• Latest

Петровска: Остануваме посветени на унапредувањето на условите за работа и стандардот на припадниците на Армијата

December 15, 2022
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Остануваме посветени на унапредувањето на условите за работа и стандардот на припадниците на Армијата

December 15, 2022 14:30
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во придружба на началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Кичево ги посетија припадниците на четвртиот пешадиски баталјон на првата бригада и единицата за логистичка поддршка, сместени во касарната „Чеде Филиповски – Даме“, информираат од МО.

Петровска беше информирана за активностите на армиските припадници во оваа касарна, како и за успешната реализација на теренската вежба која се одржа во јуни, чија цел е подготовка на армиските припадници за учеството во борбената група на Европската Унија, HELBROC 23/1. Припадниците на четвртиот пешадиски баталјон минатиот месец успешно ја завршија и вежбата „Талос-2“ во Грција, каде покажаа дека се оперативно подготвени согласно стандардите за учество во вежбата Immediate Response 23 на Криволак, како и  во мисијата предводена од Европската Унија, кои ќе се одржат во 2023 година.

Министерката Петровска порача дека Министерството останува посветено на унапредувањето на условите за работа и стандардот на припадниците на Армијата, факт кој може да се види преку последните измени во Законот за служба во Армијата со кои се предвидуваат голем број поволности за припадниците на Армијата.

Петровска истакна дека процесот на модернизација и опремување тече согласно предвидената динамика и дека армиските припадници со нивното место во општеството и довербата која ја имаат кај граѓаните тоа го заслужуваат.

Министерката упати честитки до припадниците за досегашниот придонес во мировните мисии ИСАФ, „Одлучна поддршка“, АЛТЕА, УНИФИЛ и КФОР, за нивниот континуиран придонес кон глобалната и регионалната безбедност и стабилност.

Во моментов припадници од овој баталјон заедно со припадници од артилерискиот баталјон реализираат подготвителна обука за следната ротација во мисијата КФОР.

За време на посетата, министерката Петровска и началникот на Генералштабот, Ѓурчиновски беа придружувани од командантите на Оперативната команда и на 1. пешадиска бригада, генералите Бесник Емини и Сашко Лафчиски.

Tags: Армијаинтеграцииминистеркаодбрана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ