Мировните сили на НАТО го зголемија своето присуство на северот на Косово. Но, причина за ова не е само продолжувањето на блокадата на главните патишта организирана од локалните Срби. Значителниот пораст на трупите на КФОР дојде откако групи од Србија одржаа протести на српската страна од границата со Косово во Јариње и се обидоа да влезат во Косово, но беа спречени од српската полиција. Протестот беше организиран од десничарски групи од Србија.
КФОР повикува да се прекине со провокациите
„По координација со сите страни, КФОР го зголеми своето присуство во Јариње од безбедносни причини. Ова зголемување доаѓа како резултат на можното присуство на организирани криминални групи во демонстрантите“, велат од КФОР. Понатаму нагласуваат дека секогаш е важно сите лица кои учествуваат во протест да го изразат своето мислење на мирен начин, избегнувајќи непропорционално насилство, агресивни ставови и однесувања кои може да бидат погрешно сфатени и се перципираат како провокација или непотребно насилство.
Since October we’ve been reinforcing our presence, including with additional troops & patrols in northern Kosovo this week. We expect all actors to closely coordinate with @NATO_KFOR & refrain from provocative shows of force, to ensure the safety and security of all communities. pic.twitter.com/BnrbSWYI5d
— @NATO – KFOR (@NATO_KFOR) December 16, 2022
Од КФОР велат дека се целосно фокусирани на секојдневното спроведување на својот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, да обезбедат безбедна средина за гарантирање и слобода на движење, во корист на сите заедници кои живеат на Косово.
Мировните сили на КФОР најавија и дека во наредните денови ќе вршат редовни воени вежби во близина на базата во Новосело на север.
„Вежбите имаат за цел да ги обучат единиците на КФОР да гарантираат слобода на движење во време на криза и се состојат од серија тактички симулации и логистички активности, вклучувајќи тешка опрема и хеликоптери“.
#KFOR Mission in the next days will conduct a regular military exercise near its base in Novo Selo.
The exercise aims to train KFOR units to guarantee freedom of movement in a crisis response situation & it will consist in a series of tactical simulations & logistic activities. pic.twitter.com/N4J291wAUD— @NATO – KFOR (@NATO_KFOR) December 18, 2022
Најавата на КФОР за овие вежби на северот на Косово доаѓа во време кога косовските власти бараат отстранување на барикадите поставени од локалните Срби на северот на Косово кои ја попречуваат слободата на движење. Барикадите беа поставени пред десетина дена во овој дел на Косово, во знак на незадоволство од апсењето на поранешниот српски функсионер на косовската полиција, Дејан Пантиќ. Пантиќ е осомничен дека организирал „терористички напад“ врз канцелариите на Централната изборна комисија на северот на Косово.
Според демонстрантите, Србите на север се под голем притисок
Организаторите на протестот се со став дека „Србите на северот на Косово се под голем притисок”. Вака го цитираат медиумите Дамњан Кнежевиќ, шеф на неофицијалната крајно десничарска група „Национална патрола” од Србија, група која го организираше протестот на српската страна на границата во Јариње.
„Сакавме да одиме до КФОР, таму ќе ни се приклучија и други лица за да му кажеме на КФОР да си оди одовде, бидејќи немат што да барат тука. Ова е наша земја и не се согласуваме со овие административни премини“, изјави Кнежевиќ.
Десничарските екстремисти ги повикаа приврзаниците од Србија, Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина да им се придружат во близина на Јариње.
Реакции од Косово
Министерот за внатрешни работи во владата на Косово, Џелал Свечла, по протестот на српската страна на границата во Јариње изјави дека хибридната војна во Косово е на високо ниво.
„Денеска на спрската страна од границара имаше епизода на високо ниво од српско-руската хибридна војна против Косово“. Истите недржавни актери, но кои и режимот во Белград и тој во Москва, претставен од Дамњан Кнежевиќ (соработник на злогласната руска паравоена организација Вагнер), ги користи за да го пробие овој граничен премин. Во последните неколку дена, други државни и недржавни актери на овие две земји, кои се единствените од Втората светска војна, кои започнаа војни во Европа, влегоа на територијата на Косово и се уште се тука“, напиша министерот Свечла.
Целта на маскираните и забарикадираните вооружени лица е да го нарушат суверенитетот на Косово, поттикнувајќи агресивни провокации, нагласи косовскиот министер за внатрешни работи. Според Свечла, косовската полиција е способна и има капацитет да се справи со криминалните структури.
Н. Абдурахмани