокот кон ЕУ е загарантиран со ефикасна борба против корупцијата

December 9, 2022 21:04
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Маричиќ, денес, по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата, во соработка со заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и евроамбасадорот Дејвид, организираа состанок со претставниците на сите институции кои се надлежни за борба против корупција.

-Борбата против организираниот криминал и напредокот на патот кон ЕУ се два меѓусебно поврзани процеси кои ја забрзуваат нашата евроинтеграција. Меѓународниот ден на борба против корупцијата оваа година го одбележавме како земја преговарач со ЕУ и земја која преку нов Акциски план во наредниот период се фокусира на негово доследно спроведување, за брзи резултати и исполнување на европските стандарди и принципи, истакна Маричиќ на состанокот.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ посочи дека владеењето на правото, независноста на правосудството, доследната и неселективна борба против криминалот и корупцијата, со широка и обврзувачка транспарентност, остануваат стратешки приоритет на оваа Влада, на патот кон ЕУ.

– Борбата против корупцијата и спроведувањето на антикорупциските политики и мерки е една од главните цели и приоритети на државата. Токму тоа ни беше целта кога во преговарачката структура ја воведовме и позицијата на Главен антикорупционер, одговорен за хоризонтална координација на сите политики од точка на борба против корупцијата и спречување судир на интереси, рече Маричиќ, додавајќи дека тоа е владиниот одговор и препознавање на важноста на оваа област за Европската унија.

Маричиќ на состанокот пред дипломатскиот и претставниците на институциите увери дека постои политичка волја и желба за справување со овој општествен феномен и дека неколку пати до сега го имаат докажано во меѓународни извештаи каде се бележи подобрување на позицијата на Северна Македонија во борбата против корупцијата.

– Најновиот индекс за перцепција за корупцијата за 2021 година на „Транспаренси интернешнл“ нотираше подобрена позиција на земјата во однос на претходната година – 87 место, за разлика од извештајот од 2020 година кога беше на 111. Северна Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држави според „Индексот на владеење на правото“ на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место, потенцираше Маричиќ.

За него овие извештаи се доказ за вистински промени, напредок и искрена намера која ја имаат во пристапот кон борбата со корупцијата, но не е доволно.

– Пред нас е голем предизвик за успешно да ги затвориме преговорите со ЕУ, за кој ни е потребен реформски евроентузијазам. Затоа корупцијата треба да ја гледаме како точка на обединување на секој еден граѓанин и секоја институција, со пристап кој ќе биде инклузивен во нејзино искоренување, порача Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ брифираше дека на билатералниот скрининг за Кластер I „Фундаментални вредности“, било забележано од страна на Европската комисија дека треба да се продолжи со напорите за борбата против корупцијата, да се спроведуваат и имплементираат препораките на ГРЕКО и секако да се доделат доволни ресурси на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се обезбеди ефективна одговорност за предметите на корупција на високо ниво.

Дополнително на скринингот биле поздравени активностите кои веќе се преземаат, а се во насока на зајакнување на статистиките во борбата против корупција иако имавме забелешка во рамки на Поглавјето 24 за бројот на реализирани активности во областа.

На состанокот присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претседателката на Комисијата за политички прашања Соња Мираковска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, претседателката на Судскиот Совет Весна Данева и дел од дипломатскиот кор во земјава.

 

Tags: антикорупцијаБојан МаричиќЕУинтеграции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ