• Latest

Продолжуваат барикадите на северот на Косово, КФОР најави редовни воени вежби

December 19, 2022
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Продолжуваат барикадите на северот на Косово, КФОР најави редовни воени вежби

December 19, 2022 12:31
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, РЕГИОН, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мировните сили на НАТО го зголемија своето присуство на северот на Косово. Но, причина за ова не е само продолжувањето на блокадата на главните патишта организирана од локалните Срби. Значителниот пораст на трупите на КФОР дојде откако групи од Србија одржаа протести на српската страна од границата со Косово во Јариње и се обидоа да влезат во Косово, но беа спречени од српската полиција. Протестот беше организиран од десничарски групи од Србија.

КФОР повикува да се прекине со провокациите

„По координација со сите страни, КФОР го зголеми своето присуство во Јариње од безбедносни причини. Ова зголемување доаѓа како резултат на можното присуство на организирани криминални групи во демонстрантите“, велат од КФОР. Понатаму нагласуваат дека  секогаш е важно сите лица кои учествуваат во протест да го изразат своето мислење на мирен начин, избегнувајќи непропорционално насилство, агресивни ставови и однесувања кои може да бидат погрешно сфатени и се перципираат како провокација или непотребно насилство.

Since October we’ve been reinforcing our presence, including with additional troops & patrols in northern Kosovo this week. We expect all actors to closely coordinate with @NATO_KFOR & refrain from provocative shows of force, to ensure the safety and security of all communities. pic.twitter.com/BnrbSWYI5d

— @NATO – KFOR (@NATO_KFOR) December 16, 2022


Од КФОР велат дека се целосно фокусирани на секојдневното спроведување на својот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, да обезбедат безбедна средина за гарантирање и слобода на движење, во корист на сите заедници кои живеат на Косово.

Мировните сили на КФОР најавија и дека во наредните денови ќе вршат редовни воени вежби во близина на базата во Новосело на север.

„Вежбите имаат за цел да ги обучат единиците на КФОР да гарантираат слобода на движење во време на криза и се состојат од серија тактички симулации и логистички активности, вклучувајќи тешка опрема и хеликоптери“.

#KFOR Mission in the next days will conduct a regular military exercise near its base in Novo Selo.
The exercise aims to train KFOR units to guarantee freedom of movement in a crisis response situation & it will consist in a series of tactical simulations & logistic activities. pic.twitter.com/N4J291wAUD

— @NATO – KFOR (@NATO_KFOR) December 18, 2022


Најавата на КФОР за овие вежби на северот на Косово доаѓа во време кога косовските власти бараат отстранување на барикадите поставени од локалните Срби на северот на Косово кои ја попречуваат слободата на движење. Барикадите беа поставени пред десетина дена во овој дел на Косово, во знак на незадоволство од апсењето на поранешниот српски функсионер на косовската полиција, Дејан Пантиќ. Пантиќ е осомничен дека организирал „терористички напад“ врз канцелариите на Централната изборна комисија на северот на Косово.

Според демонстрантите, Србите на север се под голем притисок

Организаторите на протестот се со став дека „Србите на северот на Косово се под голем притисок”. Вака го цитираат медиумите  Дамњан Кнежевиќ, шеф на неофицијалната крајно десничарска група „Национална патрола” од Србија, група која го организираше протестот на српската страна на границата во Јариње.

„Сакавме да одиме до КФОР, таму ќе ни се приклучија и други лица за да му кажеме на КФОР да си оди одовде, бидејќи немат што да барат тука. Ова е наша земја и не се согласуваме со овие административни премини“, изјави Кнежевиќ.

Десничарските екстремисти ги повикаа приврзаниците од Србија, Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина да им се придружат во близина на Јариње.

Реакции од Косово

Министерот за внатрешни работи во владата на Косово, Џелал Свечла, по протестот на српската страна на границата во Јариње изјави дека  хибридната војна во Косово е на високо ниво.

„Денеска на спрската страна од границара имаше епизода на високо ниво од српско-руската хибридна војна против Косово“. Истите недржавни актери, но кои и режимот во Белград и тој во Москва, претставен од Дамњан Кнежевиќ (соработник на злогласната руска паравоена организација Вагнер), ги користи за да го пробие овој граничен премин. Во последните неколку дена, други државни и недржавни актери на овие две земји, кои се единствените од Втората светска војна, кои започнаа војни во Европа, влегоа на територијата на Косово и се уште се тука“, напиша министерот Свечла.

Целта на маскираните и забарикадираните вооружени лица е да го нарушат суверенитетот на Косово, поттикнувајќи агресивни провокации, нагласи косовскиот министер за внатрешни работи. Според Свечла, косовската полиција е способна и има капацитет да се справи со криминалните структури.

Н. Абдурахмани 

 

 

Tags: КосовоНАТО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ